17 март 2017

Стручен испит за добивање на дозвола за оружје за кандидати кои практично се оспособиле во “Таргетс“ ДООЕЛ Скопје

  Согласно законските надлежности и обврски, Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека, Комисијата за полагање на стручен испит за располагање со техничко знаење за правилна употреба, чување и одржување на оружјето и познавање на прописите за оружје при МВР, за кандидатите коишто практично се оспособиле во Друштвото за трговија и услуги “Таргетс“ ДООЕЛ Скопје, на 23.03.2017 годинава во 16 часот во просториите на испитниот центар “АССЕКО“ (на ул. “Христо Смирненски“ бр.30) во Скопје, ќе го спроведе стручниот испит за располагање со техничко знаење за правилна употреба, чување и одржување на оружјето и познавање на прописите за оружје.