Проекти и кампањи

ПОЛИЦИЈА БЛИСКУ ДО НАРОДОТ

Во текот на 2010 година Одделението за превенција во соработка со хуманитарната организација „Самаританска торба“ продолжи со активности поврзани со проектот „Полиција блиску до народот“ кој се реализираше во 10 основни училишта во Скопје и неговата околина со учениците од 1 до 8 одделение. За  реализација на проектот од страна на хуманитарната организација беа обезбедени новогодишни пакетчиња за учениците, а во неколку  училиштата пред учениците беше презентиран дел од  опремата и средствата кои ги користи полицијата во своето работење.