13 септември 2015

Дисциплински мерки за 14 вработени во МВР

  Во текот на изминатиот период, по спроведена дисциплинска постапка, донесени се 14 решени ја против 14 вработен и во Министерството поради сторени повреди во работењето, согласно одредбите од член 206 став 1 точка  2 , член 207 став 1 точка   1,2,5,8,9 и 12, и член 208 став 1 точки  10, 14, и 20 од Колективниот договор на МВР. Притоа, на 12 вработен и изречена им е мерка  – „парична казна ”, на еден вработен, мерка – „писмено предупредување“ и на еден  вработен , мерка - “запирање на постапка “ ,   а станува збор за:

Полицаец во ПС за ГП Ќафасан, РЦ за ГР-Запад, изречена му е мерка „парична казна“ во висина од 15% од месечната плата за шест месеци (евидентирал возило со употреба на документи кои не одговараат на возилото кое се јавило на „излез“ од РМ);

Полицаец во ПСОН-Струга, СВР-Охрид, изречена му е мерка „парична казна“ во висина од 15% од месечната плата за шест месеци (со физички напад го нарушил ЈРМ);

Полицаец во ПК-Пехчево, СВР-Штип, изречена му е мерка „парична казна“ во висина од 10% од месечната плата за два месеци (го напуштил работното место без да го извести дежурниот полицаец);

Полицаец во ПК-Пехчево, СВР-Штип, изречена му е мерка „парична казна“ во висина од 10% од месечната плата за два месеци (го напуштил работното место без да го извести дежурниот полицаец);

Полицаец во ПСОН-Штип, СВР-Штип, изречена му е мерка „парична казна“ во висина од 15% од месечната плата за три месеци (го напуштил работното место без одобрение на старешина);

Полицаец во ПСОН-Штип, СВР-Штип, изречена му е мерка „запирање на постапката“(неутврдена одговорност);

Полицаец во увидна група во ПО за БПС Валандово, СВР Струмица, изречена му е мерка „парична казна“ во висина од 15% од месечната плата за еден месец (неоправдано го напуштил теренот на кој бил предвиде за вршење мотопатролна служба);

Помошник дежуренво ПС од ОН Ресен, СВР Битола, изречена му е мерка „парична казна“ во висина од 10% од месечната плата за еден месец (Го злоупотребил службеното возило за цели надвор од предвидените со работни задолженија);

Помошник дежурен во ПС од ОН Дебар, СВР Охрид, изречена му е мерка „парична казна“ во висина од 15% од месечната плата за два месеци (Насилнички се однесувал кон друг полициски службеник);

полицаец во ПС од ОН Дебар, СВР Охрид, изречена му е мерка „писмено предупредување“ (Насилнички се однесувал кон друг полициски службеник);

Полицаец ПС за ГН Франгово, РЦ за ГР Запад, изречена му е мерка „парична казна“ во висина од 15% од месечната плата за шест месеци (Побарал противуслуга од лице кое не го санкционирал за сторен сообраќаен прекршок);