22 февруари 2010

Контроли на СВКПС

Секторот за внатрешна контрола и професионални стандарди, согласно наредбите од министерот за внатрешни работи, а по претходно изготвен оперативен план, во текот на минатата недела изврши контроли во Секторите за внатрешни работи како и во полициските станици за надворешно обезбедување на објекти и обезбедување на ДКП. Притоа, целта на контролата беше: утврдување на  алкохолизираност на полициските службеници; почитување на работното време согласно дневниот распоред за работа; почитување на наредбата за користење на службени моторни возила; увид на извршување на поставените задачи на полициски службеници на терен согласно наредбата за вршење на служба; како и почитување на член 128 став 3 од Законот за внатрешни работи, кои се однесува на службени простории и моторни возила.

Во рамките на осумте Сектори за внатрешни работи контроли беа извршени во повеќе полициски станици и организациони единици. Притоа не се констатирани значајни пропусти во работењето, односно полициските работници го почитувале работното време согласно дневниот распоред за работа, а службените моторни возила се користат според наредбата од министерот. Исто така, од извршениот увид во реализацијата на поставените задачи на полициските службеници на терен согласно наредбата за вршење на служба, не е константиран пропуст, и во целост се почитуваат членот 128 став 3 од Законот за внатрешни работи и постапката со повикани, приведени и задржани лица во полициските станици, предвидени во стандардните оперативни процедури.

Покрај ова направени се 293 алко-тестови на полициски службеници пришто само кај единаесетмина полициски службеници било регистрирано присуство на алкохол во крвта за што ќе следаат соодветни санкции согласно одредбите од Колективниот договор на МВР.