22 ноември 2009

Санкционирани 32 полициски службеника

Во текот на изминатите две недели по спроведена дисциплинска постапка, донесени се 32 решенија против 32 вработени во Министерството поради сторени повреди во работењето, согласно одредбите по член 133 став 1 точка 10 и по член 134 став 1 точка 4, 7 и 8 од Колективниот договор на МВР.

 

На вработениот С.Л., полициски службеник во полициска станица при СВР Битола изречен му е отказ на договорот согласно член 141 став 15 од Законот за внатрешни работи (изршил дејствие што претставува кривично дело, односно одгледувал дрога-марихуана).

 

На 29 вработени изречена им е мерка парична казна заради пречекорување на службените овластувања согласно одредбите по член 134 став 1 точка 4, 7 и 8, а се работи за:

 

Б.Х., командир на полициска станица при РЦ за ГР „Исток“, изречена му парична казна во износ од 15% од месечната плата во наредните два месеци (спречил да се преземат конкретни мерки од страна на полициски службеници во врска со констатиран прекршок);

 

Д.Д., помошник командир во полициска станица при СВР Охрид, изречена му е парична казна во износ од 10% од месечната плата во наредните два месеци (не презел мерки за да прекине нарушување на јавниот ред и мир);

 

В.А., полициски службеник во полициска станица при СВР Охрид, изречена му е парична казна во износ од 15% од месечната плата во наредните шест месеци (во повеќе наврати задоцнил на работа и не постапувал по наредба од претпоставениот старешина);

 

М.Ч., полициски службеник во полициска станица при СВР Охрид, изречена му е парична казна во износ од 15% од месечната плата во наредните четири месеци (не презел мерки да се најдат лица-нарушители на јавниот ред и мир);

 

И.Т. и Б.Б., полициски службеници во полициска станица при СВР Струмица, изречени им се парични казни во износ од 10% од месечните плати во наредните два месеци (не им помогнале на колегите при спречување на нарушен јавен ред и мир);

 

Т.С., полициски службеник во полициски одделение при СВР Велес, изречена му е парична казна во износ од 15% од месечната плата во наредните три месеци (употребил физичка сила над лице);

 

Б.А., полициски службеник во полициска станица при СВР Скопје, изречена му е парична казна во износ од 15% од месечната плата во наредните шест месеци (во повеќе наврати задоцнил на работа);

 

Н.А., М.Б. и А.Д., полициски службеници во полициска станица при СВР Скопје, изречени им се парични казни во износ од 15% од месечните плати во наредните шест месеци (не изготвиле службена белешка во врска со настан);

 

Н.Ш., Л.Ќ. и С.Т., полициски службеници во полициско одделение при СВР Скопје, изречени им се парични казни во износ од 15% од месечните плати во наредните четири месеци (спиеле за време на работа);

 

Д.А., полициски службеник во полициска станица при СВР Штип и Ѓ.К., полициски службеник во полициска станица при СВР Скопје, изречени им се парични казни во износ од 15% во наредните три месеци (употребувале и биле под дејство на алкохол за време на работа);

 

Ѓ.М., началник на отсек при РЦ за ГР „Исток“, изречена му е парична казна во износ од 15% од месечната плата во наредните три месеци (предизвикал материјална штета на службено возило и без дозвола од претпоставениот го поправил истото);

 

Т.Т., полициски службеник во полициско одделение при СВР Скопје, изречена му е парична казна во износ од 10% од месечната плата во наредните пет месеци (со службено возило самоволно го напуштил станичното подрачје и се упатил на друго станично подрачје) и

 

Е.М. и Ј.Н., полициски службеници во полициско одделение при СВР Тетово, изречени им се парични казни во износ од 15% од месечните плати во наредните шест месеци (побарале поткуп во врска со вршење на службено дејствие).

 

Г.И., водич на безбедносен реон во полициско одделение при СВР Битола, изречена му парична казна во износ од 15% од месечната плата во наредните два месеци (издал наредба да се приведе лице без судски налог);

 

С.М., полициски службеник во полициска станица при РЦ за ГР „Запад“, изречена му е парична казна во износ од 15% од месечната плата во наредните шест месеци (упатил навредливи зборови кон колеги);

 

М.С., З.Ц. и З.Д., полициски службеници во полициска станица при РЦ за ГР „Север“, изречени им се парични казни во износ од 15% од месечните плати во наредните шест месеци (го нарушиле јавниот ред и мир во манастирски комплекс);

 

Л.Х., полициски службеник во полициска станица при СВР Тетово, изречена му е парична казна во износ од 15% од месечната плата во наредните шест месеци (ја поминал наплатната рампа со службена легитимација);

 

С.К., полициски службеник во полициска станица при СВР Струмица, изречена му е парична казна во износ од 15% од месечната плата во наредните шест месеци (бил под дејство на алкохол за време на работа);

 

Р.Г., комесар за криминалистички работи во СВР Велес,  изречена му е еднократна парична казна во износ од 15% од месечната плата (издал наредба да се врати привремено одземен предмет на пријавител без притоа да утврди дополнителни проверки)и

 

Д.Н., полициски службеник во полициска станица при СВР Велес, изречена му е парична казна во износ од 15% од месечната плата во наредните два месеци (постапил по наредба и вратил привремено одземен предмет на пријавител без притоа да утврди дополнителни проверки).

 

Од страна на Министерството се донесени решенија против вработениот  Г.Ѓ., полициски службеник во полициска станица при РЦ за ГР „Север“ со кое постапката покрената против истиот се запира, бидејќи е констатирано дека нема повреда на член од Колективниот договор и за вработениот Д.Е., командир на полициска станица при СВР Струмица, со кое се распоредува два степена пониско од работното место на кое во моментот е распореден, бидејќи му упатил дрски и навредливи зборови на началникот