26.07.2015 СВКПС

Дисциплински мерки за 12 вработени во МВР

 Во текот на изминатиот период, по спроведена дисциплинска постапка, донесени се 12 решенија против 12 вработени во Министерството поради сторени повреди во работењето, согласно одредбите од член 206 став 1 точки  2 и 3, член 207 став 1 точка  1,2, 8, и 15, и член 208 став 1 точки  1, 3, 10, 11 и 20 од Колективниот договор на МВР. Притоа, на седум вработени изречена им е мерка  – „парична казна”, на еден вработен, мерка – „писмено предупредување“, на еден вработен, мерка – „распоредување“ и на тројца вработени, мерка - “отказ, а станува збор за:

 

Полицаец за БПС во Одделение за БПС, СВР Скопје, изречена му е мерка „парична казна“ во висина од 15% од месечната плата за еден месец (при преземање мерки со потврда за одземање возачка дозвола одземал возачка дозвола, но направил превид и истата по грешка ја вратил на лицето);

Полицаец за БПС во Одделение за БПС,СВР Скопје, изречена му е мерка „парична казна“ во висина од 15% од месечната плата за еден месец (при преземање мерки со потврда за одземање возачка дозвола одземал возачка дозвола, но направил превид и истата по грешка ја вратил на лицето);

Полицаец за БПС во ПС за БПС Петровец, изречена му е мерка „парична казна“ во висина од 15% од месечната плата за три месеци (спиел во службено возило);

Полицаец во ПС ОН Куманово, СВР Куманово, изречена му е мерка „парична казна“ во висина од 10% од месечната плата за четири месеци (употребил исправа со невистинита содржина);

Полицаец за БПС во Одделение за БПС, СВР Скопје, изречена му е мерка „парична казна“ во висина од 15% од месечната плата за шест месеци (не дошол на работа и не го оправдал своето отсуство);

Полицаец во ПО Чашка,  СВР Велес,изречена му е мерка „парична казна“ во висина од 10% од месечната плата за еден месец  (спиел на работното место);

Главен инспектор за ЈРМ во Одделение за полиција, СВР Велес, изречена му е мерка „распоредување на работно место во едно ниво пониско од работното место на кое дотогаш работел работникот“ (ја злоупотребил службената положба и овластување на начин што спречил спроведување на 9 барања за поведување на прекршочна постапка);

Самостоен инспектор - командир на возен парк во ЕБР, изречена му е мерка „парична казна“ во висина од 10% од месечната плата за три месеци (не ја почитувал хиерархиската поставеност при донесување на одлуки и издавање на наредби);

Полицаец за БПС во ПС за БПС Демир Капија, Единица за безбедност на патниот сообраќај на автопат, изречена му е мерка „писмено предупредување“ (изрекол глоба за сообраќаен прекршок и внел погрешна сума во платниот налог за истиот);

Полицаец за БПСвоПСза БПС Штип, СВР Штип, изречена му е мерка „отказ“(не дошол на работа и не го оправдал своето отсуство три последователни работни дена);

Раководител на сменаво ПС за ГП и ГН Пелинце, РЦ за ГР Север, изречена му е мерка „отказ“ (сторил кривично дело);

Полицаец во ПС за ГН Сопот, РЦ за ГР Север, изречена му е мерка „отказ“ (сторил кривично дело);