Проекти и кампањи

11.06.2016

ЛЕТО БЕЗ ПОЖАРИ 2016

 Одделението за превенција во СВР Скопје, започнa со реализација на Кампањата ,,Лето без пожари“, чија основна цел е превентивно делување во насока на намалување на бројот на предизвикани пожари од невнимание од страна на граѓаните, преку подигање на свеста во однос на заштита и зачувување на зелените и шумските површини, како и подобрување на личната и севкупната безбедност на граѓаните.

Праксата покажува  дека преземањето на проактивни превентивни мерки останува неопходно и понатаму, особено во летниот период како најризичен за појава на пожари во големи размери.