21 јуни 2015

Изминатата недела донесени се 18 дисциплински мерки

  Во текот на минатата недела, по спроведена дисциплинска постапка, донесени се 18 решени ја против 18 вработен и во Министерството поради сторени повреди во работењето, согласно одредбите од член 206 став 1 точки  2, 3, 4, 5, 7 и 10 и член 207 став 1 точка 8 од Колективниот договор на МВР. Притоа, на 1 2 вработен и изречена им е мерка  – „ парична казна ”, на двајца вработен и мерка - “ запирање на постапката “ , на тројца вработени изречена им е мерка „писмено предупредување“ и на еден вработен изречена му е мерка „отказ“, а станува збор за:

  • Документарист за евидентирање на покани за глоба, Одделение за прекршоци, СВР Скопје, изречена му е мерка „парична казна“ во висина од 15% од месечната плата за еден месец (за два дена не доставил документ за оправдано отсуство-боледување и за отсуството не го известил раководителот);
  • Полицаец во ПС ОН Велес, СВР Велес, изречена му е мерка „писмено предупредување“ (вршел обезбедување без формациско оружје и панцир);
  • Полицаец во ПС за ГП Табановце, РЦ за ГР Север, изречена му е мерка „парична казна“ во висина од 15% од месечната плата за еден месец (непристојно и дрско се однесувал кон хиерархиски надреден работник);
  • Полицаец во ПС за ГП Табановце, РЦ за ГР Север, изречена му е мерка „парична казна“ во висина од 15% од месечната плата за еден месец (дозволил влез во РМ на албански државјанин кој управувал ПМВ со италијански регистарски ознаки, без да утврди дали поседува одобрение за управување со туѓо ПМВ);
  • Полицаец во ПС ОН Велес, СВР Велес, изречена му е мерка „писмено предупредување“ (вршел обезбедување без формациско оружје и панцир);
  • Полицаец за БПС во Одделение за БПС, Единица за патниот сообраќај, СВР Скопје, изречена му е мерка „запирање на постапка“ (нема повреда);
  • Полицаец ПС од ОН Кочани, СВР Штип, изречена му е мерка „парична казна“ во висина од 15% од месечната плата за шест месеци (Без одобрение на непосреден старешина порано се повлекол од терен и бил затекнат како спиел во полициска станица);
  • Полицаец ПС од ОН Кочани, СВР Штип, изречена му е мерка „парична казна“ во висина од 15% од месечната плата за шест месеци (Без одобрение на непосреден старешина порано се повлекол од терен и бил затекнат како спиел во полициска станица);
  • Полицаец ПС од ОН Кочани, СВР Штип, изречена му е мерка „писмено предупредување“ (Без одобрение на непосреден старешина порано се повлекол од терен);
  • Документарист ПС од ОН Кичево, СВР Охрид, изречена му е мерка „парична казна“ во висина од 15% од месечната плата за еден месец (Не бил затекнат на работното место);
  • Полицаец ПО Камењане, ПС од ОН Тетово, СВР Тетово, изречена му е мерка „отказ“ (Не дошол на работа три последователни работни дена и не го оправдал своето отсуство);
  • Помошник дежурен ПС од ОН Крушево, СВР Битола, изречена му е мерка „парична казна“ во висина од 10% од месечната плата за два месеци (Не превземал службени мерки и дејствија за расчистување на пријавен настан);
  • Помошник дежурен ПС од ОН Крушево, СВР Битола, изречена му е мерка „парична казна“ во висина од 10% од месечната плата за два месеци (Не превземал службени мерки и дејствија за расчистување на пријавен настан);
  • Помошник командир во МПС Ростуше-Жировница, РЦ за ГР Запад, изречена му е мерка „запирање на постапка“ (нема повреда);
  • Полицаец-водич на службено куче во ПС за ГП и ГН Белановце, РЦ за ГР Север, изречена му е мерка „парична казна“ во висина од 15% од месечната плата за еден месец (своето формациско оружје не го оддржувал чисто и подмачкано);
  • Полицаец во во ПС за ГП и ГН Белановце, РЦ за ГР Север, изречена му е мерка „парична казна“ во висина од 15% од месечната плата за еден месец (своето формациско оружје не го оддржувал чисто и подмачкано);
  • Полицаец во ПО Маврово, ПС од ОН Гостивар, Одделение за полиција, СВР Тетово, изречена му е мерка „парична казна“ во висина од 10% од месечната плата за еден месец (бил во полулегната состојба во службено возило со кое бил предвиден да врши служба);
  • Дежурен полицаец во ПО Маврово, ПС од ОН Гостивар, Одделение за полиција, СВР Тетово, изречена му е мерка „парична казна“ во висина од 10% од месечната плата за еден месец (бил во полулегната состојба во службено возило со кое бил предвиден да врши служба);