16 јуни 2015

Дисциплински мерки за 38 вработени во МВР

Во изминатиот период по спроведена дисциплинска постапка, донесени се 38 решенија против 38 вработени во Министерството поради сторени повреди во работењето, согласно одредбите од член 206 став 1 точки 2, 3 и 4 и член 207 став 1 и точки 8 од Колективниот договор на МВР. Притоа, на 17 вработени изречена им е мерка – „парична казна”, на 11 вработени мерка - “запирање на постапката“, на девет вработени изречена им е мерка „писмено предупредување“ и на еден вработен изречена му е мерка „распоредување“, а станува збор за:

  • Полицаец во ПС ОН Драчево, СВР Скопје, изречена му е мерка „запирање на постапка“ (неутврдена одговорност);
  • Полицаец во ПС ОН Делчево, СВР Штип, изречена му е мерка „парична казна“ во висина од 15% од месечната плата за три месеци (го напуштил работното место и не се јавувал на радио врска);
  • Полицаец во ПС ОН Делчево, СВР Штип, изречена му е мерка „парична казна“ во висина од 15% од месечната плата за три месеци (го напуштил работното место и не се јавувал на радио врска);
  • Полицаец во ПС ОН Делчево, СВР Штип, изречена му е мерка „парична казна“ во висина од 15% од месечната плата за три месеци (го напуштил работното место и не се јавувал на радио врска);
  • Дежурен во ПС ОН Кочани, СВР Штип, изречена му е мерка „парична казна“ во висина од 15% од месечната плата за еден месец (не го запознал сменоводителот дека групата за интервенција се повлекла во станица);
  • Полициски службеник за прифат-сменоводител во ПС ОН Кочани, СВР Штип, изречена му е мерка „писмено предупредување“ (не предупредил полицаец да продолжи со Наредба за вршење на служба);
  • Полицаец во ПС ОН Аеродром, СВР Скопје, изречена и е мерка „запирање на постапка“ (неутврдена одговорност);
  • Виш инспектор за прифат- сменоводител во ПСОН-Кисела Вода, СВР-Скопје, изречена му е мерка „парична казна“ во висина од 15% од месечната плата за шест месеци (му избегало приведено лице од ПС);
  • Водич на безбедносен реон во ПС ОН Штип, СВР Штип, изречена му е мерка „писмено предупредување“ (службен материјал за настан го изготвил на несоодветен образец и настанот не го завел во Книгата за дневни настани);
  • Помошник командир во ПС за ГП и ГН Џепиште, РЦ за ГР Запад, изречена му е мерка „парична казна“ во висина од 15% од месечната плата за четири месеци (не изготвил службен материјал за примена на полициски овластувања);
  • Раководител на смена во ПС за ГН Попова Шапка, РЦ за ГР Север, изречена му е мерка „запирање на постапка“ (неутврдена одговорност);
  • Полицаец во ПС за ГН Попова Шапка, РЦ за ГР Север, изречена му е мерка „запирање на постапка“ (неутврдена одговорност);
  • Началник на Одделение за обезбедување на странски делегации и манифестации, Сектор за обезбедување на личности при Одделот за обезбедување, изречена му е мерка „запирање на постапка“ (неутврдена одговорност);
  • Инспектор во Отсек за дефанзивно електротехничко обезбедување, Одделение за превентивно обезбедување, Сектор за превентивно обезбедување на личности и објекти при Одделот за обезбедување, изречена му е мерка „запирање на постапка“ (неутврдена одговорност);
  • Главен оперативен работник за ескортно обезбедување во на Одделение за обезбедување на странски делегации и манифестации, Сектор за обезбедување на личности при Одделот за обезбедување, изречена му е мерка „запирање на постапка“ (неутврдена одговорност);
  • Главен оперативен работник за ескортно обезбедување во на Одделение за обезбедување на странски делегации и манифестации, Сектор за обезбедување на личности при Одделот за обезбедување, изречена му е мерка „запирање на постапка“ (неутврдена одговорност);
  • Началник на Одделение за внатрешно обезбедување на резиденцијални објекти од државен интерес, Сектор за внатрешно обезбедување на објекти при Одделот за обезбедување, изречена му е мерка „запирање на постапка“ (неутврдена одговорност);
  • Главен дежурен во ПС ОН Тетово, СВР Тетово, изречена му е мерка „запирање на постапка“ (неутврдена одговорност);
  • Инспектор за прифат-сменоводител„ во ПС ОН Тетово, СВР Тетово, изречена му е мерка „парична казна“ во висина од 15% од месечната плата за еден месец (не презел потребни мерки и активности за расчистување на два пријавени случаи);
  • Полицаец во ПС за ГП Табановце, РЦ за ГР Север, изречена му е мерка „парична казна“ во висина од 15% од месечната плата за три месеци (дозволил излез од РМ на возило, управувано од хрватски државјанин, а кое возило од страна на Рента кар агенција било пријавено за украдено и бил приложен договор за изнајмување на возилото на име на друг хрватски државјанин);
  • Полицаец во ПС за ГП Табановце, РЦ за ГР Север, изречена му е мерка „парична казна“ во висина од 15% од месечната плата за три месеци (дозволил излез од РМ на возило, управувано од хрватски државјанин, а кое возило од страна на Рента кар агенција било пријавено за украдено и бил приложен договор за изнајмување на возилото на име на друг хрватски државјанин);
  • Полицаец во ПС ОН Куманово, СВР Куманово, изречена му е мерка „парична казна“ во висина од 15% од месечната плата за три месеци (не изготвил Записник за констатиран прекршок по член 13 од ЗППЈРМ и платен налог на лице кое го навредило);
  • Началник на Одделение за полиција Куманово, СВР Куманово, изречена му е мерка „парична казна“ во висина од 15% од месечната плата за четири месеци (одбил да изврши наредба од претпоставен старешина, недолично се однесувал спрема Комисијата за утврдување на дисциплинска постапка и не определил приоритет во работењето со оперативна информација);
  • Полицаец во ПС ОН Куманово, СВР Куманово, изречена му е мерка „писмено предупредување“(не изготвил Записник за констатиран прекршок по член 13 од ЗППЈРМ и платен налог на лице кое го навредило);
  • Советник за правни работи и човечки ресурси„ во Одделение за заеднички работи, СВР Куманово, изречена му е мерка „писмено предупредување“ (несовесно ги извршувал работните обврски);
  • Полицаец во ПК-Тополчани, ПСОН-Прилеп, СВР-Битола, изречена му е мерка „парична казна“ во висина од 10% од месечната плата за еден месец (не го почитувал работниот ред и дисциплина и предизвикувал неред и насилнички се однесувал за време на работа);
  • Водич на безбедносен реон во ПО Теарце, ПС од ОН Тетово, СВР Тетово, изречена му е мерка „парична казна“ во висина од 10% од месечната плата за еден месец (не се јавил на работа и не го оправдал своето отсуство);
  • Полицаец за патрола и интервенции во ПО Теарце, ПС од ОН Тетово, СВР Тетово, изречена му е мерка „парична казна“ во висина од 10% од месечната плата за еден месец (не се јавил на работа и не го оправдал своето отсуство);
  • Полициски службеник за прифат-сменоводител во ПС од ОН Кочани, СВР Штип, СВР Куманово, изречена му е мерка „писмено предупредување“(не носел униформа на работно место)
  • Полицаец во ПК Велушина, ПС ОН Битола, СВР Битола, изречена му е мерка „парична казна“ во висина од 15% од месечната плата за три месеци (вршел дополнителна стопанска дејност спротивно на Законот за внатрешни работи и Законот за полиција);
  • Водич на безбедносен реон„ во ПК Велушина, ПС ОН Битола, СВР Битола, СВР Куманово, изречена му е мерка „писмено предупредување“ (овозможил на полициски службеник да биде планиран на работа кога не вршел дополнителна стопанска дејност спротивно на Законот за внатрешни работи и Законот за полиција);
  • Помошник дежурен ПС од ОН Кочани, СВР Штип, СВР Куманово, изречена му е мерка „писмено предупредување“(Несовесно ги извршувал работните задачи);
  • Виш инспектор за општ криминалитет ООК, ОКП, СВР Битола, изречена му е мерка „парична казна“ во висина од 10% од месечната плата за еден месец (Одбил наредба од непосреден старешина);
  • Водич на безбедносен реон ПС од ОН Куманово, СВР Куманово, СВР Куманово, изречена му е мерка „писмено предупредување“(Не дал конкретни насоки за постапување на полициските службеници);
  • Главен инспектор-раководител ОКП, СВР Велес, СВР Куманово, изречена му е мерка „запирање на постапката“ (нема повреда);
  • Полицаец ПС за ГП и ГН Ново Село, РЦ за ГР Исток, СВР Куманово, изречена му е мерка „писмено предупредување“ (Направил техничка грешка при внесување на лица во системот за контрола на лица и возила);
  • Полицаец ПС за ГП и ГН Ново Село, РЦ за ГР Исток, изречена му е мерка „парична казна“ во висина од 15% од месечната плата за шест месеци (Во систем за контрола на патници и возила внел податоци на лица кои воопшто не биле предмет на гранична проверка);
  • Главен инспектор за ЈРМ Одделение за полиција, СВР Струмица, изречена му е мерка „распоредување“ (Го злоупотребил боледувањето);