24 мај 2015

Дисциплински мерки за 15 вработени во МВР

Во текот на минатата недела по спроведена дисциплинска постапка, донесени се 15 решенија против 15 вработени во Министерството поради сторени повреди во работењето, согласно одредбите од член 206 став 1 точки  2 и 4 и член 207 став 1  точки 8 и 15 од Колективниот договор на МВР. Притоа, на 12 вработени изречена им е мерка  – „парична казна”, на двајца вработени мерка - “запирање на постапката“, на еден вработен мерка – „писмено предупредување“, а станува збор за:
 
Полицаец за БПС ПО за БПС Крива Паланка, изречена му е мерка „парична казна“ во висина од 15% од месечната плата за еден месец  (Го нарушил ЈРМ со учество во тепачка);
 
Полицаец за БПС Одделение за БПС, СВР Скопје изречена му е мерка „парична казна“ во висина од 15% од месечната плата за шест месеци  (Постапувал спротивно на правилата и прописите на Министерството);
 
Полицаец ПС од ОН Ѓорче Петров, СВР Скопје изречена му е мерка „парична казна“ во висина од 15% од месечната плата за шест месеци  (Го нарушил ЈРМ со учество во тепачка);
 
Виш инспектор за превенција ПС од ОН Кратово, СВР Куманово изречена му е мерка „запирање на постапката“ (нема повреда);
 
Виш инспектор за економски криминалитет НК за КР Кратово, ОКП, СВР Куманово изречена му е мерка „запирање на постапката“ (нема повреда);
 
Полицаец во ПС од ОН Гази Баба, СВР Скопје изречена му е мерка „писмено предупредување“ (бил затекнат во полулежечка состојба на работното место и не ги отпоздравил старешините);
 
Полицаец за БПС во ПО за БПС, ПС од ОН Гостивар, СВР Тетово изречена му е мерка „парична казна“ во висина од 15% од месечната плата за три месеци  (бил затекнат како спие на работното место);
 
Полицаец за БПС во ПО за БПС, ПС од ОН Гостивар, СВР Тетово изречена му е мерка „парична казна“ во висина од 15% од месечната плата за три месеци  (бил затекнат како спие на работното место);
 
Полицаец во ПС од ОН Кисела Вода, СВР Скопје изречена му е мерка „парична казна“ во висина од 15% од месечната плата за еден месец  (наредбата за вршење на мотопатролна дејност не ја прочитал внимателно и со тоа не постапил по една од предвидените работни обврски)