Издавање на патна исправа за малолетни лица

ТЕЛЕФОНСКОТО ЗАКАЖУВАЊЕ ПРЕКУ БЕСПЛАТНИОТ ТЕЛЕФОНСКИ БРОЈ 0800 192 92 Е ЗАДОЛЖИТЕЛНО ЗА СИТЕ АПЛИКАНТИ-Скопје


Во останатите надлежни организациопни единици на МВР поднесување на барање за пасош и подигање на истиот се врши на шалтерите


Потребни документи за добивање на патна исправа за малолетни лица

- Барање за издавање на пасош, уредно и читко пополнето,
- Уплатница на жиро сметка во износ од 1.500,00 денари за  образецот на пасошот,
- Уплата за административна такса од 100,00 денари-на уплатница-за лица до 4 годишна возраст  
- Уплата за административна такса од 200,00 денари- на уплатница-за лица од 4 до 27 годишна возраст  
- По службена должност се прибавува препис од матичната книга на родените,

- Лична карта ( на родителот- подносител)
- Доколку родителското право го врши еден од родителите, барањето го поднесува родителот на кого лицето му е доверено на чување и воспитување со согласност и од другиот родител, и доколку е потребно надлежниот орган ќе побара мислење од Центар за социјална работа, (согласност од мајка/татко/старател), доколку е потребно се бара и доказ за старателство, за лице кое е под старателство  

НАПОМЕНИ:
    -За малолетно лице, односно лице кое е лишено од деловна способност, барањето за издавање на патна исправа или виза го поднесува еден од родителите, односно старателот.
- Кога барањето за издавање патна исправа за малолетно лице, односно лице кое е лишено од деловна способност, поднесува еден од родителите, службеното лице врши проверка на брачниот статус на подносителот во службените евиденции.
- Кога родителското право го врши еден од родителите, барањето за издавање на патна исправа или виза за лице помладо од 18 години го поднесува родителот на кого лицето му е доверено на чување и воспитување, со согласност и од другиот родител.

- Ако другиот родител на лицето од ставот 1 на овој член се противи на издавањето на патната исправа или виза, органот надлежен за издавање на патни исправи и визи постапува во согласност со Законот за семејство.                                                                                

- За лица до навршени 4 години живот пасошот се издава со рок на важење од две години. .



Стандард за доставување (Временски рок) најдоцна 15 дена