Издавање на патна исправа ако е пополнета или оштетена

ТЕЛЕФОНСКОТО ЗАКАЖУВАЊЕ ПРЕКУ БЕСПЛАТНИОТ ТЕЛЕФОНСКИ БРОЈ 0800 192 92 Е ЗАДОЛЖИТЕЛНО ЗА СИТЕ АПЛИКАНТИ СКОПЈЕ

Во останатите надлежни организациопни единици на МВР поднесување на барање за пасош и подигање на истиот се врши на шалтерите.

Потребни документи за издавање на патна исправа ако пасошот е попшолнет или оштетен

- Барање за издавање на пасош, уредно и читко пополнето;

- Лична карта, или друга јавна исправа од која може да се утврди идентитетот на подносителот на барањето, а за лица кои немаат живеалиште на територијата на Република Македонија се приложува лична карта издадена од надлежен орган на странска држава или друга јавна исправа од која може да се утврди нивниот идентитет.

- Уплатница на жиро сметка во износ од 1.500,оо денари за  образецот на пасошот

- Уплата за административна такса од 300,оо денари- на уплатница  за сите граѓани без оглед на возраста

- Стариот пасош на увид и поништување кај референтот,
- Согласност од надлежен инспектор,
- Изјава за причините за предвремена замена

НАПОМЕНА:
Барањето се поднесува лично



Стандард за доставување (Временски рок) 15 дена