Документи

Корисни информации за државјаните на Република Македонија кои живееат во странство

Согласно член 8 од Законот за пријавување на живеалиштето и престојувалиштето на граѓаните ,( Сл.весник на РМ 36/92)  „Граѓанинот кој има намера да престојува во странство подолго од три месеци должен е непосредно пред заминувањето да го пријави одењето во странство, односно во рок од три дена да го пријави враќањето во живеалиштето во Република Македонија“. Во случајот од став 1 на овој член граѓанинот е должен да ги пријави и малолетните деца кои патуваат со него.

 

Членот 9, пак предвидува дека при пријавувањето и одјавувањето на живеалиштето , односно престојувалиштето, МВР на лицето му издава потврда ( ова е вториот дел од пријавата која заверена и потпишана му се издава на граѓанинот). Образецот е пропишан со Правилникот за обрасците за пријавување и одјавување на живеалиште и престојувалиште, пријавување на промена на адреса на станот на граѓаните, за евиденција и за образецот на книгата за гости.

 

Секој раководител на смена има задолжено по сериски број картони и на барање на граѓаните им се дава пополнување

 

Образец број 5 е за граѓаните кои престојуваат во странство подолго од три месеци