Документи

Постапка за промена на личното име

  Барањето за промена на личното име се поднесува на шалтер односно канцеларија во подрачната единица на Министерството за внатрешни работи според живеалиштето на подносителот.


Кон барањето  се доставуваат следните докази:

- доказ за идентитет на подносителот (лична карта или патна исправа);

- уплатница за уредно наплатена административна такса во износ од 300.00 денари;

- согласност од малолетно дете за кое се бара промена на личното име доколку истото има наполнето 10 години;

- уредно полномошно доколку барањето за промена на личното име е поднесено преку полномошник;

- ако барањето за промена на личното име се однесува на малолетно дете барањето се поднесува од страна на двајцата родители, освен во случај на отсуство односно спреченост на едниот родител, кога може да се приложи изјава заверена на нотар или во дипломатско-конзуларните претставништва на Република Македонија во странство.

Документи кои треба да се достават:

- препис од Матична книга на родени заради обезбедување точни податоци односно споредување со евиденцијата на матичен број на подносителот на барањето (по службена должност).;

- уверение односно известување од надлежен суд дека за подносителот на барањето не се води кривична постапка за кривично дело за кое се гони по службена должност;

- уверение односно известување од надлежен центар за социјални работи дека подносителот на барањето ги има регулирано имотно-правни и други законски обврски што произлегуваат од брачниот однос и од односот на родители и деца кон лица кои живеат во Република Македонија (по службена должност).
           

Временски рок : 15 дена.