Издавање на патна исправа ако е изгубена или исчезната

ТЕЛЕФОНСКОТО ЗАКАЖУВАЊЕ ПРЕКУ БЕСПЛАТНИОТ ТЕЛЕФОНСКИ БРОЈ 0800 192 92 Е ЗАДОЛЖИТЕЛНО ЗА СИТЕ АПЛИКАНТИ 

Потребни документи:
   

- Барање за издавање на пасош, уредно и читко пополнето;

- Лична карта, или друга јавна исправа од која може да се утврди идентитетот на подносителот на барањето, а за лица кои немаат живеалиште на територијата на Република Македонија се приложува лична карта издадена од надлежен орган на странска држава или друга јавна исправа од која може да се утврди нивниот идентитет.

- уплатница на жиро сметка во износ од 1.500,00 денари за  образецот на пасошот ,

- Уплата за административна такса од 300,00 денари- на уплатница - за сите граѓани без оглед на возраста 

- согласност од надлежен инспектор,

- Писмена изјава за изгубен документ,

- Пријава од ПС за изгубен- украден документ

- доказ- потврда,дека изгубениот-исчезнатиот или украдениот документ е објавен во  Службен весник на РМ.  

НАПОМЕНА:
Барањето се поднесува лично

ПОСЕБНА НАПОМЕНА:
Во уплатницата делот означен со XXX се пополнува со кодот на Вашата општина.


Стандард за доставување (Временски рок)
15 дена, доколку не постојат законски и оперативни пречки;