Замена на возачка дозвола поради дотраеност или оштетеност

ТЕЛЕФОНСКОТО ЗАКАЖУВАЊЕ ПРЕКУ БЕСПЛАТНИОТ ТЕЛЕФОНСКИ БРОЈ 0800 192 92 Е ЗАДОЛЖИТЕЛНО ЗА СИТЕ АПЛИКАНТИ

ЗАМЕНА НА ВОЗАЧКА ДОЗВОЛА ПОРАДИ ДОТРАЕНОСТ ИЛИ ОШТЕТЕНОСТ
Барање за замена на возачка дозвола поради дотраеност или оштетеност се поднесува лично.
   
Барањето за замена на возачката дозвола поради дотраеност или оштетеност се подесува лично.  Кон барањето се приложува:

    * возачка дозвола
    * важечка лична карта на увид
    * уплатница 280,oo ден
    * Доколку возачката дозвола е во важност  уплатница од 110,oo ден, доколку е со истечена важност уплатница од 170,oo ден

 

НАПОМЕНА:  Со барaњето за возачка дозвола задолжително се поднесува и пријавата за издавање на возачка книшка за кое е потребно:

    * пријава за возачка книшка
    * уплатница од 100 ден
    * фотокопија од лична карта
    * фотокопија од возачка дозвола
    *  2 фотографии до димензија 3,5 X 4,5 смм

НАПОМЕНА:   Барањето за издавање возачка дозвола се поднесува до Министерството за внатрешни работи според местото на живеење.
   

СИТЕ ПРОМЕНИ МОРА ДА СЕ ПРИЈАВАТ ВО РОК 0Д 15 ДЕНА. АКО ВОЗАЧКАТА ДОЗВОЛА СЕ ЗАГУБИ ИЛИ ОШТЕТИ, СЕ ПОДНЕСУВА БАРАЊЕ ЗА ИЗДАВАЊЕ ДУПЛИКАТ ВОЗАЧКА ДОЗВОЛА ИЛИ ЗАМЕНА НА ОШТЕТЕНАТА ВОЗАЧКА ДОЗВОЛА.

Контакт информации
Ибраим Беќири  помошник министер во Оддел за граѓански работи   
         
Стандард за доставување (Временски рок)      
15 дена


НАПОМЕНА:Полињата во уплатницата означени со XXX се пополнуваат со кодот на Вашата општина.