Документи

Издавање одобренија за патување во странство на малолетни лица (до 14 години живот)

Издавање одобренија за патување во странство на малолетни лица (до 14 години живот)
1.  Ако  лицето до  14 години живот ( малолетно лице ) патува во странство или се враќа од странство во присуство на родител или старател не  е потребно да има одобрение за неговото патување.
2.  Ако  лицето  до  14 години живот (малолетно лице) патува во странство или се враќа од странство без присуство на родител или старател,потребно е да има одобрение за неговото  патување кое се издава врз основа на писмената согласност  од родителите односно старателот,дадена во надлежните сектори-одделенија за Внатрешни работи,со приложување на увид-извод од матична книга на родените на малолетното лице кое патува, личните карти од родителите или старателот и таксена марка од 50,00 денари.

Контакт информации 
Ибраим Беќири  помошник министер во Оддел за граѓански работи 

 

Стандард за доставување (Временски рок)    
 веднаш доколку се присутни двата родители на малолетното дете