Извадок на дел од дневни настани 05.11.2018

 
На 04.11.2018 година во 17,55 часот во Скопје на улица „Ѓорче Петров“ се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „Фолксваген Голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.Џ.(61) од село Рашче, скопско и патничко моторно возило „Мазда“, исто така со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.П.(54) од Скопје. Сопатничката во возилото „Фолксваген голф“ М.Џ., била пренесена во Градска општа болница „8-ми Септември“ каде и биле констатирани тешки телесни повреди. Извршен е увид на местото на настанот.
 

На 04.11.2018 година во 23,45 часот на крстосницата од локалниот пат Скопје - село Морани и улица "1" во село Студеничани, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „Фолксваген Голф“ со скопски регистарски ознаки управувано од Е.З.(25) од село Студеничани, скопско и патничко моторно возило „Мерцедес“ со дебарски регистарски ознаки управувано од А.Б.(26) од село Морани, скопско. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил А.Б., кој со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Комплекс клиники "Мајка Тереза". Извршен е увид на местото на настанот.
 

На 04.11.2018 година околу 10,15 часот во село Свиларе, скопско на патниот премин од железничката пруга Скопје - Кичево, се случила железничка незгода во која товарен воз управуван од машиновозачот Ј. Д. удрил во автобус со скопски регистарски ознаки управуван од И.М.(32) од село Грчец, скопско. Возачот и патникот во автобусот М.М.(45) од село Долно Свиларе се здобиле со повреди и биле пренесени во Комплекс клиники "Мајка Тереза" за укажување лекарска помош. Железничкиот сообраќај бил во прекин во времето од 10.15 до 15.20 часот.
                                         

На 04.11.2018 година во 12,30 часот во Полициска станица Струга бил пријавен пожар во атар на село Нерези, струшко, на место викано Кошара. Во пожарот зафатена била околу 5-6 хектари шума. Се преземаат мерки за гаснење на пожарот.
 

На 04.11.2018 година во 18.00 часот на Гранчен премин Табановце на влез во Р.Македонија, при пасошка контрола на М.Д.(58) од Куманово било констатирано дека истиот се бара за притвор во траење од 30 дена за сторено кривично дело "запуштање и малтретирање дете" казниво по член 201 став 2 од КЗ на РМ. Лицето е предадено во СВР Куманово за понатамошна постапка.
 

Во текот на изминатите денови (02, 03 и 04.11.), на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје се случиле 21 сообраќајни незгоди од кои три со тешки телесни повреди, 10 со телесни повреди и осум со материјална штета. При сообраќајните незгоди едно три лица се здобиле со тешки телесни повреди и 15 со лесни телесни повреди. 153 возачи се санкционирани бидејќи се движеле со поголема брзина од дозволената. Исто така исклучени се и 100 возачи бидејќи 40 го управувале возилото под дејство на алкохол, 45 пред да се стекнат со право на управување на моторно возило и 15 биле возачи почетници. 40 возила се исклучени од сообраќај бидејќи 37 биле нерегистрирани и три технички неисправни. Исто така санкционирани се и 18 возачи кои поминале на црвено светло, пет не дале првенство на минување на пешаци, четворица неправилно се престроиле и шест неправилно престигнувале. Во однос на пешаците санкционирани се шест пешаци кои поминале коловоз надвор од пешачки премин. Во текот на изминатите денови издадени се 152 мандатни платни налози, додека исто така 110 возила се подигнати со "Пајак".
 
Секторот за внатрешни работи Тетово во викендот што измина спроведе повеќе сообраќајно - контролни активности, во чие средиште овој пат беше брзината со која се движат возилата во и надвор од населено место. Во Тетово откриени се вкупно 20 пречекорувања на максимално дозволената брзина, од кои 14 надвор и шест во населено место. Во Гостивар пак, вкупниот број на откриените прекршоци изнесувал  29. Сите биле регистрирани надвор од населено место.

Во текот на вчерашниот ден (04.11.2018) во периодот 0д 12.00 до 18.00 часот Секторот за внатрешни работи Штип спроведе засилена акциска контрола со цел санкционирање  на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од дозволената. Од извршената контрола 23 возачи управувале со брзина поголема од дозволената во населено место, додека пет надвор од населено место. Санкционирани се вкупно 28 возачи. Девет возачи се санкционирани поради непрописно престигнување.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Пробиштип  поднесе  кривична пријава против Ј.Р.(64) од Скопје за сторени кривични дела „злоупотреба на службената положба и овластување“ и “несовесно работење во службата”.  Во периодот од 2013 година до 2017 година, пријавената, како  директор на ЈЗУ Здравствен дом „Нада Михајлова“ Пробиштип, за 10 здравствени работници донела решенија за распоредување на работни места, со коефициенти на сложеност во извршувањето на работните задачи кои биле во спротивност со Законот за работни односи. По ова, здравствените работници поднеле тужба, по која била донесена пресуда во корист на истите, за што било пристапено кон  присилно извршување на долг од  599.082 денари од ЈЗУ Здравствен дом „Нада Михајлова“ Пробиштип.

На  04.11.2018 година во 14,00 часот на  улица „Знеполе“ Б.А.(66) од Скопје управувајќи патничко моторно возило „Цитроен“ со скопски регистарски ознаки удрил во деветгодишно дете од Скопје. По незгодата детето со возило на Итна медицинска помош е пренесено во Комплекс клиники „Мајка Тереза“. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 05.11.2018 година во 01.05 часот Т.К.(33) од Скопје пријавил дека на 04.11.2018 година околу 23.45 часот во спортската сала - балон на улица „Венјамин Мачуковски“ во Скопје бил физички нападнат од С.Н.     поради претходна расправија помеѓу пријавителот и братот на сторителот. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 04.11.2018 година околу 14.30 часот во село Студеничани во дворот на објектот на Турски културен центар лицата Е.О.(36) и М.Џ.(38) го нарушиле јавниот ред и мир со меѓусебна тепачка. Причина за нарушувањето е поради несогласување околу изградба на објект кој се градел во село Студенични. По преземени мерки издадени се два записника за констатиран прекршок по член 11 од Законот за прекршоци против јавниот ред и мир.

На 03.11.2018 година во 17.00 часот во Полициската станица Кисела Вода, Д.С.(57) од Скопје пријавила дека на 28.10.2018 година во 13.00 часот од домот во непознат правец се оддалечила И.С.(20), ќерка на нејзиниот невенчан сопруг. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
                                         
На 04.11.2018 година во 12,30 часот во Полициска станица Струга  бил пријавен пожар во атар на село Нерези, струшко, на место викано Кошара. Пожарот зафатил дабова шума, околу 5-6 хектари шума. Се преземаат мерки за гаснење на пожарот.

Секторот за внатрешни работи Скопје поднесе кривична пријава против Ѓ.Џ.(41) од Скопје за сторено кривично дело „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“. На  30.06.2018 година околу 19,40 часот во Скопје на улица ”Кипарска”,  полициски службеници при преземање на службени дејствија во врска со поплака против пријавениот, биле физички нападнати.

На 04.11.2018 година во 14.30 часот Х.А.(62) од Скопје пријавил дека во 13.40 часот пред спортска обложувалница на улица „Орце Николов“ бил физички нападнат од А.Г.(46) поради нерачистени должничко доверителски односи. По преземени мерки сочинет е записник за констатиран прекршок.

На 04.11.2018 година во 15,20 часот во Полициска станица Центар А.Ѓ.(37) од Скопје пријавил дека околу  13,35  часот во сала на улица „Лазар Личеноски“ по завршување на кошаркарски натпревар на кој оштетениот бил судија, физички бил нападнат од страна  на непознато лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Прилеп поднесе кривична пријава против Џ.М.(25), С.М.(53), Д.М.(28) и Т.М.(29), сите од Прилеп поради основи на сомнение дека на 03.11.2018 година околу 12.30 часот на улица „Тризла“ во Прилеп, ги нападнале и им нанеле тешки телесни повреди на С.Б.(39), неговиот брат С.Б.(41) и нивниот братучед А.О. .

На 04.11.2018 година околу 20,50 часот В.Д. пријавил дека на локалниот пат село Катланово – село Катлановско Блаце, непознато лице физички го нападнало. Околу 22,10 часот од Градска општа болница „8-ми Септември“ било пријавено дека кај нив бил донесен Б.С., кој се здобил со повреда во пределот на лицето од физички напад случен истиот ден околу 20,00 часот во Катланово. По преземени мерки, било утврдено дека Б.С. е лицето од кое В.Д. пријавил дека бил нападнат.  По целосно расчистување на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.