Извадок на дел од дневни настани 09.10.2018

На 08.10.2018 година околу 07,00 часот било пријавено дека во Куманово на улицата „Тоде Думба“ патничко моторно возило „Фолксваген голф“ со кумановски регистерски таблици, управувано од Н.Ѓ.(74) од Куманово, удрило во бетонски столб и метална ограда, потоа во паркирано патничко моторно возило „Сеат толедо“ со кумановски регистерски таблици, сопственост на Б.К.(37) и во пешак Т.А.(71) од Куманово. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле Т.А. и Б.К., кои по укажаната лекарска помош во Општата болница во Куманово биле препратени во комплексот клиники “Мајка Тереза“ во Скопје. Н.Ѓ. се здобил со телесни повреди и укажана му била лекарска помош во Општата болница во Куманово. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР-Куманово и се работи на целосно расчистување на случајот.

На 08.10.2018 година околу 14,00 часот било пријавено дека во Куманово на улицата „Бајрам Шабани“, каде се изведувале градежни работи за поставување на бекатон плочки, Џ.Ј. (46) од с.Липково-кумановско, движејќи се наназад со  товарно моторно возило „Мерцедес“ со кумановски регистерски таблици го прегазил Ќ.А.(43) од с.Отља, кој од здобиените повреди починал на местото на настанот. Увид извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од СВР-Куманово. По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено на семејството за погреб.

На 08.10.2018 година во 17,05 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје Ѓ. Ѓ. пријавил дека истиот ден околу 14,30 часот на улицата „Христо Татарчев“ од непознати причини во влезот од зградата кај струјомерите избил пожар, при што биле опожарени околу 30 броила. Од екипа на Бригадата за противпожарна заштита пожарот бил изгаснат во 15,30 часот.  

На 08.10.2018 година во 20,00 часот во Полициската станица Гази Баба С.А. (44) од Скопје пријавила дека на 01.10.2018 година во непознат правец  се оддалечил А.Д. (67) од Скопје. Се превземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

На 08.10.2018 година во 18,30 часот во Полициската станица Прилеп дошла В. К. (29) од Прилеп, (која од страна на нејзиниот сопруг на 07.10.2018 година била пријавена за исчезната).

Во текот на изминатиoт ден (08.10.), на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје се случиле девет сообраќајни незгоди од кои три со телесни повреди и шест со материјална штета. При сообраќајните незгоди шест лица се здобиле со телесни повреди.  Потоа 41 возач е санкциониран бидејќи се движеле со поголема брзина од дозволената. Исто така исклучени се и 22 возачи бидејќи 16 го управувале возилото пред да се стекнат со право за управување на моторно возило, четворица го управувале возилото под дејство на алкохол и двајца биле возачи почетници. Од сообраќај се исклучени 17 возила бидејќи 16 биле нерегистрирани и едно поради претовар. Санкционирани се и шест возачи кои поминале крстосница на црвено светло, еден не дал првенство на минување на пешаци, четворица неправилно се престроиле и седум не користеле заштитен шлем. Во однос на пешаците санкционирани се 11 пешаци кои поминале коловоз надвор од пешачки премин и осум кои поминале коловоз на црвено светло. Во текот на изминатиот ден издадени се 104 мандатни платни налози,  додека исто така 81 возило се подигнати со "Пајак".

На 09.10..2018 година околу 01,00 часот на улицата „29 Ноември“ во Тетово, полициски службеници ги лишиле од слобода Ј.С.(48) и В.Т.(34), двајцата од Тетово, поради тоа што кај нив бил пронајден кокаин. По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок. 

 

На 08.10.2018 година околу 22,00 часот на улицата „Злате Дамјановски“ во Гостивар, полициски службеници ги лишиле од слобода А.М.(37) од Скопје и А.Ј.(46) од Гостивар поради тоа што кај нив бил пронајден кокаин. По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.  

 

На 08.10.2018 година во 12,20 часот во Полициската станица Гази Баба, Б.М.(64) од Скопје пријавил дека на улицата „Никола Киров-Мајски“ бил нападнат и каснат од куче-скитник во пределот на левата надколеница.

 

На 08.10.2018 година во 12,20 часот во Полициската станица Гази Баба, С.Ј.(61) од Скопје пријавил дека на улицата „Никола Киров Мајски“ бил каснат од куче-скитник во пределот на десната нога.

 

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против И.Д.(38) од Гостивар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “злоупотреба на службена положба и овластување“. Во периодот од ноември 2017 година до март 2018 година пријавениот, како директор на средно општинско училиште во Гостивар, присвоил мобилен телефон, кој бил сопственост на училиштето, додека во повеќе наврати, од сметката на училиштето, искористил вкупно 12.000 денари за гориво, без да приложи соодветна документација. Исто така на 17.02.2018 година пријавениот спротивно на Правилникот за начинот на изведување на училишните екскурзии на учениците од средните училишта, овозможил да се организира и спроведе еднодневна екскурзија во Р.Косово.

 

Во СВР Охрид било пријавено дека на 08.10.2018 година во 11,00 часот во просториите на меѓународниот универзитет во Струга Б.К. од село Велешта, струшко започнал вербална расправија со А.К.(40) од Струга кој бил вработен во универзитетот, упатувајќи му закани по неговиот живот а потоа и физички го нападнал удирајќи го со тврд предмет во пределот на главата. Потоа Б.К. му го одзел мобилниот телефон на А.К. и го напуштил местото на настанот. Б.К. е повикан во полициската станица во Струга и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

 

Секторот за внатрешни работи Тетово поднесе кривична пријава против Т.Т.(47) од Загреб, Р.Хрватска и ТДТУ “ТМП” ДОООЕЛ Тетово поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела “узурпација на недвижности“ и “бесправно градење“. На 02.10.2018 година во атарот на село Шипковица на место викано “Јелак” на парцели во сопственост на Р.Македонија, од страна на полициски службеници бил затекнат пријавениот со градежни работници кои биле ангажирани за изведување на објект, при што било констатирано дека во текот на 2018 година, пријавениот како претставник на второпријавеното правно лице изградил објект од тврда градба, спротивно на решението издадено од јавното претпријатие за стопанисување со државни пасишта на Р.Македонија.

 

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Виница поднесе кривична пријава против Л.С.(38) од село Истибања-Виница поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “употреба на исправа со невистинита содржиина“. На 17.07.2017 година во Виница во МВР - Отсек за управни работи - Виница, пријавениот поднел барање за издавање на уверение за жителство, при што во прилог доставил лажна изјава дека од странство се враќа да живее во Р.Македонија. Потоа, издаденото уверение за жителство, истиот го употребил во постапка идентификација на патничко возило „Фолксваген Голф“, во Бирото за метeорологија при Министерството за Економија-Скопје, со цел да ја искористи погодноста по член 24 од Законот за возила.

 

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против А.Џ.(66) од село Добридол-гостиварско поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “бесправно градење“. Во периодот од април 2018 година до 13.08.2018 година во Врапчиште кај место викано “Тумчевишка петла” на парцела во сопственост на пријавениот истиот изградил објект од цврста градба и покрај што од страна на Општина Врапчиште му бил издадено одобрение за градење на времен објект.