Извадок на дел од дневни настани 08.10.2018

На 07.10.2018 годинa во 18,30 часот било пријавено дека на крстосницата од булевар „Борис Трајковски“ и булевар „Србија“ се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „Рено 5“ со скопски регистерски ознаки, управувано од Г.Г.(69) од Скопје, и патничко моторно возило „Мазда 323“ со скопски регистерски ознаки, управувано од Т.Ц.(51) од Скопје. По незгодата со возило на Итна медицинска помош сопатничката од возилото Ј.Г.(65) од Скопје била пренесена во комплексот клиники “Мајка Тереза“, каде и биле констатирани тешки телесни повреди.  Возачот Г.Г. и сопатничката од другото возило Л.Ц.(48) се здобиле со телесни повреди констатирани од страна на лекар во Градската општа болница “Свети Наум Охридски“. Извршен е увид на местото на настанот.

Нa 07.10.2018 година во 00,15 часот во село Могила, битолско, во помошни простории сопственост на И.В.(30) избувнал пожар во кој изгореле 200 бали со сено и слама, 2.500 бали со сушена луцерка, околу 1.000 килограми сув тутун, машина за молзење млеко и 10 вреќи со концентрат.  Пожарот е изгаснат од екипа на Противпожарна екипа Битола. Извршен е увид на местото на настаноt.

На 07.10.2018 година околу 15,50 часот во Полициска станица Крушево од Клинички центар Битола било пријавено дека кај нив бил донесен повреден С.М.(47) од Битола кој по укажаната лекарска помош бил пренесн во болницата „Свети Еразмо“ во Охрид. Од извршениот разговор со С.М. е констатирано дека со повредите се здобил истиот ден во Крушево каде полетал со параглајдер и паднал во близина на село Острилци, крушевско.

На 07.10.2018 година во 17,00 часот во Р.Т.(46) од Скопје пријавил дека неговата сопруга А.Т.(33) на 27.07.2018 година заминала за Р.Словачка на работа по претходен договор преку социјалните мрежи. Пријавителот до 01.10. имал контакт со неговата сопруга по што повеќе не може да стапи во контакт со неа бидејќи телефонскиот број преку кој контактирале, не бил во функција. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

На 08.10.2018 година во 01,00 часот во Полициска станица Штип, Ј.И.(39) од Штип пријавила дека претходниот ден околу 19,00 часот од дома во непознат правец се оддалечил нејзиниот 12 годишен син. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

На 07.10.2018 година во село Чегране, гостиварско, при менување на улични  светилки од скала паднал З.А.(78) од село Чегране. Истиот бил пренесен во Медицински центар Гостивар каде му се констатирани тешки телесни повреди  и по укажана лекарска помош е пренесен во Комплекс клиники "Мајка Тереза" во Скопје.

На 07.10.2018 година во 12,20 часот во Полициска станица Прилеп, Г.С.(49) од село Селце, прилепско, пријавил дека во планинарскиот дом лоциран на Селечка Планина, го пронашол својот син В.С.(21), кој на 06.10.2018 година бил пријавен за исчезнат (објавено во Извадок од дневни настани на сајтот на МВР на 07.10.).

Во текот на изминатите денови (05, 06 и 07.10.2018 година) на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје се случиле вкупно 29 сообраќајни незгоди од кои една сообраќајна незгода со загинато лице, една со тешки телесни повреди, 13 сообраќaјни незгоди со телесни повреди и 14 со материјална штета. Во сообраќајните незгоди едно лице го загубило животот, едно лице се здобило со тешки телесни повреди и 14 лица се здобиле со телесни повреди. Од преземените мерки и активности констатирано е дека 167 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената. Од сообраќај се исклучени 141 возач од кои: 67 возачи затоа што управувале возила под дејство на алкохол, 57 возачи управувале возила без да се стекнат со право за управување на моторно возило и 17 возачи затоа што биле возачи-почетници. Исто така исклучени од сообраќај се и 59 возила бидејќи 53 биле нерегистрирани, а шест возила биле технички неисправни. Санкционирани се 15 возачи поради поминување на крстосница на црвено светло, тројца возачи поради недавање првенство на минување на пешаци, четворица поради неправилно престројување, еден возач поради неправилно престигнување и девет возачи поради неносење заштитен шлем (кацига). Во однос на пешаците санкционирани се 10 пешаци поради поминување на коловоз надвор од пешачки премин и четири пешаци затоа што поминале коловоз на црвено светло. Во текот на изминатиот ден издадени се 269 мандатни платни налози и 128 возила се подигнати со специјално возило "пајак".

На 07.10.2018 година околу 14.00 часот на регионалниот пат Мавровска крстосница-Маврови Анови патничко возило „Голф“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од О.К.(80) од Гостивар, загубило контрола и излетало од коловозот. Притоа, со тешки телесни повреди се здобила сопатничката Е.К.(74 ), исто така, од Гостивар. Таа била пренесена во болницата во Гостивар каде и била укажана лекарска помош. Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Гостивар.

 

На 07.10.2018 година околу 15.30 часот, З.А.(78) од село Чегране, гостиварско, додека менувал светилка на бандера од улично осветлување во селото Чегране, се лизнал од скалата и паднал на земја. При падот З.А. се здобил со тешки телесни повреди, а по укажаната лекарска помош во гостиварската болница, итно бил префрлен на скопските клиники. Извршен бил увид и се преземаат мерки за рачистување на случајот.

 
 

На 07.10.2018 година околу 12,30 часот во Скопје на улица „Брсјачка буна“ додека Ф.А.(22) од Скопје се движел пеш, бил пресретнат од Ј.Б.(20), Е.Ј.(23) и А.А., при што Ј.Б. физички го нападнал Ф.А., удирајќи го со метална шипка во пределот на задната страна на главата. Причина за нападот биле нарушени меѓусоседски односи. Ф.А. со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Градска општа болница „8-ми Септември“ каде му се констатирани тешки телесни повреди и е префрлен во Комплекс клиники "Мајка Тереза".  Б.Ј. е приведен во Полициска станица и се работи на расчистување на случајот.

 

На 07.10.2018 година во 23,40 часот во Полициска станица Драчево, било пријавено дека во кафе бар на улица „Иван Хаџи Николов“ во Скопје имало пресметка во која учествувале повеќе лица.  Р.Е.(23) и Т.А.(21) двајцата од село Батинци, од една страна и од друга страна сопственикот на кафе барот Д.С. , кој се здобил со тешки телесни повреди нанесени со нож. Со тешки телесни повреди се здобил и А.П.. Двете повредени лица се пренесени во Комплекс клиники "Мајка Тереза" за укажување на лекарска помош. Сторителите се приведени и задржани во полициска станица.

 

На 07.10.2018 година во 21,00 часот во Полициска станица Чаир, Џ.А.(44) од село Танушевци, скопско, пријавил дека истиот ден околу 19,50 часот движејќи се со патничко моторно возило „Голф“ со скопски регистарски ознаки на место викано „Рамно“, бил сопрен од двајца полициски службеници кои му рекле да го отвори багажникот. Откако пријавителот не го сторил тоа, според пријавата, еден полициски службеник испукал еден истрел со пиштолот во воздух. Се работи на расчистување на случајот, а известен е и Одделот за внатрешна контрола при МВР..

 

На 07.10.2018 година во 13,00 часот во Полициска станица Прилеп, Е.К.(37) од Прилеп пријавил дека неговата сопруга В.К.(29) со двете двомесечни деца се оддалечила во непознат правец на 06.10.2018 година околу 15,00 часот. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицата.

 

На 07.10.2018 година во 01,55 часот во Полициска станица, Н.Б. од Скопје пријавила дека додека седела во дневната соба слушнала кршење на прозорско стакло од подрумската просторија. Таа, заедно со нејзиниот син, ја отвориле влезната врата од куќата за да видат што се случува и пред врата забележале две непознати машки лица, кои им одземале мобилен телефон и избегале. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

На 07.10.2018 година околу 12.50 часот во болницата во Гостивар со прострелна рана од огнено оружје во десното стапало бил донесен Д.Н.(39) од Гостивар. По укажаната лекарска помош, тој бил пренесен на скопските клиники. Д.Н., според пријавеното,  додека бил во заседа при лов, се ранил со ловечка пушка во атарот на селото Сретково. Се преземаат мерки за расчистување на случајот..

 

На 07.10.2018 година во 12.30 часот во Полициската станица Гази Баба, Т.Л.(63) од Скопје прјиавил дека на 06.10.2018 година околу 18.00 часот на улица „Валандовска“ во населба Хиподором бил нападнат и каснат од куче на десната потколеница.

 

На 07.10.2018 година во 21.45 часот во Полициската станица Аеродром, М.Д.(23) од Скопје пријавила дека истиот ден околу 18.20 часот на булевар "Видое Смилевски Бато" била нападната и касната од четири кучиња скитници за двете нозе. 

На 07.10.2018 година , околу 15,20 часот на улица „Индира Ганди“ М.Ф. (68) од Скопје се обидел да  изврши полов напад врз осумгодишно девојче, но бил спречен од страна на случаен минувач. М.Ф..  е приведен во полициска станица.

 

Наворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против С.Б.(33) од село Горно Седларце, тетовско поради основи на сомнение за сторено кривично дело ,,убиство во обид“. На 20.08.2018 година околу 10,40 часот во Гостивар, во село Долна Бањица, пред домот на А.У.(54), неговиот зет за ќерка С.Б. од село Горно Седларце, тетовско, со пиштол пукал кон А.У. повредувајќи го во пределот на стомакот, по што А.У. со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“.

 

Наворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против Н.И.(34) од село Дебреше, гостиварско за сторено кривично дело ,,насилство“. На 27.06.2018 година околу 03.,00 часот во казино во Гостивар по претходна вербална расправија, пријавениот, со нож, физички нападнал 57 годишно лице од Гостивар, при што му нанел телесна повреда во пределот на раката.

 

Надворешната канцеларија за криминалистички работи  Ресен поднесе кривична пријава против Ц.К.(25) од село Волкодери, ресенско за сторено кривично дело „напад врз службено лице во вршење на работи на безбедноста“ и против Е.Б.(36), Џ.Ш. (31), С.К.(30) и О.Ф.(24), сите од Ресен за сторено кривично дело „спречување службено лице во вршење на службено дејствие“. На 28.08.2018 година околу 03,15 часот пред ноќен клуб во Ресен при преземање мерки во врска со нарушен јавен ред и мир, полициските службеници од Полициска станица Ресен биле, физички нападнати од Ц.К. од село Волкодери, а додека истите го приведувале, четворицата пријавени физички ги нападнале полициските службеници, при што полицискиот службеник во знак на предупредување од службениот пиштол испукал проектил во воздух,

 

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кочани поднесе кривична пријава против С.С.(40) од Кочани за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“. На 23.12.2017 година во Кочани од страна на полициски службеници, при претрес во домот на пријавениот била пронајдени марихуана.