Извадок на дел од дневни настани 12.07.2018

На 11.07.2018 година во 19,55 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје било пријавено дека на крстосницата од булеварот „Партизански одреди“ и булеварот „Св. Климент Охридски“ се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „БМВ“ со скопски регистерски таблици управувано од Б.Т.(29) од Скопје и патничко моторно возило „Мерцедес“ со скопски регистерски таблици управувано од К.И. (65) од Скопје, при што настрадал и пешакот Д.Б. (65), кој се здобил со тешки телесни повреди. Д.Б.(65) од  с. Волково- скопско бил пренесен и задржан во Комплексот клиники “Мајка Тереза“. Со телесни повреди се здобиле Б.Т. и двајца сопатници од двете возила Д.В.(40) и В.И.(56). Извршен бил увид на местото на настанот во присуство на Јавен обвинител. Се работи на целосно расчистување на случајот.

На 11.07.2018 година во 18,10 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје, пријавено е дека на улицата „Елисије Поповски“ имало опожарени четири возила: „Пежо 308“, „Сеат Ибица“, „Форд“ и „Опел Астра“ сите со скопски регистерски таблици, а било зафатено и едно дрво. Возилата биле делумно надворешно опожарени. Се работи на целосно расчистување на случајот.

На 11.07.2018 година во 17,25 часот било пријавено дека патничкиот воз кој сообраќал на релација Скопје–Кичево, кај влезниот сигнал на Железничка станица Радуша бил каменуван од непознати лица, при што било скршено едно стакло од вагон, а повредени патници нема. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

На 11.07.2018 година  во 17,50 часот во Секторот за внатрешни работи  Битола,  А.С. (39) од с.Бучин-Крушево пријавил дека при орање во нива во атарот на с.Бучин пронашол неиспукана артилериска  граната 75 мм од Првата светска војна  која од страна на пиротехничар била безбедно подигната и предадена за понатамошна постапка.                                    
                                                                
На 11.07.2018 година во с.Брвеница–тетовско со наредба од Судија на претходна постапка од Основниот суд Тетово, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Тетово извршиле претрес во стан и други простории кај Ѓ.С. (52), при што биле пронајдени: еден пиштол марка „Зброевка“ со калибар 7,65мм и еден сандак од муниција во кој имало пет мини  и две рачни бомби. Известен е јавен обвинител. По завршување на претресот Ѓ.С. е лишен од слобода.  .

Во текот на изминатиoт ден (11.07.), на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје се случиле 12 сообраќајни незгоди од кои две со тешки телесни повреди, пет со телесни повреди и пет со материјална штета. При сообраќајните незгоди две лица се здобиле со тешки телесни повреди и шест со лесни телесни повреди. Имено 61 возач е санкциониран бидејќи се движеле со поголема брзина од дозволената. Исто така исклучени се и 18 возачи бидејќи пет го управувале возилото под дејство на алкохол, четворица биле возачи почетници и девет пред да се стекнат со право за управување на моторно возило. Потоа 13 возила се исклучени од сообраќај бидејќи биле нерегистрирани. Двајца возачи се санкционирани бидејќи поминале крстосница на црвено светло, двајца неправилно се престројувале, четворица не дале првенство на минување на возила и 17 не користеле заштитен шлем. Во однос на пешаците санкционирани се двајца пешаци кои поминале коловоз надвор од пешачки премин. Во текот на изминатиот ден издадени се 45 мандатни платни налози,  додека исто така 54 возила се подигнати со "Пајак".

На 11.07.2018 година во Полициска станица Бит Пазар било пријавено дека во Основно училиште лоцирано на улицата „Коста Абрашевиќ“ во временскиот период од 06 до 10.07.2018 година непознат сторител извршил тешка кражба во училиштето, при што одзел: 169 мали ученички лап-топ компјутери со полначи и „мауси“, 100 парчиња „мауси“, 45 тастатури и 30 парчиња разводник за УСБ, со што се стекнал со противправна имотна корист од околу 576.000 денари. Имено, сторителот со употреба на физичка сила отворил еден од прозорците од училиштето, влегол внатре и со употреба на физичка сила отворил повеќе врати од кабинетите по што ги одзел предметите. Се превземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
                                           
На 11.07.2018 година во 17,00 часот било пријавено дека истиот ден околу 16,00 часот во кругот на oпштата болница ,,Борка Талески“-Прилеп двајца полициски службеници со службено возило вршеле спровод на лицата Р.Т. и Р.С. (лица кои се наоѓаат на издржување казна-затвор во Казнено поправната установа-Затвор Прилеп). Откако Р.Т. и Р.С. завршиле со прегледите во болницата, во моментот кога Р.С. требало да влезе во службеното возило, извадил нож и почнал да замавнува кон полициските службеници и повредил двајца полициски службеници. Р.Т. и Р.С. се вратени во затворот во Прилеп, а по документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

На 12.07.2018 година во 05,00 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје, било пријавено дека десно од автопатот Тетово-Скопје пред патарината „Глумово“ имало пожар. По пристигнување на  местото на настанот од страна на полициски службеници од Полициско одделение Сарај било констатирано дека во с.Глумово на стариот пат кон Тетово опожарено било патничко моторно возило “Голф 3“ без регистерски таблици. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 11.07.2018 година од страна на Надворешната канцеларија за криминалистички работи Прилеп до Основното јавно обвинителство Прилеп поднесена е кривична пријава против С.Ч.(70) поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „полов напад врз дете кое не наполнило 14 години“ по член 188 од КЗ на РМ случено на 10.07.2018 година во Прилеп. Од страна на Јавен обвинител одредена му била мерка притвор во траење од  30 дена.

На 11.07.2018 година Т.Б.(68) од Скопје пријавил дека околу 21,15 часот додека се движел во паркот на булеварот "Авној" бил нападнат од  куче-скитник кое го каснало во пределот на коленото од десната нога. Укажана му била лекарска помош во Комплексот клиники "Мајка Тереза".

Секторот за внатрешни работи Битола поднесе кривична пријава против П.К.(50) од село Породин-битолско поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “силување“.  На 24.05.2018 година во Битола во близина на улицата “Раштанска”, во такси возило, управувано од пријавениот, истиот извршил други полови дејствија врз 15 годишна малолетничка од Битола.

Секторот за внатрешни работи Тетово поднесе кривична пријава против С.М. (38) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела “предизвикување општа опасност“  “напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“, “тешка кражба во обид“ и две кривични дела “кражба“ и против С.И.(19) и 16 годишен малолетник двајцата од  Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “помагање“. На  07.02.2018 година на реон на селото Боговиње, од страна на полициски службеници, при обид за сопирање на возило, управувано од првопријавениот,  истиот со голема брзина го насочил возилото кон полициски службеник, при што од други полициски службеници била издадена усна наредба и биле испукани неколку истрели во воздух за предупредување. Притоа првопријавениот продолжил со движење со возилото и успеал да побегне. По преземени мерки, било утврдено дека второ и третопријавениот, му помагале на провопријавениот во бегството, по што во Скопје, во населбата Ѓорче Петров лицата биле лишени од слобода. При постапката за расчистување на настанот, било утврдено дека првопријавениот во период од 11.01.2018 година до 08.02.2018 година во Тетово на улицата ”Благоја Тоска” во куќата на И.Т. извршил тешка кражба во обид, додека на различни локации во Тетово вршел кражби на регистарски таблички од возила.
                                                              
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Радовиш  поднесе кривична пријава против С.А.(51) и В.Р.(57), двајцата од Радовиш поради постоење основи на сомнение за сторено кривично  дело “злоупотреба на службената положба и овластување“. Во текот на 2013 година првопријавената, како директор на Основно училиште во Радовиш, спротивно на Законот за јавни набавки на РМ, склучила договори со добавувачи кои сама ги избрала, односно избраните добавувачи ги ставила во поповолна позиција, со што го оштетила Буџетот на РМ за 808.435 денари. Второпријавениот, како секретар во Основното училиште и претседател на комисијата за јавни набавки, во текот на 2013 година, спротивно на Законот за јавни набавки, изготвил техничка документација според која бил фаворизиран одреден економски оператор и истиот го предложил како најповолен понудувач, по што првопријавената, со истиот склучила договор за набавка на канцелариски мебел во висина од 175.929 денари, со што бил оштетен Буџетот на РМ за наведениот износ.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Прилеп поднесе кривична пријава против К.К.(40) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “фалсификување исправа“. На 01.06.2018 година во Прилеп, пријавениот при подигање на роба од правно лице од Прилеп во вредност од 80.000 денари, употребил лажна потврда дека бил вработен во Јавната здравствена установа Општа болница „Борка Талески“ – Прилеп. Потоа, од страна на правното лице била испратена фактура на наведениот износ до Јавната здравствена установа Општа болница –Прилеп, од каде биле известени дека пријавениот не бил вработен во истата.
       
Секторот за внатрешни работи Струмица поднесе кривична пријава против Б.С.(54), Ј.С.(49), В.С.(26), Г.С. (24) и М.Т. (52) од село Самоилово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “криумчарење“ и “недозволено пренесување на акцизно добро односно стока или користење на акцизна дозвола или одобрение“ од Законот за акцизите на РМ. Имено на 10.07.2018 година околу 19 часот во близина на село Бадилен, Ново Село, во патничко возило со бугарски национални ознаки, управувано од Б.С. (54) и сопатник Ј.С. (49) и двајцата од село Ново Коњарево, пронајдени биле 29 картонски кутии со по 50 штеки цигари и една картонска кутија со 49 штеки цигари марка „CALYPSO“, додека во патничко возило со бугарски национални ознаки, управувано од Г.С. (24) и сопатник В.С. (26) исто така од село Ново Коњарево, пронајдени биле 35 картонски кутии со по 50 штеки цигари, една кутија со 49 штеки цигари и една штека со девет кутии цигари.

На 11.07.2018 година во 22,35 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје С.Т. (34) пријавил дека во неговиот двор на улицата “Прохор Пчински“ имало повеќе лица кои му упатувале закани по живот и притоа оштетиле еден прозорец од куќата. По излегување од страна на полициски службеници на местото на настанот констатирано било дека пријавителот, заедно со неговиот брат А.Т. (31) истиот ден околу 22,05 часот во својот двор повикале двајца малолетници на возраст од 15 и 16 години, а потоа ги внеле во подрумската просторија од куќата и физички ги малтретирале. Тие тоа го сториле поради тоа што мислеле дека се сторители на кражби кои биле извршени во изминатите денови. Откако биле ослободени околу 22,30 часот малолетниците настанот го кажале на своите роднини кои изреволтирани се собрале во дворот на С.Т.  А.Т. и С.Т. биле приведени во Полициската станица Бит Пазар и се работи на целосно расчистување на случајот.

На 11.07.2018 година околу 18,45 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје од страна на медицинско лице од Комплексот клиники “Мајка Тереза“ било пријавено дека кај нив било донесено 11 месечно девојче кое, според пријавеното, имало повреди добиени во градинка во Скопје. Се превземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

На 11.07.2018 година околу 05,20 часот било пријавено дека во Дебар на улицата „307“ во домот на С.М.(59), влегле неколку непознати маскирани лица, од кои двајца вооружени со автоматски пушки, а двајца со нож, по што го врзале неговиот син Г.М.(21) и одзеле засега неутврдена сума на пари и злато. Се работи на целосно расчистување на случајот.