Извадок на дел од дневни настани 10.07.2018

На 09.07.2018 година околу 17,10 часот на регионалниот пат Виница-Берово поточно на мостот на Ленишка река, патничко моторно возило „Дачија Дастер“ со скопски регистерски таблици управувано од Н.Б. (26) од Виница поминало на левата сообраќајна лента, при што возилото се свртело странично и со десната страна удрило во метална ограда од мостот и завршило под мостот. Возачот Н.Б. со возило на Итна медицинска помош  бил пренесен до Клиничката болница во Кочани, од каде поради сериозноста на повредите бил препратен во Комплексот клиники “Мајка Тереза“ во Скопје. Увид на местото на настанот бил извршен  од страна на увидна екипа од Полициската станица Берово. Се работи на целосно расчистување на случајот.  


На 10.07.2008 година околу 00,10 часот на влезот во с.Сарај-скопско товарно моторно возило марка “Форд транзит“ со велешки регистерски таблици удрило во пешакот К.Н. (65) од с.Рашче, по товарното возило го напуштило местото на настанот. Во незгодата пешакот се здобил со тешки телесни повреди констатирани од страна на лекар при Комплексот клиники “Мајка Тереза“. Се работи на целосно расчистување на случајот.
На 08.07.2018 година на Граничниот премин „Табановце“ при влез во Р.Македонија поради распишана меѓународна потерница од страна на Интерпол Букурешт, со цел негова екстрадиција во Романија, од слобода бил лишен С.М.(55) од Р.Србија. Истиот бил предаден во Основното јавно обвинителство Куманово и Основниот Суд-Куманово за понатамошна постапка.


Во текот на изминатиoт ден (09.07.), на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје се случиле 11 сообраќајни незгоди од кои една со тешки телесни повреди, три со телесни повреди и седум со материјална штета. При сообраќајните незгоди едно лице се здобило со тешки телесни повреди а четири со лесни телесни повреди. Санкционирни се 47 возачи поради возење со брзина поголема од дозволената. Дваесет возачи се исклучени од сообраќај: 18 од нив затоа што управувале возила без да се стекнат со право за управување со возило, потоа еден возач бидејќи возел под дејство на алкохол и уште еден затоа што бил возач почетник. Тројца возачи се санкционирани бидејќи поминале крстосница на црвено светло, петмина затоа што недале првенство на минување на возила во зона на крстосница а 11 возачи некористеле заштитен шлем. Покрај ова 22 возила се исклучени од сообраќај бидејќи 20 биле нерегистрирани а две заради техничка неисправност. Во однос на пешаците санкционирани се шестмина пешаци кои поминале коловоз надвор од пешачки премин и шестмина што поминале коловоз на црвено светло. Во текот на изминатиот ден издадени се 82 мандатни платни налози,  додека пак 61 возила се подигнати со "Пајак".


Oдделението за прекуграничен криминал и миграции при РЦ ЈУГ  поднесе кривична пријава до ОЈО Скопје против В.Ф.(58) и Н.С.(62) и двете од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа“. Имено, на 13-ти минатиот месец во просториите на туристичка агенција со седиште во Скопје, од страна на првопријавената била направена согласност за патување во странство на име на две девојчиња на возраст од 13 и од четири години, пришто двата документа биле со копија од заверка и печат од Нотар од друг документ. Второпријавената таквите документи на 14.06. ги употребила како вистинити при излез од Р. Македонија на граничен премин Богородица.

На 10.07.2018 година во 02,40 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје Р.Н.(24) пријавил дека на улицата „Архиепископ Доситеј“ три непознати лица со закана со пиштол му го одзеле патничкото моторно возило „Ауди А4“, со скопски регистерски таблици, мобилен телефон и документи. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

На 09.07.2018 година околу 19,00 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје било пријавено дека на улицата „Македонско Косовска Бригада“  откако Р.В. (39) заедно со неговиот внук Ј.А.(18) дошле со возило во близина на плац сопственост на татко на Ј.А., биле дочекани од лицето Е.Б. (45) кое почнало да им се заканува дека ќе ги убие и физички го нападнал Р.В. Потоа напаѓачот од својата куќа во близина земал автоматска пушка по што ја репетирал и им се заканувал на Р.В и Ј.А. кои влегле во возило со намера да си одат. Во еден момент се собрале повеќе граѓани на местото на настанот по што пријавителот и неговиот внук заминале од таму. Се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.

На 08.07.2018 година во 08,05 часот во Полициската станица Кичево, било пријавено дека  во временски период од 01 до 08.07.2018 година во с.Бигор Доленци-кичевско, во црквата „Свети Антонио“, непознат сторител со употреба на погоден алат насилно ја отворил влезната врата, влегол внатре и од пултот за продавање свеќи одзел 500 денари, а потоа го напуштил местото на настанот. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

На 08.07.2018 година во 09,00 часот во Полициската станица Кичево било пријавено дека во временски период од 01 до 08.07.2018 година во с.Брждани, во црквата „Свети Никола“, непознат сторител со употреба на погоден алат насилно ја отворил влезната врата, влегол внатре и од пултот за продавање свеќи и иконите одзел 1.500 денари, а потоа го напуштил местото на настанот. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

На 09.07.2018 година во 20,30 часот во Полициската станица Кочани 20 годишна девојка од Кочани пријавила дека во периодот од ноември лани до моментот на пријавување, од страна на М.Л.(46) од Кочани во неколку наврати, со сериозна закана дека за неа јавно ќе објави фотографии со компромитирачка содржина, била присилувана да имаат сексуални односи. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 09.07.2018 година  во 15,00 часот  во Секторот за внатрешни работи Штип Г.З.(23) од Штип пријавил дека на 05.07.2018 година го однел неговото двегодишно дете во детска градинка во Штип и околу 14,30 часот кога отишол да го земе забележал дека детето има повреди и веднаш реагирал кај вработените, а потоа заминал со детето  во ординација за детски болести во Штип. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

На 09.07.2018 година во 15,30 часот на Граничниот премин "Стар Дојран" при влез во земјава С.И. (52) од Штип пријавил дека автобусот што го управувал со кочански регистарски ознаки околу 14,00 часот во село Орфеј, Р.Грција бил оштетен и регистарските ознаки биле откорнати. Настанот е пријавен во грчката полиција.

На 09.07.2018 година во 23,00 часот било пријавено дека на улицата "Црногорска" Т.М.(37) од Скопје бил физички нападнат од А.Љ.Ф.(19)., поради нерасчистените имотно правни односи помеѓу нив двајца. За настанот бил сочинет записник за констатиран прекршок по член 12 од Закон за прекршоци против јавниот ред и мир. Истиот ден на истата улица околу 23,30 часот бил нарушен јавниот ред и мир со тепачка помеѓу лицата А.Љ.Ф.(19) и С.А.(60). До тепачката дошло бидејќи А.Љ.Ф. претходно го нападнал синот на С.А. По преземени мерки поднесени се два записника за констатиран прекршок по член 11 и 6 од Закон за прекршоци против јавниот ред и мир.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кичево поднесе кривична пријава против В.П.А. (24) од Кичево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “разбојништво“. На 07.07.2018 година во времето од 03,00 до 04,00 часот во Кичево на улицата “Тренко Тасески” во такси возило пријавениот со закана со нож од возачот на возилото Ц.М.(46) од Кичево, одзел 3.000 денари, по што избегал.