Извадок од дневните настани 19.05.2017

 

На 19.05.2017 година околу 05 . 10 часот во Скопје , во продавница на ул. „Орце Николов“ две непознати маскирани лица извршиле разбојништво во обид. Сторителите влегле и му се заканиле на вработениот дека ако не им ги даде парите од касата ќе го истепаат. Откако вработениот одбил да им ги даде парите и им пружил отпор, физички го нападнале ударајки го по главата и телото, по што избегале во непознат правец. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот.

 

На 19.05.2017 година во 01.30 часот во Скопје, во сендвичара на ул. „Московска“ непознат сторител извршил разбојничка кражба. Додека вработениот се пресоблекувал во помошната просторија, слушнал тропање, по што влегол во локалот и забележал непознато лице како вади 1.000 денари од касата. Истиот му рекол да застане затоа што ќе повика полиција, но сторителот го фатил за раката и сериозно му се заканил по животот, по што го турнал и со трчање избегал во непознат правец. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.

 

На 18.05.2017 година во 10.05 часот во ПС Тетово, од Клиничка болница Тетово било пријавено дека е донесен А.А. (42) од с.Зајас, кичевско, со повреди нанесени од остар предмет во пределот на левото рамо и во левата надколеница. Од извршениот разговор со А.А. било утврдено дека повредите со нож му ги нанел М.Д. (30) од с.Горно Строгомиште, кичевско. Сторителот М.Д.  сам се пријавил во ПС Тетово и истиот го признал делото. Како причина за делото ја навел здраствената состојба на неговата сестра Р.А. (сопруга на А.А.), која била на лекување на интензивна нега. Во моменти на психичка растроеност, сметајки дека А.А. е виновник за нејзината состојба, со ножот му задал два удари, по што избегал од местото на настанот. СВР Тетово презема мерки и активности за целосно расчистување и документирање на настанот, кој од страна на Јавен обвинител е квалификуван како кривично дело ,,убиство во обид “ по чл.123  в.в. со чл.19 од Кривичниот Законик на Република Македонија.

 

На 18.05.2017 година во 17.15 часот во СВР Тетово, од Клиничка болница Тетово било пријавено дека кај нив била донесена М.О. (38) од с.Мала Речица, тетовско, со повреди во пределот на нозете нанесени од огнено оружје. По извршениот разговор констатирано е дека повредите ги добила на свадбена веселба во с.Мала Речица, во дворот на куќата на М.Н.(44). Истиот со пиштол марка „Зиг Зауер 229“ калибар 9мм, кој го поседувал со дозвола, испукал неколку куршуми, од кои еден ја погодил М.О. во нозете, нанесувајќи и влезно-излезни рани. Од страна на  СВР Тетово е излезено на местото на настанот. Направени се фотографии, М.О. е лишен од слобода и приведен во ПС Тетово. Пиштолот и четири испукани чаури се обезбедени за понатамошна постапка. По консултација со Јавен обвинител, М.О. е ослободен, а по целосно расчистување и документирање на настанот, на истиот ќе му биде поднесен соодветен поднесок.

 

На  18.05.2017  година околу 15.20 часот во Виница. во зграда на ул. „Никола Карев“, во вториот влез на вториот кат во помошна просторија – заедничка тераса на станарите, избувнал пожар во кој изгореле предмети во сопственост на станарите од катот. Пожарот бил изгаснат од Територијалната противпожарна единица Виница. Повредени лица нема, а причината за настанувањето и материјалната штета дополнително ќе бидат утврдени.

   

На 18.05.2017 година од 18.15 до 19.45 часот, кај „Дреновска клисура“, поради извлекување на ТМВ излизгано од коловозот на 17.05.2017 година и претоварување на стоката која се превезувала во камионот и приколката, во целосен прекин бил сообраќајот на магистралниот пат Градско – Прилеп.

 

На 18.05.2017  година  во  15.50 часот на ГП „Ќафасан“, при пасошка контрола, било констатирано дека лицето Р.К. (51) од Р.Албанија евидира на стоп-листата  со мерка „Задржи и извести“. Истиот е приведен и предаден на полициски службеници од ПС за БПС Охрид за понатамошна постапка.

 

СВР Скопје поднесе кривична пријава против 15 -годишник од с.Кондово , с коп ско , поради постоење основи на сомнение з а стор ено кривично дело „ у биство во о бид“ . На 06.12.2016 година околу 12.30 часот, во дворот на основно училиште во с.Рашче , с коп ско , пријавениот се обидел да лиши од живот друго 15-годишно лице од с.Рашче на тој начин што со употреба на нож со сечиво од околу 10см му нанел убодна рана во пределот на стомакот, по што се здобил со тешка телесна повреда.

 

СВР Тетово поднесе известување за тројца малолетници на возраст од 15, 16 и 17 години,   сите од с.Пршовце , т етовско, поради постоење основ и на сомнение з а сторе но кривично дело „т ешка телесна повреда“ . На 14.03.2017 година околу 19 . 00 часот 17 -годишник од с.Слатино , т етовско , се сретнал со негов другар позади Културен дом во Тетово каде се наоѓале и пријавените со кои од порано имале нарушени меѓусебни односи. Во еден момент 15-годишникот од неговата школска чанта извадил пендрек и со истиот му задал еден удар на малолетникот од с.Слатино во пределот на лицето . Останатите двајца пријавени му задале удар и со тврд предмет позади главата, по што биле раздвоени од страна на други ученици . Потоа повредениот бил пренесен во Клиничка болница во Тетово каде му била укажана лекарска помош.

 

СВР Скопје поднесе кривична пријава против И . В . (29) од Кичево и против М . Н . (26), С . Г . (29), Т . Б . (37) и А . М . (35) , сите од Скопје, поради постоење основи на сомнение з а сторе но   кривично  дело „ н асилство“ . Н а 14.01.2017 година околу 06.00 часот во Скопје, во ноќен клуб на Бул. „ Климент Охридски “ , по претходна вербална расправија, пријавените физички го нападнале лицето С . П . (32) , удираќи го во пределот на главата при што му нане ле т елесени повреди.

 

СВР Куманово поднесе кривична пријава против Љ . Ц . (46) од Куманово поради постоење основи на сомнение за стор ено кривично  дело ,, т ешка кражба” .   На 17.06.2015 година во период од 10 . 30 до 11 . 30 часот пријавениот извршил тешка кражба во куќата сопственост на О . С .   на тој начин што насилно влегол внатре во куќата и одзел 750 евра и лап топ со што причинил материјална штета од 58.100 денари.

 

ПС Гевгелија поднесе кривична пријава против Т . А . (39), Х . Б . (59) , двајцата од Скопје и  против правното лице ДПТУ „Мисскванто“ Дооел увоз-извоз Скопје со седиште во Скопје, поради постоење  основи на сомне ние дека сториле кривично дело  „ в ршење јавен превоз без поседување лиценца“ . На 22.09.2015 година, без да поседува лиценца . Т. А . извршил превоз на патници – бегалци  на релација Гевгелија – граничен премин Табановце, управувајќи а втобус марка „Воклсваген Крафтер“, сопственост на третопријавеното правно лице  во кое  управител  е Х. Б .