Извадок на дел од дневни настани 18.05.2017

На 17.05.2017 година во 08,30 часот во ПС-Карпош, В.М. од Скопје, пријавила дека истиот ден околу 08,00 часот на ул.„Каирска“од страна на непознат сторител и било извршено разбојништво на тој начин што откако го одминала истиот без повод и причина ја турнал на земја и со закана со нож од вратот и го одзел златното ланче, а потоа го напуштил местото на настанот. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и целосно расчистување на случајот.

                                         

На 17.05.2017 година во 22,00 часот во Скопје на ул.„Спиро Црне“ поточно во спортската обложувалница „Спорт Лајф“, две непознати маскирани лица вооружени со пиштоли, извршиле разбојништво над вработениот и притоа одзеле 4.000 денари по што го напуштиле местото на настанот. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и целосно расчистување на случајот.

 

На 18.05.2017 година во 03,00 часот во ЕИК-Скопје, И.А. (19) од Скопје пријавил дека истиот ден околу 01,20 часот на ул.„Благоја Стефковски“, од страна на три непознати лица му било извршено разбојништво на тој начин што додека се движел со возило лицата го стопирале, му побарале пари, а потоа извршиле пребарување на возилото при што во предната лева врата пронашле и одзеле платнена папка во која имало 40.000 денари и го напуштиле местото на настанот. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и целосно расчистување на случајот.

 

На 18.05.2017 година околу 04,00 часот во Скопје во дискотека од страна на лицето А.В. (22) од Скопје физички бил нападнат УПС удирајќи го со тупаница во пределот на лицето, при што истиот се здобил со видливи повреди-ресекотина и оток на десното око. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 18.05.2017 година во 04,30 часот во ЕИК-Скопје,  пријавено е дека во Скопје на ул.„Кеј 13-ти Ноември“ поточно во сендвичара вработениот З.Б. (27) од Скопје, бил прободен со нож во пределот на стомакот. Истиот бил пренесен во УЦ-Скопје, каде дежурниот лекар не се изјаснил за карактерот на повредите, а најверојатно над истиот ќе се изврши хируршка интервенција. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 17.05.2017 година во 20,55 часот телефонски во СВР-Тетово од лекар од МЦ-Тетово, пријавено е дека во населба Дреновец-Тетово, поточно во куќа лоцирана на ул.„Дреновец Порој“ додека лицето Л.А. (20) од Р.Албанија, бил во тоалетот починал од струен удар. Увид на местото на настанот извршиле ЈО и увидна екипа од СВР-Тетово. По наредба на ЈО, телото на починатиот е дадено на обдукција.

 

На 16.05.2017 година во ПС-Чаир, Ј.Р. (68) пријавил дека на 16.05.2017 година од од домот во непознат правец се оддалечила неговата сопруга Ј.А.(64). Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

 

На 17.05.2017 година во ПС-Чаир, И.С. (51) пријавила дека на 16.05.2017 година од „Каменоломот Бразда“, во непознат правец се оддалечил нејзиниот сопруг И.Р.(52). Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

 

На 17.05.2017 година во времето од 18,30 до 19,25 часот во Скопје пред Владата на РМ се собрале граѓани да изразат подршка за новиот мандатар. За време на собирот сообраќајот бил блокиран во двата правца и се пренасочувал.

                                         

На 17.05.2017 година околу 15,00 часот во Скопје на ул.„Финска“ се случила сообраќајна незгода во која додека Д.С. (81) од Скопје се движела на тротоарот, била удрена од ПМВ„Голф“ со скопски регистерски таблици управувано од М.А. (18) од Скопје. По незгодата Д.С. со возило на ИМП била пренесена во УЦ-Скопје, каде и биле констатирани тешки телесни повреди (фрактура на неколку ребра, карлица и потрес на мозокот) и била задржана на понатамошно лекување.

                             
 

На 18.05.2017 година во 00,10 часот на ГП-Аеродром „Александар Велики“-Скопје, на влез во Р.М од Германија допатувал Ш.Г. (23) од Скопје. При контрола во ОЕ утврдено било дека истиот евидира во стоп листата со мерка „A“ (Апси) од Одделение за потраги од СВР-Скопје. Истиот бил лишен од слобода и во 03,00 часот бил предаден на УПС од ПО-Петровец за понатамошна постапка.

 

ПС Делчево поднесе кривична пријава против З.С.(35) од М.Каменица, поради основано сомнение дека сторил кривично дело „разбојништво“. На  16.04.2017 година  околу 01.00 часот во  М.Каменица, на паркинг пријавениот извршил  разбојништво над С.М.(49) од с.Моштица, на тој начин што со употреба на физичка сила  успеал да му го одземе новачникот во кој имало  13.000 денари во различни апоени  и лични документи, а потоа се упатил кон своето ПМВ кое било паркирано во непосредна близина, го стартувал и заминал во непознат правец.

СВР-Штип  до  ОЈО-Штип поднесе кривична пријава против Ш.Н. (26) од Штип, поради основано сомнение дека сторил кривично дело  „тешка  кражба“ и против Џ.И.(29) и М.А.(47) двајцата од Штип,  поради основано сомнение дека сториле кривично дело  „прикривање“. Во временскиот период од 24.01. до 26.02.2017 година првопријавениот со употреба на сила и подобен алат извршил тешка кражба во стан лоциран на ул.„Широк Дол“,  сопственост  на  Д.М. од каде одзел  куфер во кој имало пиштол марка „Чешка зброевка М75 “ ,калибар 9 мм, дозовола за  поседување и носење на огнено оружје на име на оштетениот, две рамки за  пиштол со три  крушуми 9 мм и алат за чистење на пиштол ,  плазма телевизор, разновидна женска бижутерија, брусалица и друг разновиден  електричен алат, со што предизвикал материјална штета  од   околку  76.000,00 денари.  Второ и третопријавениот, иако знаеле дека пиштолот марка „Чешка зброевка М 75 “ заедно  со  две рамки  за муниција,  три куршуми од 9 мм  и алат за  чистење на пиштолот се предмет на кривично дело тешка  кражба, го прикриле  кривичното дело  и  второпријавениот, во присуство на третоприајвениот, ги купил наведените предмети од  првопријавениот.

ПС Гевгелија поднесе кривична пријава против С.Р. (35) од Гевгелија, поради основано сомнение дека сторил кривично дело,,тешка кражба на дрзок начин“. На 25/26.02.2017 година,во временски период од 20.00 часот до 07.00 часот, пријавениот влегол во дворното место од куќа лоцирана во с.Миравци по што со клуч за катанец кој стои над вратата ја отворил влезната врата од помошната просторија, а во внатрешноста со помош на погоден алат ја изрушил основата-изѕидана со тули и одзел бакарен долен дел од казан за варење на ракија.

СВР Скопје поднесе кривична пријава против Ф.Џ. (19) и двајца малолетници на возраст од 17 и 15 сите од Скопје, поради основано сомнение дека сториле кривично дело „насилство“. На 08.03.2017 година, околу 18.30 часот на бул “Кочо Рацин“поточно во близина на автобуска постројка во автобус на ЈСП бр.67,  пријавените извршиле насилство врз 17 годишен малолетник од Скопје, на тој начин што додека се возеле со автобусот на потегот пред автобуската постојка на Југодрво кога го забележале оштетениот пријавените му се приближиле и откако првопријавениот го прашал дали сака да се тепаат, физички го нападнал удираќи го со тупаници во пределот на главата по што му се придружиле и другите двајца кои продложиле да го удират во пределот на главата и телото со тупаници а имале на рацете и боксирачи. Кога автобусот на постројката пријавените избегале во непознат правец, додека оштетениот поради сериозноста на повредите се упатил во градската болница Св.„Наум Охридски“ каде му била укажана лекарска помош.

СВР Скопје поднесе кривична пријава против едно малолетно лице на возраст од 16 години од Скопје, поради основано сомнение дека сторил кривично дело „тешка телесна повреда“. На 28.01.2017 година околу 23.30 часот, во угостителски објект лоциран на ул.“Новопроектирана“ на една маса на која седеле неколку непознати лица меѓу кои и пријавениот настанала расправија, во која истите почнале на висок тон меѓусебно да си упатуват погрдни зборови. По ова Б.Ј. (29) вработен во угостителскиот објект се упатил кон нив со намера да ги замоли да се смират и да престанат да галамат бидеќи ги вознемирувале останатите гости во објектот. Во моментот кога Б.Ј. пристигнал до нив пријавениот без никаков повод и причина физички го нападнал со тупаници, по што заедно со другите лица кои биле со него го напуштиле објектот, а оштетениот се упатил во ургентениот центар при КЦ Мајка Тереза каде откако бил прегледан од страна на лекарите бил пуштен на домашно лекување.

СВР Скопје поднесе кривична пријава против Ш.С.(54), А.С.(21) и Б.С.(24) сите од Скопје, поради основано сомнение дека сториле кривично дело „самовластие“. На 22.03.2017 година, околу 12.00 часот на ул.Пат за Китка во населбата Драчево, пријавените физички го нападнале М.С. (27) од Скопје, удираќи го со тупаници во пределот на главата и левото око. Истиот откако паднал на земја пријавените продолжиле да го влечат за облеката и да го удират при што му нанеле видливи повреди во вид на гребнатинки и модринки. Пријавените потоа насилно од М.С. ги одзеле клучевите од неговото возило, по што А.С. влегол во ПМВ Ауди и истото го однел пред нивната куќа, додека Ш.С. на М.С.и му се обратил дека повеќе нема возило.

СВР Велес поднесе кривична пријава против лицето Т.С. (43) од Велес, поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „затајување“. Пријавениот искористувајќи ја својата положба како возач во Јавното комунално претпријатие „Дервен“ во Велес, при извршување на своите работни задачи подигал,задолжувал картици за гориво за службеното возило при што истите ненавремено ги раздолжувал, не доставувал уредни извештаи за потрошеното гориво по месеци со што го оштетил ЈКП Дервен за сума од 150.874 денари. Во февруари 2016 година, при изготвување на завршна сметка, од страна на сметководственото одделение во ЈКП „Дервен“ бил констатиран кусок од 86.399 денари, за кој пријавениот немал доставено извештај за потрошено гориво, односно, не се раздолжил со задолжените подигнати картици за гориво. Против истиот била поведена дисциплинска постапка по што со решение бил задолжен да го раздолжи кусокот. Но, наместо да постапи по решението, пријавениот продолжил со восоставеното дејствие на подигање картици за гориво а само делумно раздолжувајќи се за истите, при што во февруари 2017 година од страна на сметководственото одделение било констатирано дека долгот пораснал во износ од 150 874 денари.

СВР Велес поднесе кривична пријава против М.Д.(21) од Велес, поради постоење основи на сомнение дека сторила кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“. На 10.11.2016 година, пријавената ја искористила приликата кога М.А. од Велес ја заборавил својата картичка во банкомат и неовластено продолжила транскација со картичката, односно, искористувајќи ги податоците од неа го оштетила именуваниот подигајќи 6 000 денари, по што ја напуштила локацијата на банкоматот.

ПС Делчево поднесе кривична пријава против Ѓ.М. (69) од Делчево, поради основано сомнение дека сторил кривично дело “предизвикување шумски пожар“. На 22.03.2017 година околу 14,00 часот, пријавениот поради небрежност предизвикал шумски пожар на м.в. Селиште атар на с.Драмче СО Делчево во кој изгорела   шума од 12,75 хектари  во сопственост  на Р.Македонија и шума од 22,55 хектари  во сопственост на  М.Д., В.Ј., Д.Ј., С.Г., Ѓ.М., И.И. и П.Ј. сите од Делчево, М.С. од М.Каменица и Д.М. од с.Драмче–Делчево. Од настанатиот  пожар  предизвикана е штета од  големи размери  и тоа на државната  шума од 10.684.000,00 денари, додека на шумата која е во сопственост на горенаведените  лица   не е вршена проценка на штета.

СВР Тетово поднесе кривична пријава против С.Д. (31), државјанин на Косово, поради постоење основано сомнение дека сторил кривично дело “фалсификување на исправа”. На 13.05.2017  година околу 11.50 часот на влез на ГП Јажинце, од страна на полициски службеници од  ПС за ГП- Јажинце извршен бил детален преглед на патничко возило марка „Мецедес“ сопственост на пријавениот. Од извршената контрола на возилото било констатирано дека е извршен фалсификат на бројот на шасијата, односно механички биле избришани фабричкитеподатоци за идентификациониот број на возилото од идентификационата налепница.