Извадок од дневните настани 16.05.2017

На 15.05.2017 година околу 14.50 часот во ПС ОН Струмица, А.П. (46) од с.Дорфулија, општина Лозово, пријавил дека Л.Б. (26) од с.Баница и ја земала патната исправа на Р.А.(22) од Република Турција и не и дозволувала да си оди за Република Турција. Полициски службеници излегле на местото на настанот, при што утврдено било дека во с.Баница, во куќата на Л.Н., се наоѓа Р.А.. Истата, откако ги забележала полициските службеници, се стрчала кон нив и побарала помош, а Л.Б. во присуство на полициските службеници и ја вратила патната исправа. На Р.А. и е обезбедено сместување во хотел, а на 16.05.2017 година со авионски лет од Аеродром „Александар Велики“ ќе биде вратена во Република Турција. Во консултација со Основно јавно обвинителство против Л.Б. ќе биде поднесена кривична пријава за „противправно лишување од слобода“.
 

На 16.05.2017 година во 00.03 часот во ЕИК Скопје било пријавено дека позади ТЦ „Три Бисери“   непознати лица на непознат начин опожариле ПМВ „Мерцедес-Џип“ со скопки регистарски ознаки, сопственост на Т.Ѓ. (46) од с.Марино. Од пожарот било зафатено и комбе „Опел“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на Г.Љ. од Скопје. Од пожарот ПМВ „Мерцедес – Џип“ бил целосно опожарен, додека на комбето бил зафатен само еден дел. Пожарот е изгаснат од Бригадата за противпожарна заштита. Увид ќе се врши во текот на 16.05.2017 година.
 

На 15.05.2017 година од 17.10 до 20.30 часот во Скопје и Прилеп во организација на граѓанската иницијатива „За Заедничка Македонија“ се одржале протестни маршеви. Граѓаните кои се собрале се движеле низ улиците во наведените градови. За време на собирите немало нарушувања на Јавниот ред и мир.
 

На 15.05.2017 година во 10.58 часот во ЕИК Скопје било пријавено дека во Ургентен центар Скопје бил донесен повреден П.Ј. (51) од Скопје, кој работел на објект во изградба на ул. „Рузвелтова“. Истиот паднал од висина и се здобил со тешки телесни повреди. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
 

На 15.05.2017 година во 15.50 часот во ЕИК Скопје, Б.Н пријавил дека на бул. „Никола Карев“, во објект во изградба, С.Б. (22) од Генерал Јанковиќ-Косово паднал од висина. Истиот со Итна медицинска помош бил пренесен во Градска општа болница „Св. Наум Охридски“, каде му била укажана лекарска помош и му биле констатирани тешки телесни повреди.
 

На 15.05.2017 година околу 06.45 часот во Штип, на ул. „Сутјеска“ се случила сообраќајна незгода во која ПМВ „Даеву Рејсер“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.К. (34) од Штип, удрило во пешакот В.Р. (55) од Штип. Во незгодата пешакот се здобил со тешки телесни повреди и по укажаната лекарска помош во Клиничка болница Штип бил пуштен на домашно лекување. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на СВР Штип.
 

На 15.05.2017 година во 18.00 часот во Кочани, на крстосницата од ул. „С.Ербапче“ и ул.„М.Епископија“, се случила сообраќајна незгода помеѓу мотоцикл „Хонда“ без регистарски ознаки, управуван од Д.С. (18) од Кочани и ПМВ „Рено Меган“ со штипски регистарски ознаки, управувано од Д.Л. (36) од Кочани. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле возачот и сопатникот на мотоциклот С.М. (18) од Кочани. По укажаната лекарска помош во Медицински центар Кочани Д.С. бил препратен во Клинички центар Штип, а С.М. е задржан на понатамошно лекување. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од ПС Кочани.
 

На 15.05.2017 година во 17.30 часот во Скопје, на крстосницата од ул. „Јустинијан Први“ и ул.„Малешевска“, се случила сообраќајна незгода во која Х.И. (19) од Скопје, управувајќи ПМВ „Пежо“ со скопски регистарски ознаки, изгубил контрола над истото, излегол надвор од коловозот, по што удрил во метален столб од светлосна канделабра. Во незгодата со повреди се здобиле возачот и сопатничката Т.К. (42) од Скопје. Истите со возило на Итна медицинска помош биле пренесени во Ургентен центар Скопје. По укажаната лекарска помош кај Т.К. биле констатирани тешки телесни повреди, по што е задржана на понатамошно лекување, а кај Х.И. биле констатирани телесни повреди, по што е пуштен на домашно лекување. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Скопје.
 

На 15.05.2017 година околу 21.48 часот во Скопје, на ул. „Методија Митевски“, било забележано опожарено ПМВ „Рено Меган“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на Н.К. (44) од Скопје. Пожарот настанал кај моторот, а причина за истиот е најверојатно неисправна електрична инсталација. Од настанатиот пожар нема повредени лица, а причинета е само материјална штета која дополнително ќе биде утврдена. Пожарот бил изгаснат од страна на екипа од Бригадата за противпожарна заштита Скопје. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
 

НК за КР Кочани поднесе кривична пријава против М.Ѓ. (25) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „силување“ во обид. На 13.05.2017 година околу 11.00 часот во индустрискиот дел во Кочани пријавениот во неколку наврати, со употреба на физичка сила, се обидел да изврши полови дејствија над К.С. (21), при што и нанел телесни повреди на рацете и половината.
 

СВР Куманово поднесе кривична пријава против Е.М. (29) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,силување”. На 21.04.2015 година околу 04.40 часот во семејната куќа, додека С.С. (37) спиела, дошол пријавениот, влегол внатре, се приближил до креветот и извршил полови дејствија над истата, а потоа и го одзел мобилниот телефон и побегнал.
 

НК за КР Кочани поднесе кривична пријава против В.К. (25) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“. На 19.03.2107 година, на скалите пред Одделението за гинекологија во Општа Болница Кочани, пријавениот без причина и повод почнал да ја навредува и да упатува закани по животот на болничарката С.С. (43), а во еден момент удрил во стаклото, кое се скршило и едно парче од истото се закачило над десната слепоочница на С.С., нанесувајќи и расекотина.
 

СВР Струмица поднесе кривична пријава против В.Ч. (57) од Струмица, директор во ЈЗУ „Здравствен Дом“ Струмица, поради постоење основи на сомнение за сторено кривичнo делo „злоуопотреба на службена положба и овластување“. Од страна на Државниот пазарен инспекторат било изготвено Решение и прекршочен платен налог, со кој за сторен прекршок биле казнети правното лице ЈЗУ „Здравствен дом“ Струмица со казна во износ од 46.125 денари и управителот на правното лице, односно Директорот со глоба во износ од 13.838 денари. Пријавениот ја злоупотребил неговата службена положба и овластување со тоа што казната во износ од 13.838 денари која се однесувала за него како одговорно лице ја платил од касата на правното лице.
 

СВР Струмица поднесе кривична пријава против ДПТУ „Инекс БС Компани“ ДООЕЛ, увоз – извоз с. Ново Коњарево и Б.С. (23) од с.Ново Коњарево, управител без ограничувања во наведеното правно лице, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „даночно затајување“ и „фалсификување и уништување на деловни книги“. Пријавените, за деловната 2016 година, не пресметале и неуплатиле персонален данок на доход во вкупен износ од 1.887.746 денари, а пресметале и помала обврска за ДДВ во 2016 година во вкупен износ од 231.742 денари. Со ваквите дејствија пријавените го оштетиле Буџетот на Република Македонија во вкупен износ од 2.119.448 денари.
 

СВР Струмица поднесе кривична пријава против ДПТУ „ИНЕКС БС“ ДООЕЛ, увоз-извоз с. Ново Коњарево и Ј.С. (48), управител без ограничување, неограничени овластувања во внатрешниот и надворешниот трговски промет, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „даночно затајување“ и „фалсификување и уништување на деловни книги“. Во периодот од 2014 и 2015 година, пријавените не пресметале и не уплатиле персонален данок на доход во износ од 578.300 денари. Исто така, помалку пресметале обврска за Данок на додадена вредност во износ од 755.429 денари, а пресметале и помала обврска за данок на добивка. На овој начин, пријавените го оштетиле Буџетот на Република Македонија во износ од 1.807.412 денари.
 

НК КР Кичево поднесе кривична пријава против М.Н. (34) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „приредување на игри на среќа без лиценца, односно дозвола од надлежен орган“ од Законот за игри на среќа и забавни игри и „злоупотрба на лични податоци“ и против Б.М. (32) од Скопје поради постоење основи на сомнение за „фалсификување службена исправа“. Во периодот од декември 2015 година до 20.05.2016 година, во посебно уреден деловен објект на улица „11-ти Септември“ во Кичево, М.Н. неовластено организирал и приредувал игри на среќа во спортска обложувалницa без да поседува лиценца од Министерството за финансии. На 20.05.2016 година, во периодот од 18.00 до 20.00 часот, Б.М. во својство на помлад инспектор од УЈП, извршил надворешна контрола во спортската обложувалница. Во тој момент М.Н. ги злоупотребил личните податоци на А.Ш. од Струга и без негова согласност го претставил како одговорно лице, кои Б.М. ги искористил во записникот за извршен инспекциски надзор. Б.М. внел невистинити податоци дека во моментот на контрола го затекнал одговорното лице А.Ш. од Струга, иако истиот не бил присутен. Покрај ова, Б.М. внел невистинити податоци и во останатите службени исправи на начин што целокупната службена документација ја изготвил на име од А.Ш., а потоа ја заверил со свој потпис и ја употребил во УЈП-Скопје како да е вистинита. Од страна на службените лица од УЈП-Регионална Дирекција-Тетово донесено е Решение за времена забрана за приредување на игри на среќа во трите деловни простории во траење од 30 дена, глоба во износ од 1000 ЕУР во денарска противвредност, одземени се паричните средства во спортските обложувалници и техничка опрема која е предадена во ПС Кичево.
 

СВР Струмица поднесе кривична пријава против Р.Н. (25) од Струмица поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“. Во текот на април 2016 година, на место викано Каратопрак, на нива која ја користи пријавениот истиот засадил растенија од видот „Канабис сатива“. Во текот на август, при извршена проверка од страна на полициски службеници, бил затекнат пријавениот, кој со себе имал две растенија од видот „Канабис сатива“, кои ги користел за сопствени потреби. Пријавениот доброволно предал и опојна дрога „марихуана“ со нето маса од 2,23 грама.
 

СВР Струмица поднесе кривична пријава против И.М. (34) од Ново Село поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштење во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“. На 14.09.2016 година од страна на полициските службеници извршен е претрес во домот и другите помошни простории во куќата на пријавениот, каде се пронајдени и одземени 7,77 грама марихуана и една семка од растението „Канабис сатива“.
 

СВР Велес поднесе кривична пријава против Б.А. (34) од Велес поради постоење основи ан сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. На 08.02.2017 година, при редовна контрола, во близина на паркинг простор во Велес, сопрено е ПМВ „Фолксваген голф“, управуван од лице од Велес, а при контрола кај совозачот пронајдена и одземена е 0,98 грама опојна дрога марихуана, која ја набавил од пријавениот.
 
НК за КР Гевгелија поднесе кривична пријава против И.М. (29) од Гевгелија поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“. На 06.03.2017 година при извршен претрес во домот на пријавениот во Гевгелија била пронајдена ловечка пушка. По извршените проверки било потврдено дека пријавениот не поседува било каков вид на оружје.