Извадок на дел од дневните настани 13.05.2017

На 12.05.2017 година околу  13,00 часот во Тетово од засега непознати причини  настанал пожар во ПМВ „Фиат Мултипла“ со швајцарски национални ознаки управувано од С.К. (48) од Скопје, при што бил изгорен предниот дел од возилото, односно моторниот простор во пределот на  акумулаторот, по што пожарот веднаш од  страна на  С.К.  и  други  лица кои биле присутни на местото на настанот бил  локализиран. Увид извршила увидна екипа на СВР-Тетово. Се работи на расчистување на настанот.

На 12.05.2017 година во периодот од 17,30 до 21,00 часот во Скопје, Кавадарци, Битола, Штип, Струмица, Прилеп, Куманово, Велес и Охрид во организација на граѓанската иницијатива „За Заедничка Македонија“ се одржале протестни маршеви. Граѓаните кои се собрале, се движеле низ улиците во наведените градови.  За време на собирите немало нарушувања на Јавниот ред и мир.

На 12.05.2017 година околу 17,10 часот на магистралниот пат Штип-Скопје, кај с.Кадрифаково, се случила сообраќајна незгода во која Д.Д. (51) од Скопје управувајќи ПМВ “Дачија Логан“ со скопски регистерски таблици изгубил контрола над истото и излетал од коловозот. Во незгодата сопатникот Д.С. (75) се здобила со тешки телесни повреди, по што била пренесена во КЦ-Штип, каде околу 19,20 часот починала, а кај Д.Д биле констатирани тешки телесни повреди, по што укажана му била лекарска помош во КЦ-Штип и бил задржан на понатамошно лекување. Извршен е увид и се работи на целосно расчистување на случајот.

На 12.05.2017 година во 09,10 часот во ЕИК-Скопје, пријавено било дека во населба Ѓорче Петров-Скопје, кај пазарчето, се случила сообраќајна незгода во која ПМВ„Пасат“ со скопски регистерски ознаки,  управувано од Р.А.(47) од Скопје удрило во пешакот Г.М. (70) од Скопје. Пешакот со возило на ИМП е пренесен во УЦ-Скопје каде му се констатирани тешки телесни повреди и истиот бил задржан на понатамошно лекување. Извршен е увид и се работи на целосно расчистување на случајот.

Поради постоење основи на сомнение за сторени две казнени дела „тешка кражба“, полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против Б.П. (29) од Струга. Пријавениот, казнените дела ги сторил во периодот од 20 до 22 минатиот месец во маркетите „Дрилон“ и „Тинекс“ во Струга. Кражбите ги вршел во згодна прилика користејќи погоден момент, по што противпправно одземал алкохолни пијалоци. Б.П. е фатен непосредно по сторена кражба во маркетот „Тинекс“.