Извадок на дел од дневните настани 09.05.2017

 На 09.05.2017 година во 00.22 часот во ЕИК, М.Н. пријавил дека во тобако на бул. „Кузман Јосифовски Питу“ непознат сторител извршил разбојништво. Сторителот со закана со пиштол го одзел 60.000 до 70.000 денари од дневниот промет по што побегнал во непознат правец. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно рачистување на случајот.

 

На 08.05.2017 година околу 18.00 часот во Тетово на ул. „Илинденска“, додека полициски службеник се движел со возило во правец кон излез од градот за Гостивар, пред него излегло ПМВ „Фоксваген Голф“ со германски национални ознаки, управувано од  Б.Ј. (32) од с.Слатино, општина Теарце, кое се движело неконтролирано по коловозот. Го престигнал возилото и го запрел, каде го предупредил Б.Ј. на неговото однесување како и можното загрозување на сообраќајот. После тоа Б.Ј. почнал да му се заканува, а потоа и физички го нападнал со тупаница во пределот на главата по што полицискиот службеник паднал на асфалтот, а Б.Ј. продолжил да го удира со клоци и тупаници по целото тело, по што го напуштил местото на настанот. Во Клиничката болница Тетово на полицискиот службеник му била укажана лекарска помош и му биле констатирани тешки телесни повреди. Истиот ден во просториите на СВР Тетово, во присуство на адвокат, извршен е разговор со Б.Ј. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

 

На 08.05.2017 година во периодот од 07.20 до 16.30 часот во Скопје,  на ул. „Христо Батанџиев“ во станот на М.М. непознат сторител извршил тешка кражба. Сторителот се качил на балконот од станот на приземниот кат и со употреба на погоден алат и физичка сила насилно ја отворил балконската врата, влегол внатре, извршил пребарување и одзел златен накит, пари, технички предмети, пиштол марка „Чешка Зброевка“ калибар 9 мм. и две рамки со по 15 куршуми. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.

           

На 09.05.2017 година во 05.30 часот во ЕИК, А.А. од Скопје пријавил  дека во куќата каде што живеел,  ја запалил собата. Од пожарот била опожарена целата соба, а бил зафатен и дел од ходникот. Од страна на Бригадата за противпожарна заштита пожарот бил локализиран. Повредени лица нема. Увид на местото на настанот ќе се врши на 09.05.2017 година.

                                         

На 08.05.2017 година во 10.00 часот во СВР Штип, А.Д. (71) од с.Горно Трогерци, штипско, пријавил дека, додека вршел ископ во дворот од сопствената куќа, пронашол стара неексплодирана артилериска граната кал.76 мм која потекнува од Првата Светска војна. Од страна на пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување гранатата била подигната за понатамошна постапка.

 

На 09.05.2017 година во 01.30 часот во ПС Тетово, С.З. (21) од с. Мала Речица пријавила дека на 08.05.2017 година од околу 08.00 часот од дома во непознат правец се оддалечила нејзината 15-годишна сестра. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

 

На 08.05.2017 година од 17.15 до 21.00 часот во Скопје, Охрид, Куманово, Прилеп, Кавадарци, Битола, Струмица, Велес и Штип во организација на граѓанската иницијатива „За Заедничка Македонија“ се одржале протестни маршеви. Граѓаните кои се собрале се движеле низ улиците во наведените градови. За време на собирите немало нарушувања на Јавниот ред и мир.                                        

 

На 08.05.2017 година во 16.00 часот на ГП Аеродром „Александар Велики“ Скопје, при пасошка контрола, било констатирано дека лицето С.Б. (25) од Шуто Оризари-Скопје евидира во стоп листата со мерка „A“ (Апси).  Истиот е лишен од слобода и во 17.30 часот е предаден на полициски службеници од ПО Петровец за спровод до затвор-Скопје.

 

НК за КР Делчево поднесе кривична пријава против У.М. (27) од Виница поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „противправно лишување од слобода“. На 17.04.2017 година околу 23.00 часот на ул. „Маршал Тито“ во Делчево пријавениот пресретнал 17-годишно девојче  од Делчево, која била со нејзината баба, и со употреба на сила ја ставил во такси возило. Истата се противела и сакала да замине, но У.М. ја удрил во пределот на носот нанесувајки и телесна повреда. Такси возачот се вознемирил од настанот и пратил порака на сопственикот на такси компанијата во која напишал да биде сопрен од полицијата во Македонска Каменица.

 

СВР Штип поднесе кривична пријава против П.С. (26) од Струга, на издржување на казна затвор во Казнено поправниот дом Штип, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. Пријавениот, како затвореник во Затвор Штип, за време на викенд отсуство неовластено, заради продажба, од непознато лице набавил неодредена количина на наркотична дрога марихуана, која потоа ја препакувал во мали пакувања и ја внел во затворот.  На 15.02.2017 година, по извршен претрес, пронајдени се 19 пакувања наркотична дрога марихуана со вкупна тежина од 5,32 грама.

 

НК за КР Струга поднесе кривична пријава против Б.Б. (37) од Струга поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. На 13.02.2017 година на ул. „Боро Хаџиески Путе“ во Струга извршен бил преглед над пријавениот и во џебот од пантолоните било пронајдено и одземено едно пакување со 0,46 грама марихуана. Во разговорот Б.Б. кажал дека марихуаната ја добил од лице без  паричен надомест.

 

НК за КР Гостивар поднесе кривична против С.Н. (30) и И.Д. (45), двајцата од с.Равен, гостиварско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. На 04.05.2017 година во 17.45 часот во градскиот парк во центарот на Гостивар полициски службеници извршиле контрола и личен преглед на И.Д., при што пронашле бела најлонска кеса со марихуана. Од извршениот разговор со И.Д. утврдено е дека С.Н. држи поголема количина опојна дрога марихуана и дека тој му ја дал најлонската кеса со марихуана на второпријавениот. По наредба на Судија на претходна постапка  извршен е претрес во дом и други помошни простории на С.Н., каде се пронајдени 372,3 грама марихуана.

 

СВР Струмица поднесе кривична пријава против Т.М. (52) од с.Дрвош, вработен како референт во ЈП „Македонски шуми“ Скопје,  ПШС „Беласица“ поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“. На 18.09.2016 година на локалниот пат с.Свидовица-с.Куклиш, од страна на полициски службеници од ПС ОН Струмица во содејство со Шумска полиција, извршена била контрола на трактор со приколка, натоварен со дабови и букови огревни дрва, управуван од лице од с.Орманли, за што истото приложило испратница издадена од Министерство за шумарство и водостопанство за три метри кубни дабови огревни дрва. При прегледот било утврдено дека се превезува поголема количина, односно 3,5 метри кубни дабови и букови огревни дрва, жигосани со чекан со кој бил задолжен пријавениот и од кого била издадена горенаведента Испратница. Пријавениот во дозволата за сеча навел цена на дабови сечаници, а издал дабови и букови огревни дрвја. Сечаниците се со дијаметар 3-7 см и по цена 1.150 денари без ДДВ, а додека буковите и дабовите огревни дрва се со дијаметар од 7-16 см и според ценовникот на ЈП „Македонски шуми“ се продаваат по цена 1.770 денари без ДДВ. На тој начин пријавениот го оштетил ЈП „Македонски Шуми“ за износ  од 3.174 денари.

 

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Е.Б. (54) од Битола, со престој во Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,фалсификување или уништување деловни книги”. На 13.04.2017 година пријавената, неовластено се потпишала во деловната книга за евиденција на присутност за работа за 2017 година која, работодавачот ЈП „Македонски шуми-ПШС Галичица Охрид“ уредно ја водел. Тоа го направила утрото при евидентирање на присуството на работа, кога забележала дека за претходниот ден не внела потпис на местото определено за време на заминување од работа, по што од раководителот бил поставен знак за отсутност. Тогаш, пријавената Е.Б. над ознаката, неовластено се потпишала и ставила час на заминување, сакајќи да прикаже дека уредно ја евидентирала обврската. Во тоа била забележана од вработена која, на таквата неоснована постапка реагирала кон пријавената при што, најнапред вербално а потоа и физички била нападната. При таа караница, пријавената Е.Б. ја оштетила деловната книга со  податоците за присутност.

 

ПС Струга поднесе кривична пријава против Н.М. (38) од с. Радолишта струшко, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „кражба на дрва“.  Пријавениот, во  периодот од 21.04.2017 до 01.05.2017 година, од месноста  „Мартинов кутел“ во атарот на с. Вишни, противправно одзел околу 30 метри  просторни огревно дрво даб и бука, исечени  и наместени за дотур.