Извадок на дел од дневните настани 08.05.2017

 На 07.05.2017 година во 15,35 часот во Куманово од страна на УПС од ПС-Куманово била дадена асистенција на екипата од ИМП, за укажување на лекарска помош на душевно болно лице Т.М.(44), со цел истиот да го пренесат од неговиот дом во Нервното одделение при МЦ-Куманово, бидејќи бил нивни пациент. Во времето кога УПС пристигнале во домот на истиот, тој делувал смирено, но кога од страна на УПС му било кажано да појде со екипата на ИМП, тој од работната маса на кујната турнал еден кујнски сад под кој се наоѓал кујнски нож и го зел во рака по што замавнал кон УПС со намера да го погоди во пределот на градите. Т.М. бил спречен во намерата од страна на друг УПС со фаќање на неговата рака. Од страна на УПС биле употребени средства за присилба и откако истиот бил доведен во состојба на послушност, од неговата рака бил отстранет ножот, по што со медицинско возило бил транспортиран во Нервно одделение, а потоа во Душевна болница Бардовци-Скопје. По овластување на ЈО, увид извршила увидна екипа од СВР-Куманово. Се работи на целосно расчистување на случајот.

           

На 07.05.2017 година во 22,40 во ПС за ГП-Старавина било пријавено дека на м.в.„Расимбегов мост“ во близина на Прилеп, во два наврати било пукано од огнено оружје. Од страна на УПС по преземените мерки, во 23,15 часот, на раскрсницата за с.Дуње-Прилеп, било сопрено ПМВ “Сеат Толедо“ со прилепски регистерски таблици управувано од Б.А. (36), а како сопатници биле П.Т.(44) и Д.Д. (48) сите од Прилеп. При извршениот преглед, кај Д.Д. бил пронајден пиштол “ЦЗ 99“ кал.9мм. Во разговорот истиот изјавил дека од наведениот пиштол пукал на м.в.„Расимбегов мост“, од каде подоцна и се подигнати испукани чаури. Со потврда за привремено одземени предмети, од Д.Д. бил одземен пиштолот. Против истиот по целосното расчистување и документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава.

 

На 07.05.2017 година околу 14,00 часот било пријавено дека во Скопје на ул.„Петар Манџуков“, поточно во Дом „25-ти Мај“, на првиот спрат, во една од собите настанал  пожар, при што бил опожарен инвентарот во собата. Пожарот бил изгаснат од страна на екипа од БППЗ-Скопје. Увид ќе се врши во текот на 08.05.2017 година.

 

На 07.05.2017 година во 10,45 часот во атар на с.Лавци-Битола, била пронајдена артилериска граната кал.75 мм потекло од Првата светска војна. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на СВР-Битола, а од страна на пиротехничар, истата е безбедно подигната.

 

На 07.05.2017 година околу 13,45 часот во Куманово на бул.„Октомвриска Револуција“случена е сообраќајна незгода помеѓу ПМВ “Цитроен Ксара“ со кумановски регистерски ознаки управувано од Д.Т.(40) и пешак М.П.(39) и двајцата од Куманово. Од незгодата, М.П. се здобила со тешки телесни повреди по што со возило на ИМП била пренесена во ОБ-Куманово, но поради сериозноста на повредите истата била пренесена во КЦ-Скопје. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на СВР-Куманово. Се работи на целосно расчистување на случајот.

                                         

На 07.05.2017 година во 10,30 часот на крстосницата на регионалниот пат со локален пат за с.Нистрово случена е сообраќајна незгода помеѓу ПМВ “Опел Астра“ со тетовски регистерски ознаки управувано од З.М.(52) од Тетово и ПМВ “Мерцедес“ со скопски регистерски ознаки управувано од А.С. (45) од Скопје. Од незгодата, со тешки телесни повреди се здобил сопатникот З.Ј. по што со возило на ИМП бил пренесен во МЦ-Гостивар. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на ПС-Гостивар. Се работи на целосно расчистување на случајот.

                                          

На 07.05.2017 година околу 19,40 часот во с.Усје-скопско, кај м.в.„Ограда“, на земјен пат, случена е сообраќајна незгода во која Д.А.(38) од Скопје, управувајќи трактор ИМП 560, изгубил контрола над движењето на тракторот и со истиот излегол од патот и паднал во провалија. Од незгодата, Д.А.се здобил со тешки телесни повреди. Истиот бил задржан на лекување во Одделенито за КАРИЛ. Се работи на целосно расчистување на случајот.

 

Поради постоење основи на сомнение за две сторени кривични дела „тешка кражба”, СВР Охрид поднесе кривична пријава против Д.О.(32) од Охрид. Пријавениот, казнените дела ги сторил во периодот од 13-ти до 27 јануари оваа година, во канцеларија лоцирана на булеварот „Туристичка“ и во стан на улицата „Мирче Ацев“ во Охрид. Во извршувањето на тешките кражби, пријавениот Д.О. користел подесен алат со кој ја отворил влезната врата од канцеларијата, одзел клуч од комбе марка „Мерцедес“, по што на ист начин делувал врз дрвена врата во канцеларијата и од работно биро одзел околу 16.000 денари. Успевајќи да отвори влезна блиндор врата, пријавениот влегол во стан на улицата „Мирче Ацев“ извршил пребарување по сите соби и од дневната соба одзел 1000 денари, од спалната соба одзел два златни прстени и едно златно ланче. Користејќи подесен алат, тој ја отворил наткасната до лежајот и од внатре одзел 100 евра. Со извршените казнени дела „тешка кражба“, пријавениот се стекнал со противправна имотна корист од 46.000 денари.  

Поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „оштетување туѓи предмети”, полициската станица од Струга, поднесе кривична  пријава против Џ.Д.(69) и Л.М.(40), двајцата од струшкото село Радолишта. Пријавените, оштетувањето го извршиле на 12-ти декември минатата година на сеуште неистражено место што е составен дел од ранохристијанската базилика во струшкото село Радолишта кое претставува прогласен споменик на културата и заведен во Централен регистар на споменици на културата на Република Македонија под надлежност на „Завој и музеј“ на град Охрид. Оштетувањето на местото во состав на Базиликата е извршено кога пријавените вршеле ископ со механизација,поради тампонирање на постојниот локален пат од селото Радолишта до магистралниот пат Струга–Ќафасан. Со ископот, неовластено бил опфатен сеуште неистражениот дел кој се наоѓал северно од ранохристијанска – базилика.