Извадок на дел од дневните настани 07.05.2017

 На 06.05.2017 година околу 21.30 часот во Скопје, на ул. „Анри Барбис“, во колонијална продавница непознат сторител извршил разбојништво. Сторителот со закана со нож кон вработената од касата го одзел дневниот промет и избегал во непознат правец. СВР Скопје презема мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.

 
На 06.05.2017 година во 17.50 часот, во атарот на с.Велушина, битолско, позади манастирот “Св.Ѓорѓија“  било пронајдено починато непознато машко лице на возраст од околу 60 години. Од страна на екипа од Итна медицинска помош била констатирана смрт без траги на насилство, односно дека се работи за природна смрт. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

 
На 07.05.2017 година во 05.10 часот на паркинг-просторот пред мотелот во с.Проевце, кумановско,  избувнал пожар во ПМВ „Фолксваген Голф“ со албански регистарски ознаки, сопственост и управувано од Р.Х. (26) од Тирана, Република Албанија. Пожарот настанал неколку минути откако го паркирал возилотот. Во пожарот возилото целосно изгорело. Се преземаат мерки за утврдување на причините за настанување на пожарот.

 
На 07.05.2017 година околу 05.00 часот на влезот во Охрид, кај с.Рача се случила сообраќајна незгода во која Д.Т.(20) од Охрид изгубил контрола над ПМВ „Опел Корса“ со охридски регистарски ознаки и излетал од коловозот. Од здобиените повреди Д.Т. починал на местото на незгодата. Сопатниците во возилото Д.Р. (25) и Ж.П. (22), двајцата од Охрид, се здобиле со тешки телесни повреди и со возило на Итна медицинска помош биле пренесени за укажување на медицинска помош во Медицински центар Охрид.

 
На 06.05.2017 година во 09.00 часот на патниот правец Градско-Прилеп се случила сообраќајна незгода помеѓу  ПМВ „Фолксваген Голф“ со штипски регистарски ознаки, управувано од И.М.(46) од Берово и ПМВ „Фолксваген Голф“ со битолски регистарски ознаки, управувано од И.М.(56) од Битола. Во незгодата И.М. (од Берово) се здобил со тешки телесни повреди и со возило на ИМП бил  пренесен во Градска болница Прилеп, од каде поради сериозноста на повредите бил препратен во Клинички центар Скопје за понатамошно лекување.  Увид на местото на настанот извршила екипа од ПС Прилеп.

 
На 06.05.2017 година во периодот од 15.55 до 16.50 часот сообраќајот на магистралниот пат Охрид - Ресен кај с.Опеница бил во прекин, поради вршење увид  на место на сообраќајна незгода.

 
На 06.05.2017 година во 09.40 часот на локалниот пат с,Боговиње-с.Ново Село, полициски службеници од ПС за ГН Маздрача забележале паркирано ПМВ „Мерцедес“ со тетовски регистарски ознаки. Откако ги забележал полициските службениви, возачот на возилото, најпрвин пополека го придвижил возилот,а набргу потоа нагло ја зголемил брзината и се дал во бегство. Полициските службеници тргнале по него. Во еден момент возачот на возилото „Мерцедес“ од прозорецот до совозачкото седиште исфрлил една најлонска кеса. По кратко време возилото било пресретнато и сопрено. Над возачот Л.З. (29) од с.Боговиње и во возилото бил извршен преглед при што биле пронајденипет глави во вид на мали топчиња  со непозната зелена тревкаста материја, најверојатно марихуана, едно пластично шише, вага за мерење и една керамичка плочка. Исто така, била пронајдена и кесата што ја исфрлил Л.З. од возилото. Во истата биле пронајдени една поголема и три помали кеси сонепозната зелена тревкаста материја.  После тоа Л.З. е лишен од слобода и заедно со непознатата зелена тревкаста материја со тежина од околу 500 грама и возилото бил предаден во ПО Камењане за понатамошна постапка.