Извадок на дел од дневните настани 06.05.2017

На 06.05.2017 година во 06.00 часот во ЕИК Скопје, вработен во тобако пријавил дека околу 05.30 часот на ул. „Народни Херои“ во тобакото, непознат маскиран сторител извршил разбојништво. Сторителот со закана со пиштол ги одзел парите од дневниот промет по што го напуштил местото на настанот. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.

На 05.05.2017 година во перидот од 19.00 до 22.40 часот во Битола, на ул. „1-ви Мај“, во куќата сопственост на П.Т. (53), непознат сторител извршил тешка кражба. Сторителот насилно отворил еден од прозорците на куќата, влегол внатре и по извршено пребарување одзел пиштол „Црвена Застава“ калибар 9мм со два оквири и два куршуми, по што го напуштил местото на настанот. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.

На 05.05.2017 година околу 13.30 часот во Скопје на ул. „Водњанска“  дошло до расправија помеѓу сестрите М.П. (52) и М.П. (52), при што со кујнски ножеви се нанеле по неколку убодни рани една на друга. Истите се хоспитализирани во Ургентен центар Скопје. Кај една од сестрите била констатирана тешка телесна повреда – крварење од белодробно крило, додека за карактерот на повредите на другата сестра дополнително ќе се произнесат од Ургентниот центар. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

На 05.05.2017 година во 11.30 часот во ПС Гази Баба, вработен во домот „Ранка Милановиќ“ од Скопје пријавил дека на 21.04.2017 година во 07.45 часот лицето Н.Д. (20), штитеник на домот самоволно ја напуштил установата и се оддалечил во непознат правец. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

На 05.05.2017 година од 17.30 до 21.00 часот во Скопје, Охрид, Куманово, Прилеп, Кавадарци, Битола, Струмица, Велес и Штип во организација на граѓанската иницијатива „За Заедничка Македонија“ се одржале протестни маршеви. Граѓаните кои се собрале се движеле низ улиците во наведените градови. За време на собирите немало нарушувања на Јавниот ред и мир.

На 05.05.2017 година околу 14.15 часот во Куманово, на ул. „Никола Тесла“ се случила сообраќајна незгода во која ПМВ „Голф“ без регистарски ознаки, управувано од Е.М. (29) од Куманово, удрило во пешакот Б.Т. (78) од Куманово, кој туркал рачна количка. Б.Т. со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Општа болница Куманово, од каде поради карактерот на повредите како итен случај е препратен во Ургентен центар Скопје. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Куманово.

На 05.05.2017 година околу 14.15 часот во Гостивар, на ул. „Беличица“ се случила сообраќајна незгода помеѓу ПМВ „Опел Вектра“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од 16-годишник од с.Д.Бањица, гостиварско и мотоцикл –непозната марка без регистарски ознаки, управуван од Р.И. (70) од Гостивар. Р.И. со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Општа болница Гостивар, каде му се констатирани тепки телесни повреди и како итен случај бил препратен во Ургентен центар Скопје. Увид на местото на настанот извршила екипа од ПС Гостивар.

На 05.05.2017 година во 20.00 часот на автопатот Гостивар-Тетово, кај клучка Камењане, се случила сообраќајна незгода во која Ќ.М. (47) од с.Црн Врв, Општина Студеничане, управувајќи ПМВ „Голф“ со скопски регистарски ознаки излетал од патот. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката Ш.М. (45) од с.Црн Врв, која по укажаната лекарска помош во Клиничката болница Тетово, поради карактерот на повредите била препратена во Ургентен центар Скопје. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Тетово. Во периодот од 23.05 до 23.50 часот сообраќајот на тој дел од патот бил во прекин, и истиот бил пренасочен по клучка Камењане кон с.Камењане до влез во Тетово.