Извадок на дел од дневни настани 02.05.2017

 На 01.05.2017 година во периодот од 12.00 до 20.00 часот во Скопје, на бул. „АВНОЈ“, во станот сопственост на С.М. (49) непознат сторител извршил тешка кражба. Сторителот влегол во станот и одзел пиштол „Црвена Застава“ калибар 7,65мм, негова сопственост. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.

 

На 01.05.2017 година околу 11.00 часот во Битола, на ул. „Ѓорче Петров“, поради сторени сообраќајни прекршоци, полициски службеник сопрел ПМВ „Лада“ со битолски регистарски ознаки, управувано од Ш.Х. (25) од Битола. Истиот, по краток разговор со полицискиот службеник, го стартувал возилото и се дал во бегство. Со службено возило полициски службеници се упатиле по возилото на Ш.Х. и со светлосни и звучни сигнали му издале наредба да го запре возилото. Кога застанал со возилото, на Ш.Х. му било кажано да ги извади и предаде регистарските таблици на кои им била истечена важноста. Ш.Х. агресивно ги истргал од возилото и неколку пати со истите го удрил полицискиот службеник во пределот на ногата, нанесувајќи му телесни повреди. Други двајца полициски службеници, кои се обиделе да му пружат помош на полицискиот службеник при обидот да го донесе Ш.Х. во состојба на послушност, биле физички спречени со туркање и влечење од страна на тројцата сопатници од ПМВ „Лада“. По кратко време на местото пристигнала групата за интервенција, по што лицата биле спречени во понатамошните дејствија. Во Полициска станица приведени биле лицата Н.А. (49), Н.Х. (52) и С.Х. (23), сите од Битола. По целосно комплетирање на настанот, против лицата ќе биде поднесена соодветна пријава.

 

На 02.05.2017 година околу 00.10 часот во Прилеп, од непознати причини избувнал пожар во „Тутунски Комбинат“ при што била опожарена сушална за тутун. Во 01.00 часот, од екипа на Територијалната противпожарна единица Прилеп, пожарот бил изгаснат. Увид ќе се врши во текот на 02.05.2017 година.

 

На 01.05.2017 година околу 19.00 часот во с.Џепчиште, тетовско, на м.в. „Лозје“, И.Н. (50) од с.Џепчиште, додека извршувал земјоделски работи, во близина на неговата нива пронашол корозирана рачна бомба-кашикара. Од страна на стручно лице од Дирекцијата за заштита и спасување Тетово, пронајдената експлозивна направа е подигната за понатамошна постапка. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Тетово.

 

На 01.05.2017 година околу 14.15 часот во Македонски Брод, на локалниот пат од с.Сланско кон с.Дреново, на м.в.„Присој“ се случила сообраќајна незгода помеѓу ПМВ „Фиат Добло“ со регистарски ознаки од Македонски Брод, управувано од 17-годишник од Македонски Брод и мотоцикл без регистарски ознаки, управуван од Х.Т. (19) од Македонски Брод. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил Х.Т., кој по укажаната лекарска помош во Болницата во Кичево, поради сериозноста на повредите е префрлен во Клинички центар Скопје, каде околу 18.00 часот починал. Увид на местото на настанот извршила екипа од ПС Македонски Брод.  По наредба на Јавен обвинител, над телото на починатиот ќе се врши обдукција.

 

На 01.05.2017 година во 23.30 часот во Штип, на крстосницата од ул. „Васил Главинов“ и ул.„В.П.Јорданова“ се случила сообраќајна незгода помеѓу ПМВ „Мерцедес“ со бугарски национални ознаки, управувано од Љ.Т. (19) од Штип, кој го управувал возилото без да се стекне со право на управување на возило,  и  ПМВ „Шевролет Калос“ со штипски регистарски ознаки, управувано од Т.Ф. (23) од Штип. Во незгодата, сопатничката од ПМВ „Шевролет Калос“, Л.А.(20) од Штип, се здобила со тешки телесни повреди, која по укажаната лекарска помош во Клиничка болница Штип е пуштена на домашно лекување, додека возачот од ПМВ „Мерцедес“ се здобил со телесни повреди и бил задржан на лекување во болницата во Штип. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Штип. Над возачите било извршено алкотестирање при што кај возачот на ПМВ „Шевролет Калос“ утврдено било присуство на алкохол од 1,72%о.

 

На 01.05.2017 година во 14.55 часот на патот Делчево-с.Полето-с.Киселица, кај Пеловска маала, се случила сообраќајна незгода во која В.И. (21) од с.Полето, делчевско, управувајќи ПМВ „Фиат Пунто“ со штипски регистарски ознаки, поради неприлагодена брзина спрема условите и состојбата на патот, изгубил контрола над истото и неколку пати се превртел во нива. Во незгодата со повреди се здобиле две 16-годишни сопатнички од Македонска Каменица. Поради здобиените повреди, едната од нив, поради сериозноста на повредите, била префрлена во Ургентен центар Скопје, додека другата била задржана на лекување во Клиничката болница во Штип. Увид на местото на настанот извршила екипа од ПС Делчево.

 

На 01.05.2017 година во 16.30 часот на делот од пругата помеѓу  Железничка станица Ѓорче Петров и Железничка станица Волково се случила железничка незгода во која патничкиот меѓународен воз, кој сообраќа на релација Скопје–Приштина, управуван од Б.Ц., удрил во ПМВ „Форд Фиеста“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.С. (77) од Скопје. Од ударот, возачот на патничкото возило се здобил со тешки телесни повреди и со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Клинички центар „Маја Тереза“ и се наоѓа во животна опасност. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје. За време на вршење на увидот, во периодот од 16.30 до 20.04 часот,  на тој дел од пругата железничкиот сообраќај бил во прекин.

 

СВР Скопје поднесе кривична пријава против С.А. (38) од Скопје и Љ.М. (34) поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување на општа опасност“. На 09.04.2017 година околу 09.30 часот во Скопје на ул. „Алија Авдовиќ“  настанала расправија меѓу пријавените поради разминување со нивните моторни возила, по што С.А. продолжил да се движи со возилото кон с.Арачиново и кога застанал да се види со неговиот брат пристигнал и Љ.М., по што меѓу нив повторно настанала расправија, а потоа и тепачка, по што биле разделени од братот на С.А. и се упатиле кон своите куќи.  После тоа, С.А. со ПМВ „Фолксваген Пасат“ се движел кон с.Сингелиќ  и на ул. „Алија Авдовиќ“  повторно го забележал Љ.М. и во еден момент од огнено оружје испукал неколку куршуми во правец кон Љ.М., оштетувајќи ПМВ „Голф“, сопственост на Џ.Б. од Скопје.

 

СВР Скопје поднесе кривична пријава против Ф.С. (25), Ш.С. (19), С.С. (26), М.С. (28) и  двајца 17-годишни малолетници, сите од с.Грушино, скопско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“. На 01.12.2016 година околу 2040 часот на автобуска постојка во с. Грушино Ф.С. со употреба на нож му нанел убодна рана на Б.Н. (24) од с.Грушино во пределот на стомакот, додека Ш.С. со нож му нанел посекотини во предел на главата на Џ.Н. (19), нанесуваќи му телесни повреди.

 

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди поднесе кривична пријава против С.С. (43), документарист во Отсек за управни работи Штип, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“ и против Ш.Ш. (67) од Штип поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „поднесување на лажни докази“.  На 12.10.2016 година, откако на Ш.Ш. од страна на бугарската полиција му била одземена едната регистарска табличка од патничко возило бидејќи била рачно изработена, дошол во Авто Мото Друштво  Штип со цел да изврши регистрација на возилото, каде побарал од С.С. да му бидат издадени нови регистарски таблици. По ова, С.С. без да изврши проверка дека сопственик на возилото е синот на Ш.Ш., му дал да ги пополни потребните документи, кој пак без добиено полномошно ги потшишал во име на неговиот син. Врз основа на ваквите документи, С.С.  изготвил нова сообраќајна дозвола,  издал нови таблици и му овозможил на Ш.Ш. да го регистрира возилото во име на неговиот син.

 

ПС Македонски Брод поднесе кривична пријава против Р.Е. (50) од с.Селце, управител на ДГПТУТ Бибај Компани ДООЕЛ експорт импорт Тетово и Љ.Т. (55) од Скопје, надзорен инжинер во ДПИТУ „Хидро Градежен Инжерениг“ ДОО Скопје  поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на службената положба и овластување“, „незаконска експлоатација на минерални суровини“ и  „употреба на исправа со невистинита содржина“,  против правното  лице „Бибај Компани“ ДООЕЛ експорт импорт Тетово поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „незаконска експлоатација на минерални суровини“ и „употреба на исправа со невистинита содржина“, против правното лице „Хидро Градежен Инжењеринг“  поради постоење основи на сомнение за  сторено кривично дело „употреба на исправа со невистинита содржина“, како и против М.В. (58) од Македонски Брод, актуелен градоначалник на општина Македонски Брод, поради постоење основи на сомнение  за сторени кривични дела  „злоупотреба на службена положба и овластување“ и „доделување на договор за јавна набавка во постапка со преговарање без претходно објавување на оглас“ од Законот за јавни набавки.  Во текот на 2014 и 2015 година, откако Р.Е.,  како најповолен понудувач, склучил договори со општина Македонски Брод за изведување на градежни работи „пробивање на улици во викенд зони во атарот на селата Белица и Здуње“, вградил неатестиран материјал  кој незаконски го експлоатирал од блиската околина, по што на Љ.Т., како надзорен инжинер му доставил извештаи од испитување-атести за квалитетот на вградениот материјал, иако знаел дека не соодветсвуваат со материјалот кој бил вграден. По ова, Љ.Т. извршил нестручен надзор, односно и покрај секојдневаната обврска да биде присутен на терен и да ја следи работата над изведување на објектите, не презел никакви мерки кога видел дека фирмата вградува неатестиран материјал, дозволил да се продолжи со истото, а при изготвување на Конечниот и завршниот извештај и предавање на објектот на иневеститорот ги употребил фалсификуваниот извештај од испитување-атест на материјалот. М.В., иако знаел за ваквите дејствија, дозволил да ги прими во употреба објектите-Улици за викенд зони за селата Белица и Здуње и од Буџетот на општината да бидат исплатени 11.056.580 денари. Исто така, М.В., спротивно на одредбите од Законот за јавни набавки, со потпишување на Анекси над основните договори за изведување на јавни на нaбавки, извршил сомнително зголемување на договорените вредности во постапката за јавни набавки за 30% без за истото да побара и добие согласност од Советот при Бирото за јавни набавки на Република Македонија.

 

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Н.Б. (39) од с.Вевчани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,бесправно градење”. Во текот на 2017 година во Охрид  пријавениот како инвеститор, без одобрение за градење, бесправно изградил приземен објект, градба од втора категорија за која што е потребно одобрение за градење. За истиот објект на 20.03.2017 година и на 29.03.2017година, од страна на овластен градежен инспектор при Одделение за инспекциски надзор при Општина Охрид извршен е инспекциски надзор при што истиот потврдил дека се работи за бесправно изграден објект, спротивно на Законот за градење.

 

СВР Битола поднесе кривична пријава против М.Ж. (54) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материјали“. На 15.11.2016 година во Битола, од страна на полициски службеници извршен бил претрес во домот на пријавениот, каде биле пронајдени и одземени 32 куршуми, чаура, проектил и 58 петарди различна марка и големина.

 

СВР Битола поднесе кривична пријава против Џ.Р. (26), Б.Р. (25), двајцата од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материјали“.  На 26.12.2016 година од страна на полициски службеници, пред влезот во старата битолска чаршија ги затекнале пријавените како вршат продажба на петарди и други пиротехнички средства, а продажбата ја вршеле на импровизирана тезга. Од страна на полициските службеници пријавените биле лишени од слобода и со потврда од истите се одземени 1.848 петарди различна марка и големина и два огномети, кои претходно ги набавиле од непознато лице во Скопје. 

 

РЦ за ГР Југ поднесе кривична пријава против Т.А. (52) од Република Грција, со привремен престој во Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа“. На 20.03.2017 година во 10.30 часот на ПС за ГП и ГН Богородица за влез во Република Македонија се пријавил В.Б. (30) од с.Богородица, кој управувал ТМВ – комби марка „Ивеко“, сопственост на Динамикс ДОО Скопје. В.Б. во комбето превезувал мотоцикл марка „Харли Девидсон” со англиска национална ознака, сопственост на пријавениот. Од извршените проверки било утврдено дека мотоциклот е предмет на мегународна потрага, англиска сообраќајна дозвола евидира во базата за украдени бланко документи.