Извадок на дел од дневни настани 01.05.2017

На 30.04.2017 година околу 22,12 часот во ЕИК-Скопје било пријавено дека на ул. “Ратко Митровиќ“, поточно во спортската обложувалница „Спорт Лајф“, од страна на непознато лице со закана со пиштол било извршено разбојништво врз вработениот, при што биле одземени сума на пари од околу 300.000 денари. Се превземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и целосно расчистување на кривичното дело.

На 30.04.2017 година во времето од 14,50 до 16,30 часот на регионалниот пат Градско-Велес, група од 30 граѓани-земјоделци од с.Виничани одржале јавен собир, при што со земјоделска механизација (10 трактори), го блокирале сообраќајот во двата правци. За време на собирот немало нарушување на ЈРМ.

На 30.04.2017 година околу 18,30 часот од вработен во Македонски Железници било пријавено дека на објект на Македонски Железници кај патен премин с.Ваксинце-Куманово, каде што се поставени желеничките рампи, на ограничувачот за висина на патниот премин, од страна на непознато лице биле поставени две албански знамиња. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР-Куманово и се превземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

На 30.04.2017 година околу 14,55 часот во ПС-Делчево, било пријавено дека на планината Голак на некатегоризиран пат се случила сообраќајна незгода помеѓу два теренски моторцикли, едниот управуван од Н.К.(26) од Делчево, а вториот моторцикл управуван од С.Г.(29) од с.Звегор-делчевско, при што моторциклот кој го управувал Н.К. се запалил и изгорел. Во незгодата двете лица се здобиле со тешки телесни повреди, Н.К. со повреди на градниот кош и главата, додека С.Г. со фрактури на левата бутна коска и левата рака, како и повреди на главата. Лицата се пренесени во ЈЗУ-Делчево, од каде по укажаната лекарска помош се префрлени во МЦ-Штип. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од ПС-Делчево. Се работи на целосно расчистување на случајот.
                                        
На 30.04.2017 година околу 16,15 часот на раскрсницата од регионален пат Штип-с.Софилари и магистрален пат Радовиш-Штип-Велес, се случила сообраќајна незгода помеѓу ПМВ „Дачија Логан“ со прилепски регистерски таблици управувано од В.П. (58) од Виница и автобус со кочански регистерски ознаки управувано од Љ.Г. (32) од с.Спанчево. Во незгодата со тешки телесни повреди (фрактура на подлактица, кичма и карлица) се здобила сопатничката од ПМВ, Д.П. (54) од Виница, која по укажаната лекарска помош во МЦ-Штип, поради сериозноста на повредите била пренесена во КЦ-Скопје. По незгодата на лекарски преглед се јавиле двајцата возачи и 17 патници од автобусот, кај кои биле констатирани телесни повреди. Кај возачот на ПМВ, В.П. констатирана била тешка телесна повреда (фрактура на градна коска) и по укажаната лекарска помош бил пренесен на понатамошно лекување во Клинички Центар-Скопје. Увид на местото на настанот бил извршен од страна на увидна екипа од СВР-Штип, а возачите биле алкотестирани и притоа не било констатирано присуство на алкохол во крвта. Се работи на целосно расчистување на случајот.

На 30.04.2017 година околу 20,00 часот на локалниот пат Гостивар-с.Куново, во близина на с.Куново, се случила сообраќајна незгода во која ПМВ„БМВ“ со скопски регистерски ознаки од засега непознати причини излетало надвор од патот и паднало во провалија длабока околу 100 метри. Во незгодата со тешки телесни повреди (ампутирана рака) се здобил Л.Д. (32) од Гостивар, кој поради сериозноста на повредите бил пренесен во МЦ-Скопје. Увид на местото на настанот ќе се врши во текот на 01.05.2017 година. Се работи на целосно расчистување на случајот.

На 30.04.2017 година во 10,20 часот на ПС за ГП-Табановце, на влез во Р.Македонија од страна на УПС бил лишен од слобода А.У. (31) од Скопје, затоа што при контрола во ОЕ било утврдено дека истиот евидира во СТОП-Листата по телеграма од 18.01.2016 година од МВР-СМПС-ОП за сторено кривично дело по чл.215 од КЗ на РМ. Во 12,00 часот со потврда за предавање на лице, истиот бил предаден на УПС од ПС ГН-Сопот за понатамошна постапка.

На 30.04.2017 година во 13,00 часот на ГП-Аеродром „Александар Велики“-Скопје на излез од Р.Македонија, се пријавил Т.Х. (26) од Косово. По извршената ПК и проверка во ОЕ утврдено било дека истиот влез во Р.Македонија остварил истиот ден на ГП„Табановце“ и му бил побаран документ со кој бил можел да оствари влез во Швајцарија каде одел. Истиот приложил италијанска ЛК за која УПС се посомневале дека е фалсфикувана односно во серискиот број на ЛК првиот број бил сменет. Врз лицето е извршен личен преглед и преглед на багажот, при што во неговиот паричник се пронајдени италијанска возачка дозвола и италијанска здравствена легитимација кои исто така биле фалсификувани. Од извршениот разговор било утврдено дека горенаведените италијански документи се фалсификувани, а истиот ги купил од непознато лице во Р.Албанија за сума од 500 евра. Во 16,35 часот, со потврда за предавање на лице бил предаден на полициски службеници од ОПКМ-РЦ-Север за понатамошна постапка.


На 30.04.2017 година во 13,20 часот на влез во Р.Македонија на ГП-Аеродром „Александар Велики“-Скопје како вратен патник од Лондон допатувал Б.М.(22) од Kосово. По извршена ПК и проверка во ОЕ било констатирано дека истиот влез во Р.Македонија остварил на ГП-Долно Блаце на 29.04.2017 година, како и излез од Р.Македонија од ГП-Аеродром остварил на 29.04.2017 година, со британска ПИ на име М.О. (27). Лицето било лишено од слобода и во 16,30 часот со потврда за предавање на лице, бил предаден на полициски службеници од ОПКМ-РЦ-Север за понатамошна постапка.

СВР-Скопје постапувајќи по судска наредба го лиши од слобода Џ.И. (42) од Скопје кој се барал за издржување на затворска казна во траење од три години за сторено кривично дело „кражба“. Истиот бил спроведен во КПУ затвор„Идризово“.
СВР-Скопје постапувајќи по судска наредба го лиши од слобода Д.С.(36) од Скопје кој се барал за издржување на затворска казна во траење од две години за сторено кривично дело „разбојништво“. Истиот бил спроведен во КПУ затвор„Скопје“.    
СВР-Скопје-Единица за имотни деликти-Одделение за имотни деликти и малолетничка деликвенција Чаир, до надлежното ОЈО-Скопје поднесе кривична пријава против Д.Н. (20) од Скопје и едно малолетно лице на возраст од 16 години поради основано сомнение за извршено кривично дело “тешка кражба“ (чл. 236 од КЗ на РМ) со што се стекнале со противправна имотна корист од околу 60.000 денари, а причинале материјална штета во висина од околу 6.000 денари. Од страна на судија на претходна постапка на Д.Н. одредена му е мерка притвор во траење од осум дена. Имено, пријавените на 25.04.2017 година околу 21,00 часот извршиле тешка кражба во куќа лоцирана на ул.„Рељо Шестокрило“ на тој начин што откако дошле до горе наведената локација ја прескокнале оградата и насилно со употреба на физичка сила (удар со нога) ја отвориле ПВЦ вратата од куќата, влегле внатре, извршиле претурање, по што пронашле и одзеле лап топ, ДВД плеер, видео гејм систем, мобилен телефон, три МП3 плеери и торба со разни предмети по што го напуштиле местото на настанот. Непосредно по извршувањето на кривичното дело Д.Н. бил пронајден и приведен, а во просториите на ПС ОН Чаир бил извршен службен разговор со пријавените во кој го појасниле начинот на извршување на кривичното дело. Кај пријавените биле пронајдени украдените предмети, по што истите биле одземени и со потврда вратени на оштетениот.