Извадок на дел од дневните настани 30.04.2017

На 29.04.2017 година во 21,30 часот од ЕИК-Скопје, пријавено е дека околу 20,10 часот на ул.„Митрополит Теодосиј Гологанов“ поточно во аптека “Зегин“, непознато маскирано лице, влегло внатре и со закана со тврд предмет од вработената одзело засега неутврдена сума на пари по што избегало во непознат правец. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето како и целосно расчистување на случајот.

На 29.04.2017 година во 19,00 часот во ЕИК-Скопје, пријавено било дека на ул.„Пиринска“ непознато лице со секира усмртило куче. УПС од ПСОН-Центар излегле на местото на настанот, при што затекнале околу 50-60 граѓани кои му упатувале закани на лице за кое сметале дека е поврзан со настанот и со јајца и други предмети почнале да фрлаат кон зградата. Во врска со случајот во ПС ОН-Центар се самопријавил С. Х. (45). Во 19,15 часот во ПСОН-Центар, Т.Х. (85) татко на С.Х. пријавил дека истиот ден во 18,30 часот на наведената улица додека се движел кон својот дом, бил нападнат од страна на големо куче скитник кое го гризнало на десната потколеница, од што истиот се здобил со телесни повреди во вид на расекотина и крварење. За наведените повреди доставил и медицинска документација. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

На  29.04.2017 година околу 14.00 часот во нива лоцирана на м.в.„Дунаиште“ во атар на с.Чегране–гостиварско,  Р.А. (60) од с.Чегране заедно со неговиот четиригодишен внук кој седел до него, работел со неговиот трактор, при што детето паднало од тракторот на земја и било прегазено со десното задно тркало. Истото во свесна состојба било пренесено во УЦ-Гостивар, а потоа поради сериозноста на повредите бил препратен во УЦ при КЦ-Скопје. Увид на лице место извршила увидна екипа од НК КР-Гостивар.

На 29.04.2017 година од 15,00 до 17,00 часот на регионалниот пат Градско-Велес, кај надвозникот за с.Виничани, група од 30 граѓани-земјоделци од с.Виничани одржале јавен собир, при што со земјоделска механизација 10 трактори и четири ПМВ, го блокирале сообраќајот во двата правци. За време на собирот немало нарушување на ЈРМ.

На 30.04.2017 година во 01.45 часот во Велес на ул.„11-ти Октомври“опожарено било ПМВ„Пежо-106“ со велешки регистерски ознаки сопственост на С.П. (30) од Велес во задниот дел, а пламенот се проширил и кон средината на возилото. Пожарот бил изгаснат од екипа на ТПП-Велес. Увид ќе се врши во текот на денешниот ден.

На 29.04.2017 година во 12,30 часот на ГП„Аеродром Александар Велики“-Скопје, на влез во РМ, од страна на УПС бил приведен Б.С. (35) од Кавадарци, бидејќи при проверка во ОЕ констатирано било дека евидира во стоп листата со мерка „A“ (Апси) по наредба на ПС од ОН Гази Баба-Скопје. Во 15,30 часот истиот бил предаден на ПС од ПС ОН-Гази Баба за понатамошна постапка.

СВР-Скопје постапувајќи по судска наредба го лиши од слобода Ф.А.(26) од Скопје кој се барал за издржување на затворска казна во траење од осум месеци за сторено кривично дело „тешка кражба“. Истиот бил спроведен во КПУ затвор„Идризово“.

СВР-Скопје постапувајќи по судска наредба го лиши од слобода Б.А.(31) од Скопје кој се барал за издржување на затворска казна во траење од една година за сторено кривично дело „тешка кражба“. Истиот бил спроведен во КПУ затвор„Идризово“.