Извадок на дел од дневните настани 29.04.2017

На 28.04.2017 година во 21,00 часот во Скопје на ул.„Ѓорѓи Поп Христов“ поточно во обложувалница „Спорт Лајф“, било извршено разбојништво од страна на непознат маскиран сторител, кој со закана со пиштол од вработениот одзел сума на пари од околу 37.000 денари по што го напуштил местото на настанот. Се превземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и целосно расчистување на случајот.

На 28.04.2017 година околу 21,00 часот на магистралниот пат Битола–Прилеп во кругот на бензинска пумпа при вршење на увид на сообраќајна незгода помеѓу две ПМВ и моторцикл (скутер), УПС од СВР Битола при обид да го легитимира возачот на моторциклот (кој бил видно под дејство на алкохол),  истиот го подигнал седиштето од моторциклот и од багажниот простор извадил стаклено пивско шише и почнал да конзумира пијалок. По предупредувањето од УПС да престане со конзумација бидејќи е учесник во сообраќајна незгода, возачот почнал да упатува погрдни зборови и да го навредува и се обидел со шишето да го удри УПС, кој успеал да го одбегне ударот по што го фатил за рака, но тој продолжил со нападот врз истиот. Полицискиот службеник успеал да го совлада и задржи до доаѓањето на други полициски службеници, по што бил приведен во ПС. Утврдено било дека се работи за П.Н. (32) од Прилеп. Од нападот УПС се здобил со телесни повреди (набиеници на десен лакт и десно колено) констатирани во КБ Битола. По целосно расчистување и документирање на настанот, против П.Н. ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 28.04.2017 година околу 17,00 часот во ЕИК-Скопје било пријавено дека на ул.„Орце Николов“ поточно во објектот на Министерство за Одбрана и Генералштабот на АРМ, поради дефект во електрична инсталација во зградата настанал пожар, при што бил зафатен и дел од покривната конструкција. Пожарот бил изгаснат од екипа на БППЗ. Повредени лица нема, а материјална штета дополнително ќе биде утврдена.

На 28.04.2017 година во 13.20 часот во ПС од ОН Куманово,  пријавено било дека  на наплатната рампа на автопат Скопје –Куманово во с.Романовце-кумановско, во момент на сопирање на наплатната рампа од засега неутврдени причини  настанал пожар на ТМВ"Мерцедес" со гевгелиски регистерски ознаки на кое била прикачена приколка (ладилник), а управувано од С.К. (62) од с.Удово. Пожарот од возилото и приколката, за кратко време се проширил и зафатил дел од наплатна барака и покривната конструкција од наплатната рампа. Пожарот бил изгаснат од ТППЕ-Куманово. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР-Куманово. Се работи на целосно расчистување на случајот.

На 28.04.2017 година во 21,50 часот во с.Горно Блаце-скопско, на м.в.„Појато“, УПС од ПС за ГН-Блаце се обиделе да сопрат возило управувано од засега непознат возач, но истиот не застанал и се дал во бегство, а прозорот од возилото била исфрлена една автоматска пушка. Се превземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

На 28.04.2017 година во 14,35 часот во ЕИК-Скопје, пријавено било дека во ГОБ- „Наум Охридски“ донесен бил повреден Л.Д.(60) од Куманово, кој работел во с.Чојлија-скопско. Истиот паднал од скеле и се задобил со тешки телесни повреди (фрактура на череп, отворени фрактури на двете нозе, скршени ребра и пршлени). Во 19,30 часот како последица од здобиените повреди, Л.Д. починал. По наредба на ЈО телото е дадено на обдукција.

На 28.04.2017 година во времето од 18,00 до 20,00 часот во Скопје,  пред објектот на Европска Унија, во организација на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ се одржал јавен собир на кој биле присутни  околу 1 000 граѓани. Сообраќајот на бул.„Св.Климент Охридски“ во правецот кон ул.„Митрополит Т.Гологанов“ бил блокиран. За време на собирот немало нарушување на ЈРМ.

На 29.04.2017 година околу 05,45 часот на магистралниот пат Скопје – ГП Блаце во близина на бензинска пумпа случена е сообраќајна незгода помеѓу ТМВ и ПМВ„Фолксваген-Пасат“и двете возила со косовски национални ознаки во која на самото место место починал возачот на ПМВ„Фолксваген-Пасат“ А.А.(41) од Косово. Од страна на увидна екипа од СВР-Скопје извршен е увид и се работи на целосно расчистување на случајот.