Извадок на дел од дневни настани 28.04.2017

На 27.04.2017 година во 21.45 часот во ЕИК Скопје, Т.Д. (37) од Скопје, новинар во новинска агенција „Мета“, пријавил дека истиот ден околу 19.40 часот во прес салата во Собранието на Република Македонија, додека фотографирал како со неговиот приватен мобилен телефон, од страна на пет непознати лица му било извршено разбојништво. Најпрво му пришло едно лице и му се заканило дека физички ќе го нападне доколку не престане да снима со мобилниот телефон. Потоа му се придружиле уште четири лица кои физички го нападнале, удирајќи со клоци и тупаници во пределот на  главата, нанесувајќи му видливи повреди во пределот на лицето. Притоа, едно од лицата му го одзело телефонот и продолжиле да го удираат.  Од страна на непознато лице бил извлечен во бифето и изнесен надвор од Собранието. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот.
На 27.04.2017 година во периодот од 08.10 до 17.00 часот во Тетово, на ул. „Вон-Вардарска“, во станот сопственост на Г.А. (33), непознат сторител извршил кражба. Сторителот на неутврден начин влегол внатре и по извршеното пребарување по собите одзел разновиден златен накит, разна бижутерија, женски и машки рачни часовници и мобилен телефон, по што го напуштил местото. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.

На 27.04.2017 година, пред 06.00 часот, на планинските предели на Шар Планина, на м.в. „Плоча“, атар на с.Сетоле, тетовско, од засега непознати причини настанал пожар во две бачила. Едното, по основ на договор, го користел Н.М. (37) од с.Порој, тетовско, а другото бачило, кое било на оддалеченост од околу 200 метри од првото бачило, е сопственост на А.С. (33) од с.Џепчиште, тетовско. Од пожарот била опожарена внатрешноста на бачилата. Пожарот се изгаснал сам. Се преземаат мерки за утврдување на причините за настанување на пожарот.
На 27.04.2017 година во 22.22 часот во ЕИК Скопје, Д.Т. пријавил дека непознат сторител со камења извршил оштетување, односно искршил стакло од штабот на ПП „ВМРО - ДПМНЕ“, лоциран на ул. „Цветан Димов“. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.

На 28.04.2017 година во 01.50 часот во ЕИК Скопје, Г.С.З. од Скопје, новинар од Радио „Слободна Европа“, пријавила дека на 27.04.2017 година околу 19.40 часот,  пред главниот влез на Собранието на Република Македонија, додека извршувала работни задачи, лицето Е.Ј. од Крива Паланка од раката насилно и ја одзело и скршило службената камера. Додека си ја барала камерата, од страна на толпата била удрена во пределот на грбот. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
 
На 27.04.2017 година во 23.05 часот во ЕИК Скопје, Ј.Ш.Л. (63) од Скопје, вработена во Собранието на Република Македонија, пријавила дека истиот ден околу 18.30 во Собранието, во нејзината работна канцеларија, додека извршувала службени задачи, од страна на поголема група непознати маскирани лица била физички нападната со повеќе удари во пределот на телото. Истата била удрена со безбол палка во пределот на грбот, а и биле упатени и повеќе навредливи и погрдни зборови. При нападот на Ј.Ш.Л. и биле нанесени видливи повреди на телото. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторители и за целосно расчистување на настанот. На 27.04.2017 година од 17.00 до 21.00 часот во Охрид, Куманово, Прилеп, Кичево, Кавадарци, Неготино, Битола, Струмица, Велес, Берово, Делчево, Свети Николе и Кочани, во организација на граѓанската иницијатива „За Заедничка Македонија“ се одржале протестни маршеви. Граѓаните кои се собрале се движеле низ улиците во наведените градови. За време на собирите немало нарушувања на Јавниот ред и мир.       

СВР Куманово поднесе кривична пријава против Р.А. (43) од с.Опае, кумановско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка телесна повреда“ при семејно насилство. На 30.03.2017 година, во семејната куќа, пријавениот започнал вербална расправија со неговата сопруга А.А. (37), по што физички ја нападнал удирајќи ја со тупаници во пределот на главата и телото  и притоа и нанел тешка телесна повреда.

НК КР Крива Паланка поднесе кривична пријава против Б.П. од с.Борово, кривопаланечко, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,предизвикување општа опасност”. Пријавениот на 01.04.2017 година предизвикал општа опасност  со предизвикување на пожар од кој биле зафатени и опожарени дабова шума, трева и нискостеблести растенија и неколку родни дрва.

СВР Струмица поднесе кривична пријава против С.С. (34) од с.Ново Коњарево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“. Пријавениот во текот на октомври 2015 година ги ставил во заблуда М.Ј. и С.Ј. од с.Дражево, со тоа што во адвокатска канцеларија им ветил дека ако поднесат тужба против П.Ј., брат на С.Ј. ќе добијат оштета за куќата, која со пресуда од Основен суд Струмица му била доделена на П.Ј. врз основа на доживотна издршка на нивната веќе покојна мајка.

СВР Струмица поднесе кривична пријава против М.С. (31) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „присвојување на споменици на културата, архивски материјал или природна реткост или друг археолошки материјал“.  На 03.03.2017 година од страна на полициски службеници од СВР Струмица бил извршен преглед на пријавениот и во неговиот паричник биле пронајдени две монети со жолтеникава боја, кои со Потврда за привремено одземени предмети се одземени. Пријавениот ги пронашол монетите во неговиот двор во с.Кучичино пред околу три до четири години и истите ги носел со себе. Извршен бил и разговор со раководителот  на Музеј Струмица и со археолог вработен во Музеј Струмица и било констатирано дека одземените монети датираат од II или III век од времето на „Антониите“ или „Северите“ и дека истите се бронзени и претставуваат културно наследство.

НК КР Македонски Брод поднесе кривична пријава против М.В. (58) од  Македонски Брод, градоначалник на општина Македонски Брод, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“. Во текот на 2014 година, пријавениот спротивно на Договорот за доделување на нафтени деривати од 7000 литри нафта за чистење на речните корита на реката Треска на подрачјето на општина Македонски Брод, дозволил фирмата „Кодекс Консалтинг“ ДООЕЛ Кичево, избрана како најповолен понудувач да не ги изведе во целост договорените обврски, односно наместо планираните седум делници кои биле предмет на јавната набавка да исчисти само четири делници, и за истото на фирмата и ја исплатил договорената цена во целост во противредност на 3.000 литри нафта, а останатите количини нафта од 4.000 литри противзаконито ги присвоил за општината. Исто така, пријавениот во периодот од 2012 до 2015 година, без да се изготви и донесе интерен акт-Правилник за начинот на евидентирање и контрола на потрошувачката на горивото за службените потреби на возилата од општината, без да се изготвуваат патни налози за службени патувања на возилата и евиденциони картици за секое возило посебно, со помината километража и потрошувачка, дозволил да се набавува и троши горивото на незаконит начин и за приватни цели во износ од 1.596.677,26 денари. Покрај ова, од Буџетот на општина Македонски Брод вршел исплата на средства на физички лица, спортски клубови, Здруженија на граѓани и фондации во износ од 3.509.238,50 денари. Потоа, пријавениот давал согласности за вработување на лица во Основни и Средни училишта, Дом на култура и Детска градинка и исплаќал средства за плати и придонеси од Буџетот во износ од 6.853.167 денари на ново вработените лица без за тоа да има систематизирани работни места во актите за систематизација, додека за систематизациите на некои акти не биле дадени согласности од надлежните министерства.  Додека, за ненавремената исплата на обврските на општината кон добавувачите за периодот од 2012 до 2015 година, за камати и други такси по налози за извршување, исплатени се средства во износ од 524.627 денари. Со ваквите незаконити дејствија оштетен е Буџетот на општина Македонски Брод во вкупен износ од 12.483.769 денари.

НК КР Македонски Брод поднесе кривична пријава против М.В. (58) од Македонски Брод, градоначалник на општина Македонски Брод, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на службената положба и овластување“, „соизвршителство“ и „помагање“ при  „незаконска експлоатација на минерални суровини“,  против М.С. (58), управител на ДПТ „Пела Транс“ДООЕЛ с.Мажучиште, прилепско и против правното лице поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на службената положба и овластување“, „злоупотреба на постапката за јавен повик, доделување на договор за јавна набавка или јавно приватно партнерство“ в.в. член 45 и член 129 од Законот за јавни набавки, ,„соизвршителство“ и „помагање“ при „незаконска експлоатација на минерални суровини“ и „употреба на исправа со невистинита содржина“, против И.Е. (54), управител на ДГПТУТ „Бибај експорт “ДОО експорт импорт Тетово и против правното лице поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „незаконска експлоатација на минерални суровини“ и против Ѓ.В., одговорно лице на фирмата „Веинг ДООЕЛ “Скопје  поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на службената положба и овластување“, „помагање“ при „незаконска експлоатација на минерални суровини“ и „употреба на исправа со невистинита содржина“. Во текот на 2015 година М.В.  донел одлука за јавна набавка за работа - пробивање на улици во викенд зона Близанско во општина Македонски Брод. Иако склучил договор за изведување на работите со фирмата „Пела Транс“ ДООЕЛ на М.С., дозволили истиот незаконски и спротивно на одредбите од Законот за јавни набавки, да склучи посебен договор и јавната набавка да ја одстапи на третопријавениот И.Е. и на фирмата „Бибај Ескпорт“ Тетово, без притоа градоначалникот да поведе постапка за заштита на претходно склучениот договоро и да го раскине истиот. На овој начин индиректно му овозможил на И.Е. незаконски да изврши експлоатација на минерална суровина во количини од 13.881,53 метри кубни, како и незаконски да експлоатира тампонски материјал од дробен камен во количина од 7.174,17  метри кубни. Исто така Ѓ.В. не постапил согласно одредбите од договорот за вршење на стручниот надзор на изведување на работите и знаел дека работите се изведуваат од страна на друга фирма, сепак целокупната документација ја составил и потпишал на име на фирмата „Пела транс“ како таа да ги изведува работите. Со ваквите дејствија општината Македонски Брод исплатила вкупно 14.281.332,83 денари за објект, кој е примен во употреба без валидна документација за квалитетот на вградениот материјал.

СВР Велес поднесе кривична пријава против Е.М. (47) од с.Дебреште поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „давање поткуп“. На 15.04.2017 година во 20.40 часот, двајца полициски службеници вршејќи патролна служба кај м.в. Богомилска раскрсница, при контрола на товарно моторно возило, управувано од А.М., констатирани биле два сторени прекршоци. Во тој момент од страна на пријавениот, како сопатник во возилото, на еден од полициските службеници му понудил поткуп од 500 денари со цел да не изврши службено дејствие за наведените прекршоци.