Извадок на дел од дневни настани 23.04.2017

На 22.04.2017 година околу 22,35 часот во Велес, на ул.„Благој Ѓорев“ во трафика „Леди Ди Трејд“, сопственост на В.А. две непознати лица извршиле разбојништво над вработената Т.П.(51) од Велес. Имено, лицата влегле во трафиката и се заканиле на вработената, при што едното лице со едната рака и ја затнал устата  а со другата рака неколку пати ја удрил во пределот на лицето и телото, додека другото лице ги пребарувало фиоките од пултот, но откако виделе дека нема пари во фиоките, истите излегле од трафиката и се упатиле во непознат правец. Увид на лице место извршила увидна екипа на СВР-Велес. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и целосно расчистување на случајот.

На 22.04.2017 година околу 23,00 часот во Скопје,  на бул.Гоце Делчев на автобуската постојка кај стоковна куќа четири засега непознати лица со закана со нож извршиле разбојништво над М.С., при што одземен му е паричник и саат. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите. 

На 22.04.2017 година околу 16,09 часот во ЕИК-Скопје било пријавено дека во нас.Ченто по ул.„Методија Андонов Ченто“ се движела група од 15-тина лица (државјани на Франција, Германија, Италија, Бразил и Сирија) кои  поминувале по т.н. „Мигрантска рута“, и барале да им се даде поддршка и помош на окупираните и раселени граѓани на градот Алепо во Сирија, по што се упатиле кон центарот на Скопје. Истите во Скопје ќе престојуваат на 23 и 24.04 2017 година, а на 25.04.2017 ќе се упатат кон Велес.

На 22.04.2017 година во 12,20 часот во СВР-Битола, Д.М. вработен во градежна фирма, пријавил дека во с.Габаловци при вршење на градежни работи пронашол артилериска граната кал.75мм од Првата Светска војна. Во 13,30 часот од стручно лице од Дирекција за заштита и спасување експлозивната направа е подигната за понатамошна постапка.

На 22.04.2017 година околу 14,40 часот во Виница, А.Г.(60) од с.Горни Подлог-Кочани, работејќи во хала-луштара која се наоѓа во кругот на фирмата „Мак-Прогрес“ во Виница, бил качен на платформа на висина од околу 3 метри при што во еден момент згазнал на гипсена табла и паднал. Со возило на ИМП А.Г. е пренесен во ОБ-Кочани, каде му е укажана лекарска помош, но поради сериозноста на повредите истиот е пренесен во УЦ-Скопје, каде во 16,40 часот починал. 

На 22.04.2017 година во утринските часови на регионалниот пат Р-1102 Градско-Велес, поточно на 1,4 километар од надвозникот за с.Виничани кон Велес, се случила сообраќајна незгода во која М.Ц.(26) од Велес, управувајќи ПМВ„Голф 3“, изгубил контрола над истото, излетал на десната страна на коловозот и се превртел на кров во амбис. Во 07,35 часот, возачот е пренесен во ОБ-Велес, каде му се констатирани ТТП и поради сериозноста на повредите е префрлен во УЦ-Скопје. Увид на лице место извршила екипа од СВР-Велес.