Извадок на дел од дневни настани 22.04.2017

ПС ОН Прилеп поднесе кривична пријава против Р.Р.(41) и уште едно лице на возраст од 17 години поради постоење основи на сомнение дека сториле кривични дела „тешка кражба“ во обид, „загрозување со опасно орудие при тепачка или караница“ и „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“. Од страна на судија на претходна постапка на првопријавениот определена му е мерка притвор во траење од 8 дена. Имено на 20.04.2017 година околу 20:30 часот М.Д. излегол пред својата куќа и ги забележал пријавените како се обидуваат да извршат тешка кражба на акумулатор од ПМВ негова сопственост. Пријавените откако го забележале М.Д. се упатиле кон него и започнале расправија без повод и причина. Бидејќи М.Д. забележал полициско возило, му дал знак за да запре. Полицискиот службеник го запрел возилото и се упатил кон М.Д. и кон пријавените, кои оглушувајќи се на неговата наредба започнале со давање на активен отпор. По некое време пријавените биле совладани и приведени во полициска станица каде врз Р.Р. извршено е алкотестирање при што е утвдено присуство на алкохол од 1,59 промили. Полицискиот службеник се здобил со повреди нанесени од нож од пријавените и најпрво му била укажана лекарска помош во ИМП од каде бил препратен во Хирушко одделение во Општата Болница Прилеп.   
На 21.04.2017 година 06,30 часот во Скопје на ул.„Нов Живот“, во домот на  З.И.(41), поради основано сомнение дека истиот сторил кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ полициски службеници постапиле по Наредба од Основен Суд Скопје-1, со цел да извршат престрес.  Откако го повикале да ја отвори заклучената влезна врата, З.И. излегол, им кажал да го почекаат да се облече, по што влегол внатре во куќата и од внатрешната страна се искачил на покривот, и почнал да вика и со погрдни зборови да ги навредува полициските службеници. Потоа почнал да вади салонитни табли од кровната конструкција и ги фрлал кон полициските службеници, ја откорнал антената од кровот и повторно со закани и пцовки истата ја фрлил према полициските службеници. Околу 06.50 часот по усна наредба полициските службеници се повлекле на  безбедно место  и побарале дополнителни екипи од ЕПОИ АЛФА и ПС ОН Чаир. Откако се повлекле, на улицата излегле неколку машки лица со земјоделски алатки - вила, токмак и бекатонски цигли, со кои почнале да замавнуваат со намера да ги употребат према полициските службеници, по што од нивна страна им било наредено да се повлечат назад и да ги спуштат предметите на земја. И покрај наредбата продолжиле со дејствијата и во еден момент М.К. замавнал со вилата, при што удрил полициски службеник од АЛФА во пределот на левата рака - левиот рачен зглоб. Потоа истиот со вилата замавнал према друг полициски службеник, но истиот употребил блок и ударот со вилата завршил во левата потколеница, по што М.К. ја фрлил вилата и избегал во непознат правец, додека С. К. го фрлил токмакот и истиот е лишен од слобода заедно со М.С. и З. И. Од страна на ИМП  укажана му била прва помош на еден полициски службеник во ПС ОН Чаир и истиот со екипа од ИМП е пренесен во Ургентен Центар, каде му е констатирана ТТП-фрактура, додека другиот полициски службеник се здобил со ТП. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
На 21.04.2017 година во 23,05 часот во ПСОН-Ѓорче Петров било пријавено дека во дежурната служба во Поликлиниката „Ѓорче Петров“, пациенти го нарушувале ЈРМ. Веднаш на местото на настанот се упатил сменоводителот кој се обидел да ги легитимира, при што бил спречен, односно пациентите го турнале, му го зеле тефтерот и рачната радио станица и ги фрлиле, а потоа ја напуштиле поликлиниката и со ПМВ„ Мерцедес“ се оддалечиле во непознат правец. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицата. 
На 21.04.2017 година  околу 12.20 часот во Скопје,  на бул.„Партизански Одреди“ спроти бензинската пумпа, од засега непознати причини настанал  пожар, при што опожарени се повеќе напуштени бараки. Пожарот е изгаснат од страна на БППЗ. Увид на лице место ќе се врши во текот на денешниот ден (22.04.)
На 21.04.2017 година во 22,40 часот во ЕИК-Скопје, Б.М. пријавил дека во спортската обложувалница „Спорт Лајф“ лоцирана во населба Хром на ул.„Адолф Циборовски“, засега непознато лице, маскирано со маска на главата, а во раката држело торба и пиштол, се обидело да влезе во обложувалницата. Откако пријавителот го забележал ја затворил вратата и не го пуштил внатре. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.  
На 21.04.2017 година од 13,00 до 13,55 часот во Скопје,  на бул.„Франклин Рузвелт“ пред СЈО, од страна на  вработени во ТВ „Нова“ и „Трансмет“ се одржал јавен собир. За време на собирот немало нарушување на ЈРМ.
На 21.04.2017 година во организација на граѓанска иницијатива „За заедничка Македонија“, се одржаa јавени собири во Скопје, Кавадарци, Кочани, Велес, Охрид, Битола, Прилеп, Крушево, Демир Хисар, Македонски Брод, Куманово, Свети Николе, Штип, Неготино, Кичево, Радовиш, Струмица, Ново Село и во Валандово. За време на собирите немало нарушување на ЈРМ.