Извадок од дневните настани 20.03.2017

На 19.03.2017 година во 13.30 часот во ЕИК Скопје, обезбедувањето на еден маркет, лоциран на ул. „Кузман Шапкарев“, пријавило дека лицето З.Ѓ.  извршило разбојничка кражба во маркетот, при што ја  нападнало касиерката. Полициските службеници кои излегле на местото на настанот го привеле лицето во ПС Ѓорче Петров. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Во периодот од 19.00 часот на 19.03,2017 до 00.10 часот на 20.03.2017 година во Скопје, непознат сторител извршил тешка кражба во станот на Х.К. (43) на ул. „Хераклеа“. Сторителот со погоден клуч или калауз ја отворил влезната врата, влегол внатре, извршил пребарување и одзел еден пиштол марка „Аркус“ калибар 9мм со рамка со 15 куршуми, две рамки за пиштол, 55 куршуми, два часовници, златно ланче, алка и 3 000 денари. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.

На 20.03.2017 година околу 04.30 часот во Тетово две непознати лица го искршиле излогното стакло на угостителски објект лоциран на крстосницата од улиците „ЈНА“ и „Јане Сандански“ и во објектот фрлиле шише со запалива течност.  Настанот бил  пријавен од очевидец  и екипа на Бригадата за противпожарна заштита го изгасналапожарот. Притоа во објектот опожарени биле неколку маси и столови. Во близина на местото пронајдено е уште едно шише со течност, чекан и тесла. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот.

На 19.03.2017 година околу 18.00 часот во Скопје во Спортска сала во Градски парк, во која се играл кошаркарскиот натпревар помеѓу екипите на КК Работнички и КК Куманово, двајца полициски службеници кои биле ангажирани на обезбедување, биле навредувани и омаловажувани од група навивачи на КК Работнички, од кои четворица се обиделе и физички да ги нападнат. При обид да бидат приведени, Д.А. (18) од Скопје пружал активен отпор и со тупаница удрил еден полициски службеник во пределот на лицето. Д.А. бил приведен во ПС ОН Центар  и против истиот по целосно документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава. На повредениот полициски службеник  му била укажана медицинска помош во ГОБ „Св.Наум Охридски“, од каде бил препратен на доплнителен преглед во Клинички центар.

На 19.03.2017 година во 16.00 часот во ПС Неготино, од страна на Противпожарната единица Неготино било пријавено дека на м.в. „Прогон“, атар на с.Тимјаник, неготинско, избувнал пожар кој  бил изгаснат околу 17.30 часот. Во пожарот изгореле околу пет хектари борова шума. Се преземаат мерки за утврдување на причините за настанување на пожарот.

На 19.03.2017 година во 18.10 часот во ЕИК Скопје, З.В. пријавила дека на ул. „Хо Ши Мин“ во Скопје го пронашла  Б.Д. како лежи на под и кој и кажал дека бил нападнат од две непознати лица (машко и женско), при што паднал во бесознание. Во куќата имало извршено претурање по сите соби. Б.Д. со возило на Итна медицинска помош бил префрлен во Ургентен центар „Мајка Тереза“ и истиот е неконтактибилен. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на настанот.

На 20.03.2017 година во 00.30 часот во Тетово, по претходно известување за потреба од екипа на Итна медицинска помош за укажување на медицинска помош на лица кои крварат, од ул. „Благој Тоска“ во Клиничка болница Тетово пренесени се И.К. со  повреди нанесени од оштар предмет во пределот на вратот и грбот, кој по лекарската интервенција е препратен во Клинички центар Скопје и И.К. со расекотина во пределот на раката. Во извршените разговори истите навеле дека повредите им ги нанел М.М. од Тетово, кој заедно со неговиот брат Р.М. биле приведени во ПС Тетово. Се преземаат мерки и активности за целосно расчистување и документирање на настанот, по што против учесниците ќе бидат поднесени соодветни пријави.

На 19.03.2017 година околу 10.40 часот на шумскиот пат на околу 2 км на влез во с.Алашевце, кумановско, А.Д. (45) од с.Оризари, кумановско, управувајќи трактор се превртел при што од здобиените пореди починал на местото на настанот. Смрт е констатирана од страна на лекар од Општа болница Куманово. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Куманово, а со одобрение на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено на семејството.

Во врска со настан „тешки дела против општата сигурност“ опишан во билтен од 16/17.03.2017 година,  на 19.03.2017 година во 13.00 часот во Ургентниот центар Скопје, на „КАРИЛ“ починало четиригодшното дете од с.Бачишта, кичевско. По наредба на Јавен обвинител над телото ќе се врши обдукција.

На 19.03.2017 година во 18.15 часот во ПО Ранковце, Г.Д. (59) од с.Петралица, кривопаланечко, пријавил дека на 14.03.2017 година во непознат правец се одалечила неговата сестра П.Д. (52) од с.Баратлија, кривопаланечко. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

На 19.03.2017 година во 11.15 часот во ЕИК Скопје, од поликлиниката „Ѓорче Петров“ пријавено е дека бил донесен Џ.Б. (70) од с.Сарај, скопско, кој бил повреден при сообраќајна незгода во с.Љубин, скопско. Џ.Б., како велосипедист, бил удрен од ПМВ „Фолксваген Голф“ со скопски регистарски ознаки, управуван од А.Ј. (33) од с.Бојане, скопско. Од незгодата Џ.Б. се задобил со тешки телесни повреди.

На 19.03.2017 година во 19.40 часот во Штип, на крстосницата од улиците „Крушевска Република“ и „5-ти Конгрес“ се случила сообраќајна незгода помеѓу непознато ПМВ, управувано од непознат возач и мотоцикл „Сузуки“ без регистарски ознаки, управуван од К.К. (23) од Штип. По незгодата возачот со патничкото возило го напуштил местото, а К.К. со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Клинички центар Штип, каде му се констатирани тешки телесни повреди. По укажаната медицинска помош истиот бил пренесен во Клинички центар Скопје на понатамошно лекување. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Штип.  Се преземаат мерки за пронаоѓање на патничкото возило и возачот кој го управувал.

СВР Тетово поднесе кривична пријава против лицата Т.Г. (26)  и Џ.Ј. (21), двајцата од од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “разбојништво“. На 16.02.2017 година околу 22.45 часот во спортска обложувалница лоцирана на ул. „Маршал Тито“ во Тетово, сопственост на А.Ф. од Скопје, пријавените влегле и со закана со пиштол од сефот одзеле парични средства во висина од 291.120 денари, по што побегнале од местото на настанот.

ПС Гостивар поднесе кривична пријава против Џ.И. (23) од с. Дебреше, гостиварско поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка кражба“ и против М.С. (41) од с.Неготино, гостиварско, вработен во менувачница, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „лажно пријавување“. На 17.02.2017 година околу 03.30 часот првопријавениот Џ.И. извршил кривично дело „тешка кражба“ во менувачница лоцирана на ул.„Браќа Гиноски“ во Гостивар, од каде противправно одзел 2.110  долари по што го напуштил местото на настанот. Наредниот ден кога второпријавениот М.С. дошол на работното место и забележал дека е извршена кражба во објектот, настанот го пријавил во ПС Гостивар каде, покрај одземените парични средства, лажно пријавил дека од објектот е одземен и сеф во кој имало околу 6540 евра.

СВР Скопје поднесе кривична пријава против Џ.А. (37) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“ за што од страна на Судија на претходна постапка одредени  му е мерка „Одземена патна исправа“, „Да не се доближува до 100 метри“, „Да не го напушта Скопје“ и „ Да се јавува двапати месечно во суд“.  На 12.03.2017 година околу 18.45 часот на ул. „376“ во Скопје,  додека во домот биле присутни сопственикот А.А. (52), неговата невенчана сопруга Х.Б. (50) и нивните две ќерки Х.А. (30) со нејзините две малолетни деца и С.А.(21) со нејзините три малолетни деца, влегол пријавениот во алкохолизирана состојба, држејки секира во раката,  и без повод и причина удирал со секирата по прозорците и вратата. А.А. се обидел да го задржи, но пријавениот веднаш му задал удар со секирата во пределот на главата.

НК за КР Делчево  поднесе кривична пријава  против С.А. (33) од Пехчево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекусори“. Пријавениот на 15.06.2016 година  околу 21.30 часот во градскиот парк во Пехчево за сума од 1400 денари на лицето Ш.М. од Делчево му продал опојна-дрога марихуана.  Подоцна Ш.М. заедно со  две лица од Делчево со такси возило се упатиле за Делчево кон манастирскиот комплекс  „Св.Богородица“ за да уживаат во набавената дрога. Околу 22.30 часот пристигнале полициски службеници кои извршиле преглед над наведените лица и кај  Ш.М. била пронајдена и одземена 0,88 грама  марихуана.

ПС Гевгелија поднесе кривичнa пријавa против И.М. (27) од Струга и против  Б.Р. од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено  кривично дело „неовластено  производство и пуштање во промет на наркотични дроги,  психотропни супстанци и прекурзори“. Првопријавениот на 10.07.2016 година околу 01.20 часот во атарот на с.Миравци, во непосредна близина на угостителски објект, од страна на полициски службеници е застанат пријавениот кој се превезувал како сопатник во ПМВ марка „Фолсваген Пасат“, а при прегледот на возилото на задната десна врата  е пронајдена и одземена 0,28 грама марихуана. Второпријавениот на 09.07.2016 година околу 22.15 часот  во атарот на с.Миравци, во непосредна близина на угостителски објект,  од страна на полициски службеници е застанат пријавениот кој се превезувал како сопатник во ПМВ  марка „Опел Астра“, а при преглед на возилото на седиштето од сопатничката страна  е пронајдена и одземена 0,29грама грама марихуана.