Извадок од дневните настани 19.03.2017

 На 18.03.2017 година околу 15,40 часот во Скопје на ул.„Лазо Трповски“ во обложувалница „Златна Копачка“ од страна на непознато лице вооружено со огнено оружје-пиштол било извршено разбојништво над вработениот при што биле одземени сума на пари од околу 100.000 денари. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот како и целосно расчистување на случајот.

 

На 18.03.2017 година во 23,00 часот во ПС-Македонски Брод, М.В. (58) од Македонски Брод, пријавил дека истиот ден во времето од 18,00 до 23,00 часот од страна на непознат сторител била извршена тешка кражба во неговата куќа, на тој начин што откако сторителот насилно ја отворил влезната врата извршил пребарување при што пронашол и одзел 10 златници во вредност од 5.000 евра, рачен часовник во вредност од 300 евра и 40 евра, по што го напуштил местото на настанот. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот како и целосно расчистување на кривичното дело.

 

На 18.03.2017 година околу 13,00 часот во Скопје на ул.„Кеј 13-ти Ноември“ за време на одржување на ненајавен собир од страна на група од околу 50 вработени и сопственици на локали во ГТЦ, а во врска со изведување градежни работи на наведената улица, дошло до меѓусебно недоразбирање помеѓу Ј.С. (50) и Ф.А.(35) и двајцата од Скопје кои го нарушиле ЈРМ со меѓусебна тепачка, разменувајќи си по неколку удари со тупаници во пределот на главата и телото. Се работи на целосно расчистување на случајот.

 

На 18.03.2017 година во 12,35 часот во СВР-Битола, пријавено е дека на ул.„Партизанска“ бил пронајден починат М.Ј. (68) од Битола, кој на 12.03.2017 година бил пријавен за исчезнат. По наредба на ЈО, над телото на починатиот е предадено за обдукција.

 

На 18.03.2017 година во 13,00 часот во ПС-Кисела Вода, Н.З. (46) од Скопје пријавил дека на 17.03.2017 година околу 18,00 часот од дома во непознат правец се оддалечила неговата 15 годишна малолетна ќерка. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

           

На 18.03.2017 година во времето од 12,00 до 19,30 часот во Охрид, Прилеп и Велес  во организација на граѓанска иницијатива „За заедничка Македонија“, се одржаа јавни собири. За време на собирите немало нарушување на ЈРМ.

 
 

На 18.03.2017 година од 15,40 до 17,20 часот на регионалниот пат Дебар–Маврово кај м.в.„Ѓини Гроб“ и обратно, поради изведување градежни работи на пат, сообраќајот  бил во прекин во двата правци.

 

Во врска со настан „Исчезнато лице“ даден во Билтен од 17/18.03.2017 година, на 18.03.2017 година во 11,00 часот во ПС-Струга, Ц.А. (27) од с.Октиси, пријавил дека неговиот татко А.Ц. (55), кој на 17.03.2017 година бил пријавен за исчезнат, се вратил во неговиот дом на 18.03.2017 година околу 08,00 часот.

 

На 18.03.2017 година во 22,43 часот во ЕИК-Скопје, В.Ѓ. пријавил дека додека седеле внатре во  штаб на ПП„ВМРО-ДПМНЕ“ на ул.„Цветан Димов“, од страна на малолетни лица со камења било извршено оштетување (скршено прозорско стакло). Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 18.03.2017 година во 18,45 часот во Тетово на бул.„В.С.-Бато“, случена е сообраќајна незгода помеѓу ПМВ„Ровер“ со тетовски регистерски ознаки управувано од Г.Н. (36) од Тетово, ПМВ„Форд Фокус“со тетовски регистерски ознаки управувано од М.О. (35) од с.Шипковица, и велосипед управуван од Е.М. (36) од Тетово. Во незгодата велосипедистот Е.М. се здобил со тешки телесни повреди, кој по укажаната лекарска помош во КЦ-Тетово, како итен случај бил префрлен во УЦ-Скопје. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР-Тетово и се работи на целосно расчистување на случајот.

 

СВР-Скопје постапувајќи по судска наредба го лиши од слобода лицето М.К.(29) од Скопје кој се барал за издржување на затворска казна во траење од шест години за сторено кривично дело „разбојништво“. Истиот е спроведен во КПУ„Идризово“.

Поради постоење основи на сомнение за сторени две казнени дела “повреда на права од работен однос“, полициската станица од Кичево поднесе кривична пријава против Н.Л. (37) од Кичево и против правниот субјект  ДПТПУ “Зоран Ѓорѓијевски Краљо“ увоз - извоз ДОО Кичево. Пријавениот, во својство на управител на правниот субјект, спротивно на членовите 13 и 121 од Закон за работни односи, на лицата З.Ѓ. и Г.М. двајцата од Кичево, им ги повредил правата за засновање на работен однос и вклучување во задолжително социјално осигурување. Пријавениот, на 13-ти декември 2015 година, го ангажирал З.Ѓ. а на 17 декември истата година и на 29 март 2016 година го ангажирал и Г.М. од Кичево на работно место такси возач но без да склучи договор за вработување. На тој начин, на вработените такси возачи во континуитет им биле повредувани правата за засновање на работен однос и вклучување во задолжително социјално осигурување.