Договори за возачки дозволи

 

Договори за возачки дозволи
 
Реципрочно признавање и замена на возачки дозволи
Врз основа на потпишан билатерален договор:

1.    Република Италија

2.    Кралство Шпанија

3.    Република Албанија

4.    Република Србија

5.    Црна Гора

6.    Босна и Херцеговина
 
 7. СР Германија
 
 


Согласно потпишаниот договор, на носители на македонска возачка дозвола кои престојуваат на територијата на горенаведените држави не им е потребна меѓународна возачка дозвола.
Носители на македонска возачка дозвола кои имаат регулирано постојан престој на територијата на горенаведените држави, на нивно барање може да им се изврши замена на возачката дозвола.
Врз основа на национално законодавство и Виенска конвенција за патен сообраќај (1968):
1.    Чешка Република (Ја признава националната возачка дозвола издадена од надлежен орган на Република Македонија и врши нејзина замена со Чешка возачка дозвола. Во Чешка Република на носители на македонска возачка дозвола кои престојуваат на нејзината територија не им е потребна меѓународна возачка дозвола).
2.    Република Бугарија (Ја признава македонската национална возачка дозвола и врши нејзина замена со бугарска возачка дозвола на лица со пријавен постојан престој во Република Бугарија. За секој друг вид престој на носителите на македонска возачка дозвола потребна им е меѓународна возачка дозвола.
3.    Република Хрватска (Ја признава националната возачка дозвола издадена од надлежен орган на Република Македонија и врши нејзина замена со хрватска возачка дозвола. Во Република Хрватска  носители на македонска возачка дозвола кои престојуваат на нејзината територија можат да управуваат моторно возило без меѓународна возачка дозвола до 1 година од датумот на влез во Република Хрватска).
4.    Република Словенија (Република Македонија и Република Словенија се договорни страни на Конвенцијата за копнен сообраќај склучена во Виена на 8 ноември 1968 година. Согласно член 41 Договорните Страни ги признаваат за валидни сите домашни возачки дозволи кои се во согласност со оваа Конвенција за возење на нивните територии на возило кое што спаѓа во категориите покриени со дозволата, под услов дозволата се уште да е валидна и да е издадена од друга Договорна Страна. Според Министерството за инфраструктура на Република Словенија, која е надлежен орган за возачи и возачки дозволи, нема потреба од дополнителен Договор за заемно признавање на возачките дозволи).
5.    Романија (Ја признава националната возачка дозвола издадена од надлежен орган на Република Македонија и врши нејзина замена со Романска возачка дозвола. Во Романија на носители на македонска возачка дозвола кои имаат регулирано постојан престој на нејзината територија не им е потребна меѓународна возачка дозвола).
6.    Унгарија (Ја признава националната возачка дозвола издадена од надлежен орган на Република Македонија и врши нејзина замена со Унгарска возачка дозвола. Во Унгарија на носители на македонска возачка дозвола кои имаат регулирано постојан престој на нејзината територија не им е потребна меѓународна возачка дозвола).
7.    Кралство Белгија (Ја признава националната возачка дозвола издадена од надлежен орган на Република Македонија и врши нејзина замена со Белгиска возачка дозвола. Во Белгија на носители на македонска возачка дозвола кои имаат регулирано постојан престој на нејзината територија не им е потребна меѓународна возачка дозвола).
8.    Република Австрија (само Б категорија) - (Ја признава националната возачка дозвола издадена од надлежен орган на Република Македонија и врши нејзина замена со Австриска возачка дозвола. Во Република Австрија на носители на македонска возачка дозвола кои имаат регулирано постојан престој на нејзината територија не им е потребна меѓународна возачка дозвола).

Билатерални договори во тек:

1.    Република Косово
2.    Република Турција
3.   Велика Британија


Врз основа на поднесена апликација за признавање на македонска национална возачка дозвола, во тек е постапка со Австралија и Нов Зеланд.

Грција - Не врши замена на странска возачка дозвола со грчка и за носителите на македонска возачка дозвола потребна им е меѓународна возачка дозвола.                   

На следниве земји им имаме испратено барање да се произнесат за реципрочно признавање на возачките дозволи согласно Виенската конвенција, постапката е во тек:


 
1.    Република Азербејџан       
2.    Кралство Шведска  
3.    Белорусија                                 
4.    Велика Британија                          
5.    Швајцарска Конфедерација
6.    Кралство Данска                            
7.    Ерменија                                            
8.    Естонија                                              
9.    Израел                                                  
10.    Казахстан                                          
11.    Канада
12.    Киргистан                                             
13.    Латвија                                                
14.    Литванија                                            
15.    Луксембург                                           
16.    Малта                                                    
17.    Молдова                                                
18.    Монако
19.    Кралство Норвешка
20.    Република Полска
21.    Португалија
22.    Руска Федерација
23.    Сан Марино
24.    Република Словачка
25.    Туркменистан
26.    Узбекистан
27.    Украина
28.    Финска
29.    Република Франција                                                                                                                     
30.    Кралство Холандија
 
 

Поврзани вести