Зголемена ефикаснасноста на МВР во откривање на делата од областа на организираниот криминал

 

 

Во изминатиот период  од 2014 година, регистриран позитивен тренд и зголемена на ефикасноста во откривачката функција на МВР на делата од областа на организиран криминал за 14%, а бројот на пријавени сторители е ист.

Приоритет во борбата на организираниот криминал како и во изминатите години беше ставен на откривање на организираните криминални активности како на поединци така и на криминални групи, при што ваквиот систематски пристап даде ефикасни резултати и овозможи да бидат откриени поголем број кривични дела од оваа област, како и сузбивање на повеќе криминални групи.

Имено, позитивниот тренд и постигнатата ефикасност е резултат на повеќето спроведени   акции на Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал кои се однесуваа на сузбивање на криминални групи инволвирани во повеќе криминални активности. Во овој период регистрирани се кривични дела во делот на илегалната миграција, трговија со луѓе, класичната корупција, перење пари, фалсификување пари и трговија со дрога на организиран начин.

  • Нагорен тренд во откривачката функција на кривични дела од сферата на организираниот криминал
  • Сузбиени се осум криминални групи
  • Најголем број криумчарени мигранти од Сирија
  • Зголемен бројот на фалсификувани банкноти
  • Зголемен е бројот на кривичните дела „злосторничко здружување“
  • Зголемен е бројот на кривичните дела “криумчарење мигранти“
  • Намален бројот на откриени случаи на перење пари
  • Откриен случај на трговија со луѓе

Со оглед дека во борбата против организираниот криминал, акцент беше ставен и на  прибирањето на сознанија и обезбедувањето на докази за сторени кривични дела, беа преземени интензивни  мерки и активности што  придонесе за зголемена ефикасност во откривачката функција на МВР. За одбележување е сузбивањето на осум криминални групи[1]  со  76 лица - членови (тројца албански, еден пакистански, еден бугарски, а останатите македонски државјани). Шест од криминалните групи беа откриени во првото тримесечије, додека две групи се откриени во април и јуни.

Имено, од вкупниот број на криминални групи, Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал  сузби  седум,  а кривично пријави 71  лице,  додека една криминална група е сузбиена од СВР Куманово а пријавени се пет лица.

Помеѓу членовите на групите се јавуваат и седум царински работници од кои тројца се организатори на криминална група и двајца полициски службеници кои учестувале и помагале во вршење на криминалните активности во рамките на групите. 

Криминалните групи биле инволвирани во следните криминални активности:

  • Криумчарење на  трговска стока од Грција и Бугарија во Македонија;
  • Криумчарење на жив добиток од Р.Македонија во Р.Албанија;
  • Криумчарење на мигранти од Грција во Македонија кон Србија;
  • Ископување на предмети со културно-историска и археолошка вредност на територијата на Македонија;
  • Склучување на фиктивни договори за купопродажба на недвижен имот користејќи  закани и уцени, давање на  заем парични средства со високи камати и вршење на транспорт и продавање на хероин во Швајцарија,
  • Злоупотреба на тендерска постапка за набавка на возила,
  • Криумчарење цигари од Р Македонија во Р Бугарија и
  • прибавување на банкарски податоци од вистински платежни картички, изработувале лажни веб страни, а потоа со украдените банкарски податоци, преку ВЕБ страната префрлале пари на нивно име.   

 

КРИМИНАЛНИ ГРУПИ ВО ПРВО ПОЛУГОДИЕ  2014 година 

 

Криумч.
 трговска стока

лихварство и 
изнуди

Кримч.
 жив добиток

ископ на културни вредности

Криумч. мигранти

злоупотреба на јавни набавки

Криумч. цигари

Изработка на лажни веб страни

група 

1

1

1

1

1

1

1

1

членови 

14

13

10

8

6

5

7

10

 

Кај седум криминални групи (шест откриени од ОСОСК и една од СВР Куманово) утврдено е кривичното дело „злосторничко здружување , односно 65 сторители се пријавени за 10 вакви дела. (шест дела)

Намалена ефикасност во откривањето на случаи на перење пари, односно откриени се две кривични дела за кои кривично се пријавени 14 сторители (во споредбениот период откриени се 11 кривични дела). Случаите се релизирани во првите три месеци од годината од  страна на Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал.

Во едниот случај, членови на организирана криминална група,  со закани и уцени  склучувале фиктивни договори за купопродажба на недвижен имот, давале на заем парични средства со високи камати, вршеле транспорт и продавање на хероин, а стекнатите парични средства во износ од 227.550.000 денари,  ги пуштале во легален платен промет користејќи ги сопствените фирми, банкарски сметки, услуги за друг трансфер за пари, а дел од стекнатите средства ги користеле за стекнување недвижен имот во Република Косово.

Во другиот случај,  лице од Свети Николе незаконски организирал игри на среќа а стекнатите паричните средства од прометот во износ од 3.217.307 денари ги уплаќал лично на негови сметки или на сметка на некој од неговите вработени, притоа уплаќајчи парични средства за закуп на спортска обложувалница, како и парични средства кои ги префрлал како позајмица на неговата фирма.

Откривањето на кривичните дела од илегалната миграција е во пораст за 20%, а според анализираните случаи нашата држава воглавно е транзит земја, каде поминуваат мигрантите, нивната рутата на движење е: илегално ја преминуваат грчко-македонската граница, а потоа во гевгелискиот регион со возила сторителите се упатуваат кон Скопје и Куманово, од каде илегално заминуваат преку српската граница кон западно-европските земји. Само во еден случај, криумчарена е албанска државјанка за да работи во угостителски објект во Тетово.

 

 

Прво полугодие 2014 г

Прво полугодие 2013г

дела

сторители

дела

сторители

криумчарење мигранти

30

46

25

58

злоупотреба на безвизен режим

5

9

4

5

организирање група

10

20

3

17

вкупно

45

75

32

80

 

Во повеќето случаи, мигрантите се затекнати во возилата на транспортерите на патните правци од Гевегелија, Градско, Демир Капија, Гевгелија-с.Богородица, Валандово, Струмица, Велес, Градско, Неготино  кон Скопје и Куманово. Во еден случај мигрантите се откриени на граничен премин при конторла на товарно возило, а биле сокриени во  специјално направен простор во возилото.

Прокриумчарени се вкупно 203 мигранти (по потекло од Сирија-80, Авганистан-63, Сомалија-25, Еритреја-19, Коморе-четири, Бангладеш-3, Палестина и Брегот на Слонова коска по двајца, и по еден од Конго, Албанија, Пакистан, Гамбија и Египет). Во првото полугодие од 2013 година се криумчарени вкупно 204 мигранти.

 

Инаку, во овој период од страна на Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал откриена е шест члена криминална група (еден од членовите е од Пакистан кој престојувал во Центарот за азиланти во Скопје, а еден е полициски службеник). Членовите на групата организирале прифаќање на мигранти од Грција а потоа ги транспортирале до Скопје и Куманово со цел понатамошно криумчарење кон Р.Србија   

Случаите на криумчарење мигранти се реализирани од: Регионален Центар Југ-19 случаи, Регионален Север-седум случаи, од Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал-шест случаи и еден случај од СВР Штип, а помеѓу сторителите освен македонски државјани пријавен и еден државјанин на Палестина, еден на Грција и еден на Пакистан-кој престојувал во Центарот за азиланти.

Откриениот број на случаи на злоупотреба на безвизен режим е на исто рамниште, односнооткриени се пет дела, а пријавени осум македонски државјани и еден е бугарски државјанин, кои со патнички возила за паричен износ од 300 до 1.000 евра им организирале транспорт на 22 лица (две семејства) наши државјани-потенцијални баратели на азил чија крајна дестинација била Германија. Излез од државата остварувале преку ГП Блаце, ГП Табановце и ГП Стење.

Два од случаите се реализирани од Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал-два, и по еден случај од Регионалните Центри Запад и Север. (во прво полугодие 2013 година откриени се четири дела).

 

Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал кривично пријави 23-годишно лице од Скопје заради извршено кривично дело „трговија со луѓе“ . Имено, пријавениот кој бил во љубовна врска со романска државјанка, во февруари оваа година со лажно ветување за брак ја донел во Македонија и ја сместил во неговата семејна куќа по што и ги одзел документите. Во наредниот период, истиот физички ја малтретирал заканувајќи и се по нејзиниот и животот на нејзините блиски, а била присилувана и на сексуални односи.

Во прво полугодие од 2013 година не се откриени вакви дела.

 

Состојбите во делот на класичната корупција се идентични  како и минатата година. Поткуп примале и посредувале лица вработени во државни институции и лица кои имале одредени овластувања за да извршат незаконски дејствија, додека поткуп давале физички лица кај кои се утврдени одредени неправилности од страна на службени лица за да не се преземат санкции против нив. 

 

Прво полугодие 2014 г

Прво полугодие 2013г

дела

сторители

дела

сторители

Примање поткуп

6

10

6

6

Давање поткуп

6

6

4

4

Противзаконито влијание

2

2

5

13

вкупно

14

18

15

23

 

Делата примање поткуп се реализирани од СВР Скопје-две и по едно дело од ОСОСК, ПС Кочани, ПС Гостивар и СВКПС. Пријавени се началник на Одделение и тројца инспектори во МВР, двајца шумски полицајци, претседател на здружение на граѓани, референт, помлад соработник во Одделение за катастар и доктор кои побарале и зеле поткуп 100 евра, 24.500 денари, 400 евра и 1.000 денари за да непреземат законски мерки во рамките на нивните овластувања. (тројца од вработените во МВР зеле поткуп во висина од 2.000 евра за да не поднесат кривична пријава, а еден зел 1.000 денари за да не напише казна за наводно сторен прекршок, потоа шумски полицајци зеле 100 евра за да не преземат законски мерки поради нелегална сеча, претседател на здружение на граѓани зел 24.500 денари за да не исклучи лице од проект, референт и  помлад соработник примиле поткуп од 400 евра за да незаконски извршат упис на објекти и доктор побарал 100 евра за да издаде потврда за задобиени повреди). 

Делата давање поткуп се реализирани од СВР Скопје-три,  СВР Струмица – две и едно дело од ОСОСК. Во четири случаи понуден е поткуп на сообраќајни полициски службеници во износ од 50 евра, 500 денари, 300 денари и 200 денари поради констатирани сообраќајни прекршоци (управување на возило под дејство на алкохол, нерегистрирано патничко возило и мотоцикл и управување на возило без сигурносен појас). Во еден случај поткуп е понуден на  полициски службеник на пасошка контрола во износ од 10 евра немање штембил за влез во Р Македонија и во еден случај поткуп е понуден на полициски службеник во износ од 5.000 евра, отккао било утврдено дека лицето поседува нелегален пиштол. 

Противзаконито влијаеле вработен во Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, кој побарал 200 евра од оштетеното лице за да му посредува во Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството да добие субвенции за купување на земјоделска механизација и сопственик на приватна здравствена установа, кој во својство на доктор офталмолог, при медицински преглед  дијагностицирал болест кај пациент и му побарал износ од 2000 евра, за  да му посредува за добивање на инвладиска пензија. Делата се реализирани од Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, а сторител

Периодов откриени се 32 случаи на злоупотреба на службена положба и овластување сокоруптивни елементи, а пријавени се 55 лица од кои 11 полициски службеници, осум царински службеници, 12 директори, тројца членови на комисија, двајца поранешни градоначалници и други одговорни и службени лица. Материјалната штета причинета со овие случаи се проценува на околу 256 милиони денари.

Од ове случаи, 13 случа и се однесуваат на корупција од висок профил, а пријавени се 24 лица вработени во јавни претпријатија и други државни институции кои злоупотребувајќи ги своите овластување во работењето вршеле разни инкриминации (злоупотреба на тендерска постпка, склучување штетни договори,  злоупотреба на субвенции и сл.)

Зголемен е бројот на регистрирани кривични дела „фалсификување пари“[2] за 30%, а ефикасноста на расветлување изнесува 36%, (во споредбениот период постигната ефикасност од 42).

 

фалсификување пари

 

дела

сторители

нерасветлени

СВР Штип

15

17

3

СВР Битола

5

1

4

СВР Скопје

14

5

9

СВР Тетово

3

1

2

СВР Куманово

5

6

1

СВР Охрид

6

1

5

СВР Струмица

6

8

1

СВР Велес

1

 

1

вкупно

55

39

26

 

Кривично се пријавени 39 сторители кои пуштиле во оптек вкупно 84 фалсификувани банкноти од кои 46 банкноти е фалсификуван денарот (во апоен од 1.000 денари-22 банкноти, 100 денари-15 банкноти и 500 денари-две банкноти) и 38 банкноти се странски валути (22 банкноти во апоен од по 100 евра,  10 банкноти во апоен од 200 евра, две банкноти во апоен од 200 евра, и по една банкнота во апоен од 20 евра, 10 евра, пет евра и 100 американски долари).

ФАЛСИФИКУВАНИ БАНКНОТИ

 

Прво полугодие 2014 г 

Прво полугодие 2013 г

фалсификуван денар

46

35

фалсификувани евра

38

29

ВКУПНО

84

64

 

 

 

 

 

Фалсификуваните банкноти се пуштени во продавници при купување на разни производи, потоа во угостителски објекти, бензински пумпи, банки, менувачници, казино и други услуги. 

Од страна на Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал реализирани се  и седум  дела недозволена трговија со дрога на организиран начин а пријавени се 35 сторители кои  вршеле продажба на наркотична дрога.

Овој период Одделот документира и 11 дела од Законот за приредување игри на среќа, врз основа на извршените заеднички контроли со Управата за јавни приходи во февруари 2014 година.

 


[1] Во првото полугодие  од 2013 година откриени се 10 криминални групи-105 члена

[2] Во првото тполугодие 2013 регистрирани се 42 дела, пријавени 32 сторители 

Поврзани вести